Драга Кајгана (виртуелен дневник)

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.429
Поени од реакции
25.330
Дк.

Го постигнав тоа што го сакав. Работев на филм. За првпат одблиску видов и запознав речиси се во врска со филмот, од подготовки па се до последната клапа. Се чувствувам како дете на кое му се открива трикот од големиот магионичар кој изгледа толку волшебно кога не знаеш како го прави тоа. Поминав низ сите сектори, камера, режија, светло, продукција, звук, научив многу и нешто повеќе.
„Заебан“ е животот на филм, работиш по 12-14 часа дневно, секој ден. Но добрата страна е што секој ден е различен, еден ден снимаш во планинско село во близина на Маврово на 6 степени, а веќе следниот ден снимаш пред Триумфална порта на 36 степени. Посетив, видов и работев на многу места, добри (планини, села, езера) и гадни (фабрики), но сите визуелно прекрасни.
Откако сум дома на телевизија фаќам некој филм, ама или му ги бројам кадрите или размислувам што треба за да се сними сцената и се откажувам, уште ми е свежо работењето, пуштам фудбал и се релаксирам. Многу е поинаку на другата страна и мило ми е што ја видов.
А филмот мислам дека ќе биде добар, според сценариото и она што го снимивме, не знам дали пристрасно, ама досега сме немале ваков македонски филм. Се работи за еден мајмун, и е бајаги голем проект. Се надевам дека пак ќе доживеам нешто вакво.

А животот, не знам. После 2 ипол месеци отсутност од се околу мене, гледам да надополнам или да го пребројам изгубеното, треба повторно да научам каде стојат работите, каде е четката за заби, перницата на баба ми, фиоката со лажици, чорапите, и најпосле каде стојам јас. А тоа е толку меланхолично, како голо тело кое се буди под бели чаршафи, со лице на кое се забележува лековерноста со која продавачот на зеленчук става плодови на вагата која секогаш кажува повеќе и мирисот на сопствената кожа после дожд.
 
D

Daedalus

Гостин
Луѓето не се ништо друго освен плитки хипокрити, раководени од своите основни инстинкти и емоции кои се пресудни за тоа какви ќе бидат нивните одлуки. Моралните вредности во пракса, повеќе се одраз на емотивните пориви отколку на некоја конзистентна етичка школа.

Емотивните пориви се најчесто себични и немаат благе везе со никаков алтруизам, чест и возвишеност. Луѓето се програмирамирани да реагираат бурно кога ќе видат повредување и убивање на деца, стари луѓе или мали кученца, ама не емпатизираат толку со возрасни машки лица кои се соочени со истата бизарна судбина без разлика на тоа што тие можеби биле комплетно немоќни за да се одбранат бидејќи не станува збор за емпатизирање со вистински немоќни луѓе како некоја продлабочена размисла, туку обична визуелна плитка, емотивна реакција која доаѓа инстинктивно и се вклучува на слика од нешто што е минијатурно и трепка невино.
Можеме тоа да го тестираме. Ќе пуштам слики на 100 луѓе од 10 невини машки возрасни цивили кои се убиени во некое од кризниве подрачја, а потоа ќе ја следам нивната емотивна реакција.
Потоа истото ќе го направам со 10 деца, на други 100 луѓе и ќе ја следам нивната емотивна реакција. Иако и двете групи заслужуваат да живеат подеднакво според сите стандарди за човековите права, биле подеднакво беспомошни и актот на нивно убивање е подеднакво монструозен во двата случаја, втората група ќе реагира многу побурно и со поголемо осудување.

На суд во просек, силувачи коишто се физички привлечни, добиваат многу помала казна за истото злосторство во исти услови од силувачи коишто се ружни, со што вториве повеќе се третирани како монструми, а за првите се наоѓа оправдување во стилот на „пијан беше, не знаеше што прави, видете го, он е убав и дупи нон стоп, не е некој перверзен мањо“.
Луѓето кога добиваат моќ, се однесуваат како шупаци скоро без исклучок дури и кон луѓето кон кои имале почит кога немале моќ. Кога луѓето се третирани како инфериорни, ако не победат во борбата на мерење на пениси и не се воспостават како доминантни, автоматски се однесуваат инфериорно и со почит или стравопочит кон тој што ги третира така. Кога луѓето се третирани како супериорни, автоматски го потценуваат тој што ги третира така.
Луѓето се борат за работи кои може да ги проектираат на своја кожа ама не ги боли кур за работи за кои не се плашат дека можеби ќе им се случат на нив. Црнци се нежни околу расната дискриминација, хомосексуалци околу сексуалната и така натаму.

Луѓето се гнасни гомна и единствен начин за постигнување на успех во светот не е коректност, праведност и почит, туку чиста доминација и моќ над останатите.
Сите тие брборења за праведност, во реалноста се само тоа, брборења, а луѓето се мајмуни со малце поголема процесирачка моќ.
 
Член од
23 август 2013
Мислења
296
Поени од реакции
640
Драа, не сум од оние честитачи од обавеза, па само ради нотификација роботски да исчукам „Среќен (инсерт празник хир), се најубаво.“
За оние за кои ми се блиски ќе се помачам да биде честитката персонализирана до мера да се знае дека е само за таа личност и да има бар две просто-проширени реченици.
И после го имаш моментот, ти одговараат со тенќу стикер.
И шо да им напраам сега, м? :mad:

Tуку друга работа. Се прејадов, се тромосав. Тешко ми е.
 
Последно уредено:

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Драга Кајгана,
За човек кој се двоуми помеѓу две исти работи и за човек кој животот го става на прво место и ги сфаќа неговите убавини, донесувањето на некои животни одлуки претставува најголемото измачување.
:unsure:
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.390
Поени од реакции
3.418
Драга, енергијата си ја трошев околу личности што можеби никогаш повеќе нема да ги видам во својот живот.Упорно се обидував моето вистинско јас да го покажам во тие минути на разговор, како божем другите се искрени, па на светот му преостанува уште јас да бидам таква и се да биде совршено...само ти сонувај си

И уште нешто, што е смислата да пуштиш понуда за пријателство па после некое време да ја бришеш, случајно да не си очекувал дека ќе си ги споите животите преку мрежата па не излегло така..
dude it's just network
 
B

beaverknight

Гостин
Dear IceFraud,

Please nerf Mirana's starfall with scepter.
Да те мавне тоа четири пати и не е толку забавно.
Oh wait... грешна тема, oh well...
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.324
Поени од реакции
17.789
Да не се фалам, ама како знам да вртам сајла... :ROFLMAO: И ја па смотана, програмер ќе сум била, а бе врти таму тоа сајлата и не прашуј многу. :ROFLMAO: Башка бицепс, трицепс, воа-ноа, не е заебанција... :P

Што им е на луѓево, бе? Сите нешто нервозни, на сите им фали по некоја овца, на лева нога станати. o_O Ај бе стишете таму со тоа негативната енергија, еее. :D Што ќе постигнат со тоа, стварно не знам. Не дека сум цвеќе за мирисање, далеку од тоа, ама ако вие сте вечно нерасположени, не мора и другите да трпат ради вас. (n) Мислиш на нагазна мина си стапнал, ко темпирана бомба се, чепни ги и партали летаат. И ја па смотана, пробувам да ги опраам, да ги расположам, а бе сееееди си мирна таму. :D Демек некој па фала ќе ти каже. Гледај си своја работа, уживај си. :coffee:
Ама па затоа на таа особа што се однесува убаво со тебе, како да не ѝ вратиш со трипати поубаво? :noze: Како? :X3:

Стварно немам среќа со полначиве за лаптоп, еј. :ROFLMAO: Другарка има една година постар лаптоп, уште ѝ е првиот полнач, а мене овој ми е четврти. И пак не работи. Ја стварно не знам кој му е проблемот. :D У ствари знам, расипан е. :X3: Од сите четири склопив еден, ко Франкенштајн се осетив. Сеа вака ќе гура некое време, ама до кога ќе видиме. Но, секогаш постои начин, не? :D Ај бе уживај. :D

Ај, чао. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom