Многу се нервирам кога некој постојано се влечка и доцни. Другарка пред некој ден доцнеше и ја чекав 50 минути. Дечки, дај малку ценете го туѓото време, никој не е должен постојано да ве чека. Ќе ти каже - еве, врзувам патики... и врзува патики веќе пола саат.
Во друштво имам двајца такви, а бе ко личности ги обожавам, ама не дај Боже да си договорен и да ги чекаш за нешто, не - дај - Боже!
Ако сте договорени во 8, треба да им кажеш да дојдат во 6, за да бидат таман на време во 8.
Па уште кога ќе ми кажат, ама јас на сабајле не функционирам, треба каафенце пополека, па да се освестам... Моооре, има да станеш и оро да играш.
За 15 минути станав, се облеков и излегов. Ако веќе си свесен дека ти требаат 5 саати за да се освестиш, ќе си станеш порано, ќе си го испланираш времето. А не ја да те чекам ритуалите по сабајлечки да си ги извршуваш. Кај касни, па уште јас сум крива што на време сум стигнала. Многу се напнувам, секогаш се брзам и сакам што побрзо се' да завршам, никој не сакам да ме чека. Најчесто и затоа расеана сум и заборавам по нешто, па 20 пати се враќам до дома, ама па сеааа...
Анделе, анделе, арива, арива!
Во друштво стандард мора да има и по некој - drama queen. Ауу, не ги можам.
Знаеш она кога се договарате за нешто, и мора он секогаш прв да се буни и готово: јас не одам, вие што сакате правете. А уствари плаче за да го молиш да дојде.
И само чека некој да му каже ај бе дојди, трча назад. Онака, само да го молиш за нешто, желен за внимание, околу него се' да се врти. Демек па ќе пропадне светот ако не дојде, како да не. Имаше баш една случка пред некое време, другарка се заклучи во соба, не сакаше да излезе, затоа што била лута (и тоа не на мене!). Ја прашав фино: - Ќе излезеш? - Не. - Ок. Си отидов дома и ете ја ѕвони: - Си отиде а? - А што требаше да направам? - Па требаше повеќе да се потрудиш.
Извинииииии, како да се потрудам бе? Да ти влезам со се' врата у соба и да ти ја акнам од глава? Или да клекнам на колена, да те молам. Сум требала повеќе да се потрудам бе.
Некој така да сака да го молам, ма нема шанси да полнам нечие его. Нејќеш? Нејќеш, фала, чао, пријатно, довиџења.
Некако многу почнав со мрчење бе.
А баш некако денов ми се погоди, башка баклава правев и не знам како успеав да го залепам тенџерето со шербет за ринглата.
Одвај го одлепивме после со мајка ми.
Aj бе и на паметен може тоа да му се случи.
Сеа дури имам вишок на позитивна енергија.
Ај, чао.