Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.307
Поени од реакции
16.386
И гратис добијаш стомачен вирус у Албанија, црева да истуриш.
Абе еднаш и никад више таму.
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
1.744
Поени од реакции
4.420
Албанија макс до Драч за траект или транзит према Црна Гора. Им ја оставам на ентузијастите слободно нека одат и нека зборат дека тие што не идат се глупи пошто незнаеле што пропуштаат итн. Нека фала, ќе пропуштам не е проблем.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.484
Поени од реакции
58.764
Dear K,

Целиот интернет е преплавен со Hawk Tuah девојката. Господ здравје да и даде, го обедини човештвото деновиве со една мала изјава, ги потопи и прајд монт и изборите во САД и војните во Газа и Украина и Европското во фудбал. Светот и должи многу.

Go Hawk Tuah Girl!
 

YuZe

Fortune favors the Brave
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.269
Поени од реакции
1.091
Драга К,

Едвај чекам да се мавни овај дементно неписмен в гашти кењатор sorry excuse for a moron хозефина забахјденс.
 

Византиецот

NO! you ass.
Член од
14 март 2021
Мислења
2.673
Поени од реакции
6.153
Лето е, место да одам да се капам во Рајна и да покажувам божествена убавина, да радувам луѓе со моја сребрена бицепс појава, ја би само да си седам по дома и да си гледам Стерлинг по втор пат. Од ко ја догледав има поминато некој месец, можам пак, а? А?
Damn it I HAD SOMETHING FOR THIS!! Mother, mother MoThERRR. lana. Lana. Lana. LANAAAA.
Phrasing.
Најјаки им беа епизодите во кој беа инволвирани Швајцарци и/или се десија во ресортите и казината на Хелветика.




Ла Фамилја ен Монако хаха

 
Последно уредено:
Член од
23 август 2010
Мислења
38.595
Поени од реакции
110.212
Јас вака како ненормален и ретардиран што не отидов у Грција викендов, одлучив да прошетам низ нашава мила Македонија (Северна де). Бев до мојот роден град Паланка, сакав да ги прошетам моите кумови малце кои немаат никогаш отидено, бевме до манастирот кој за мене лично (пристрасен сум секако) е еден од најубавите манастири во светот, си бевме во кафана после тоа и све беше топ. Друго ми е муабетот, утредента се мислевме што да праиме и паднавме на идеја да појдеме до Кратово, и така никогаш не сме биле. Ја до душа знам каков град е Кратово, ко помал сум бил али низ магла се сеќавам и знам дека е класика гратче од Источна Македонија, мало, депресивно, карпесто и без луѓе. Од тоа што имам читано и учено знаев за кулите во градот, за тоа дека порано имало голем вулкан на истото место и дека се околу и под земја е карпа ради вулканската активност, ама искрено не сум знаел многу работи кои сега ги дознав и сфаќам дека ние македонците сме едни огромни дудуци и тиквари кои немаме поима од животот и не си ја сакаме доволно државата, а под сакање не мислам на скандирање никогаш северна и такви глупоштии, него на вакви работи ко погоре што спомнав.

Бевме во една од кулите бидејќи само таа работеше во сабота, имаше и кустос кој убаво ни објасни се за кулата и останатите кули кои биле 13 на број, па со сите војни што поминале останале само 6. Фасцинантни за мене беа тунелите, кој бил знае, не дека ќе видиш којзнае што, влагаш преку тоа кафанчето и идеш во еден тунел, ама приказната околу тунелите и како настанале е баш фасцинантна. Целиот град бил поврзан со тунели, значи како што го гледаме од надвор градот така бил и под земја, и од секоја кула имало пристап преку тунелите до некој од излезите од градот, што за тоа време кога немало механизација и се работело све рачно ти да изградиш подземна мрежа која не служела само за движење на луѓето туку и за ковање и изработка на златници (исто се шпекулира дека првите златници тука се произведувале), а и за криење од непријателот е стварно импресивно.

Мислам дека пишав и лани, одлучивме вака во викенди бар еднаш месечно или еднаш у два месеци да си посетуваме некое место во Македонија кое го немаме посетено, зашо преку кур од дремење на кафе во истите кафичи во Скопје и терање на безвезни муабети. Следна на пик ми е Струмица, сум бил во градот ама сакам да појдам на водопадите и сакам да видам дел од убавините во тој дел на Македонија.

П.с. Паланка моментално е еден од најсредените градови во земјава, запрепастен сум колку е сменет во однос на порано. Кејот е 30393934324324 пати посреден од оној во Скопје, делот околу плоштадот, апсолутно секоја чест.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.607
Поени од реакции
16.593
Драга

Секогаш гледам што повеќе да дознам историски податоци за Македонија и посебно за градовите и околината и секако добрите места кои треба да се посетат, за да им предложам на странците и тие да ги посетат, бидејќи нашата драга земја е многу богата, кога ова е во прашање.

За Кратово, мора да додадам дека имаат и прекрасен олимписки базен, кој не знам дали работи, а порано ние знаевме да отидеме таму, не само бидејќи беше ефтино, туку и затоа што дури и за викенд не беше полн, за разлика од Аква паркот во Пробиштип.

За Крива Паланка бев пред година и пол и уште од тогаш градот беше среден и знам многу луѓе од таму кои ги фалат челните луѓе на градот дека го средуваат.

Воглавно во Источна Македонија, освен во Делчево, и во митското Пехчево не сум бил, само морам да дознаам преку @парва дали постои.

П. С. Ако државава е срање, земјата ни е најубава на Планетата.
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.649
Поени од реакции
20.687
Земња е рамна > Пехчево постои.

Иако ја случајно запозна едну која тфрдеше дека е од Пехчево, ама беше чудна и имаше сорос рептилоидну фацу.
Такој да л'жеф не масони,Пехчево е измислено само за играње брзу географију,за да лапаш повише поени,зшто Прилеп е клише.
 
Последно уредено:
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.022
А кога сме веќе кај Паланка :D

Screenshot_20240625-021516_Gallery.jpg


Сите што сум ги запознал од тој дел на Македонија се баш кул луѓе и баш искрени деца со душа, колку и да ги бие глас дека се најлоши оти се Шопи и не знам што дека се недомаќини и пијаници. Во Делчево имаш секој викенд топ журки и забави(океј претежно турбо фолк ама дупка полно е местото и не се дреме за разлика од поголемите градови) тие двата кафича им се кога и да отидам секогаш фул со луѓе. А и да, Пехчево постои ама во Инглоштад и Штип :D

Верниот исток не се дава сеуште, се надевам дека што повеќе ќе се развива со следната влада и нема да е заборавен.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom