Кајг,
знаеш дека уште има по маркетите свежо грозје, а скоро Нова Година, ама колку е тоа природно или ГМО резултат е доволно истото да се проба, но друго ми беше поентава,
...забележав во еден од маркетите на Кам конкретно во самата гајбата со грозје секогаш покрај гроздовите од грозје има многу расфрлени рефуз зрна од самото грозје и секогаш поминувајќи покрај тоа, ми паѓаше онака во мојот видик, не можев да си дадам одговор „зошто е така“, све до пред некој ден кога го добива одговорот „ затоа е така“.
...онака меѓу рафтовите на Кам маркет застанав мислејќи нешто друго, ама окото ми отиде на тоа мое „омилено место“ каде секогаш го имав прашањето „зошто“ зрна од грозје расфрлени, таму видов купувач како ептен доближен до самото грозје, гледајќи лево десно мноооогу внимателно, небаре ќе опљачка банка, одбра еден грозд го доближи до себе подоле во самата гајба и почна да ги трга зрната грозје кои не му одговараат, со еден збор го требеше гроздот оставајќи само големи зрна на него!
Го посматрав од позадина и не ми се веруваше на тоа што гледам, откако го исчисти гроздот од непосакуваните зрна си го стави во најлон грозјето и отиде на каса да си го наплати, ете ми го одговорот од каде тие рефус исфрлени зрна од грозје во гајбата!