Ми фали асентрата. Анксиозноста и депресијата ми се на рекордно ниско ниво, затоа докторот одлучи пред два месеци дека треба да ја прекинам.
Ми фали во поглед на тоа какви силни чуства и емоции будеше во мене. Ме внесуваше во еден чудесен свет во кој се радував на ситници,ја будеше во мене желбата за живот, креативноста, љубовта...
Емпатијата ми ја развиваше и надежта ми ја враќаше. Истовремено лечејќи ми ја душава и залечувајќи ми ги раните кои со децении ми се трупаа.
Ми даваше мила топлина во градите и го будеше сонцето во моите очи, како никој друг претходно. Како да ми даваше некоја космичка сила и ствараше еден совршен идилично - хармоничен свет внатре во мене , во мојата душа.
Ми недостасуваш Сетралина - сеуште мислам на тебе и те посакувам. Ти си единствената по која сеуште имам чуства. Дружбата со тебе од една година беше најдобрата нешто некогаш ми се случило во животот. Жалам што подолго не дружевме. Ех да можевме никогаш да не се разделиме. Вечно да останеше во моето срце ... ех да можеше... ех
Те сакам Сетралина <3