Три дена настрана од Македонија, три дена во Белград. За неколку дена набрзина се организирав, зедов автобуска карта, најдов кул хостел на убаво место, се јавив на другарот што живее таму дека доаѓам и го фатив патот.
Три дена одмор на мозокот. Шетање, запознавање нови места и нови луѓе, уживање, и секако многу пиво. Па дури стигнав непланирано и една театарска претстава да изгледам. Некогаш кога работите ќе се случат спонтано и неисфорсирано ќе испадне стварно убаво.