Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
13 април 2021
Мислења
3.268
Поени од реакции
10.959
Не можам да поднесувам екстремно високи температури. А такви температури во комбинација со женски проблеми и мигрена ми се смрт. Од дома не излегувам, прозор не отварам, прежешко е и не се дише. Да живее клима уредот и лимонадата на мајка ми.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.609
Поени од реакции
16.596
Драга,

Не знам од каде да почнам, па ајде од онаа најголема болест на денешницата, а тоа е да го ставаш работното време и работата испред себе, да црнциш како да си во деветнаести век на плантажите за памук во Америка, а не како да си во „модерно“ доба. За жал тоа е цената на капитализмот.

Друга работа во постов, човекот ПОТЕНЦИРА дека работното време треба да биде пред слободното време. Не дај Боже да планираш активности после работното време, пошто нели работата е битна, таа е извор на приходи, а и не дај Боже да питаш колку ке ти се приходите, пошто имаше персона која кажа дека треба да се работи година дена без приходи, само да се добие искуство.

Трета работа, повеќе се вреднуваш себеси, него своето знаење и искуство. Па нели е тоа поврзано заеднички?

Четврто конкретно користење на нови термини „хајруеш“ итд. Знам дека јазикот е жива материја и се менува, ама ми се кења од овие глупи термини. Звучат крајно дебилно. И за крај ке го коментирам дибеков и сите слични на него, кои не работеле потешки работи да видат како е, туку биднале „некое мудо“, па се обраќаат со ваков став. Се надевам се помалку амеби ке се појавуваат како овој.

govnar.jpg
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.022
НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 13 ЈУНИ 1943 ГОДИНА, УБИЕН Е КОСТА СОЛЕВ РАЦИН

ТАТУНЧО
На Бана

Не ме колни, не ме жали!
Не ми нижи низа клетви!
Камен тежок живот ми е
а по тежок одзив пусти
по народни думи свети!

Ако куќа не направив
со високи шимпир порти,
куќа цел свет братски ми е
братски срце што отвора,
срце – порта највисока,
срце – куќа најширока.

Ако жена не донесов
ѓул-трендафил во одаја
верна, добра млада љуба –
не ме к'лни, не ме жали;
во борбата другарката
с'лнце сјае, с'лнце трепти!

Ако млади си години
по друмишта, по патишта
в младост горка распосејав –
погледни ми право в очи:
ти ли беше што пееше
„Ајдутин мајка не рани...“

И ако не умрам дома
туку кај што стии пиштат
в борба искри кај што л'штат
блазе, речи на душата –
има зошто душа да е!


Вечна ти слава Рацин, борбата продолжува и духот твој за слобода и правда засекогаш ќе остане во нас.
 
Член од
10 мај 2022
Мислења
485
Поени од реакции
1.630
Дк,

Мелев две амазонки на плажа во Мајами,останувам на Флорида уште еден месец.Нека ми одобрат босовите да не ги именувам да ставам слики да видите Тафта како гази и како ја преставува Македонија.

Добра ноќ идам на спиење
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.649
Поени од реакции
20.689
Драа

Апропо црвениот поет.
Ја и Столе Валенсиенски смо училе у ОУ Кочо Рацин.Мислу дека е најубава школа у Македонију,сс најголем двор и уникатну архитектуру.Разглеајте гу на гугл р'т или гугл имејџ.Јапански проект од осм'дести.
Тато одамна има напишано убаву песничку за Рацина "За борецот со перо".(За на сестру ми дете у школу хаха)
Читај Драа(иако задња строфа е чисто клише хаха).
Вечна ти слава голем човеку!

IMG-d1578d1e56afb5ec35959f6bb85d8e90-V.jpg
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
1.744
Поени од реакции
4.421
Баш ми се иде на старт ап настан каде што луѓе што отвориле фирми за outsource програмирање испод цена пред 15 години ќе говорат за чекорите и нивната приказна. Ќе има и чија пудинг и големи канистри со sassy water и ќе ставиме банери од покровителите позади бината. Сите ќе дојдеме со нашите мекбукови за кои што имаме уште 180 рати у iStyle да научиме како побрзо да заработиме за да ги исплатиме. Кога ќе заврши надвор ќе биде Jojo со бургери и перници ќе има расфрлено да лежиме. Ќе искинеме на инста со сториња, а на Линкдин ќе напишеме сите за нашето искуство на овој настан. Да.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.772
Поени од реакции
36.466
Кајг,
еве идеја кој ќе части во друштвото, собери тоа кардот од секого и келнерот мешајќи нека извлече, кардот што ќе го извлече ќе ја приложи за фискалната сметка да се наплати!
 

volare_g

Nediplomiran i nedokvakan
Член од
28 февруари 2014
Мислења
729
Поени од реакции
1.837
Dragi zolti stranci,
U narednite 48 saati vise ne pijam, samo voda i lubenica , au ne nekni nekoja pravese glupostii lubenica punena so gin i nesto , ne korekcija, naredni 48 saati ne pijam i ne jadam, fasting ili so i da se vikase toa, MME na dzigerot, se ponasam ko na nekoj dryg da e.
Baj d vej kakov ohrid , kakva struga, skopje...
Istokot e dusata na makedonija , Petokot mi zapocna u berovo, se razbudiv u ponedelnik u Dojran.
Ako go slusam telefonot i smetkite na bankarskata aplikacija , navodno sum bil vo probistip, kocani, stip, BIGLA ( sum platil vo transkomer 948 denari u 23:50 u sabota ) ,sveti nikole, kratovo,strumica, gevgelija i dojran.
decki gavolot je ebal tikvata ja ne znam ovoa valjda drygata u mene na setnje bila.....
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.268
Поени од реакции
10.959
Кога би постоеле менаџери способни да превземат одговорност и да направат дистинкција помеѓу грешките на некој кој што е посветен и напорно и вредно работи и грешките на еден неработник кој што по цел ден седи, пие кафе и пуши цигара Македонијава би била поубаво место за живот. Секој може да биде сменет од било која позиција ако е неспособен и неработник, ама за жал колатерална штета секад се оние мирни, повлечени и вредни луѓе. Иритира незнаењето, неспособноста и примитивизмот што владеат во нашето секојдневие.
Part 2. Кога би постоеле менаџери способни да направат дистинкција меѓу суштината на проблемот предизвикан од непрофесионализмот на тој што го создал проблемот и однесувањето на професионалец кој е жртва на таквото непрофесионално однесување, Македонијава би била подобро место за живот. Укажувањето на грешките не треба да биде сфатено како иницирање конфликтна ситуација, туку како една критика на која во иднина треба да припазуваш за да не ти се случува пак истото. Не може цело време да правиш грешки и да очекуваш пофални зборови за тоа. Треба да бидеш спремен да превземеш одговорност, и да се соочиш со последиците од твоите грешки, а не да плачеш по менаџери за тоа колку ти било повредено егото.
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
1.744
Поени од реакции
4.421
Гихт да добие тој што ја измисли модава со адидас самба патикиве. Поружна патика непостои. Златни убави девојки со прекрасни ноги кои плачат за штикла, се опнале у тоа варената гума мислиш Лариса Кисељева и Анжела Платон ќе ги идат у контра.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.683
Поени од реакции
13.300
Веќе цел ден се мислам што да ти кажам а да не испадне некоја евтина сентиментална мисла.
Како си? Како е таму горе? Се виде ли со Џорџ и Ленон? Ги слушаше ли во Live верзијата на твојата омилена In my life? Секако без Пол и Ринго. Рано е за нив уште. А и ти подрани малку. Требаше да останеш уште кај нас. Се дешаваа концерти и такви ствари. Ќе отидевме на Колдплеј у Атина. Ама не. Сакало да биде другачие.
Ете година дена кубурам со стариот сето она што ти нан нѝ го остави да го воведеме во ред. Поврзуваме крај со крај, не велам не. Но некако е штуро. Празно. Фали музика во домот. Фали коа ќе се вратам од работа преморен, да седнам со тебе на едно кафе да ми раскажеш за тоа како ви поминал денот на тебе и стариот. Тој секогаш беше малку штур на зборови. Но и сосема го разбирам. Добар е он, некако турка, тврдоглав по малку, наоѓа време и начин да ја пополни самотијата. Понекогаш и му се восхитувам иако знам дека најмногу пати од сите нас.
Некни ја пуштив касетата со која ме воведе во светот на твојата младост. Едноставна на форма, пишано со плаво пенкало The Beatles. Моите први чекори на заљубување на конкретен бенд и подоцна преслушување на цела нивна дискографија. Одеше редоследот вака::
- Eleanor Rigby
- Something
- For no one
- In my life.



Тука застанав. Не можев понатака. Рече нетолку одамна дека сакаш оваа да ти ја пуштат кога ќе си заминеш. Што ради гужви, што ради бунило од твоето ненадејно заминување не ми текна тогаш да ја пуштам. Знам дека ја сакаше многу. Ме фаќа јанза но ќе пробам да ја исполнам твојата желба. Барем година дена подоцна. Ќе пробам да вметнам малку музика во мојот живот. Онаква каква што ти обично пробуваше кога деновите беа долги и сиви. Да ја исполнам твојата животна желба. Да бидам малку повеќе среќен.


So says Saladin...
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.022
Имам еден добар познаник од Србија тука што сме се здружиле и јас и уште неколку Македонци уште од времето на Мекдоналдс ама океј дете е освен што има комплекс од ниска вредност и е автошовинист до немање каде, секој втор муабет е против неговиот народ, пак против целиот балкански и само поради фактот што работи само со Германци и сега дави со причи како они се нај нај, го прифатиле многу, па дека се големи другари и не биле такви како што викале сите и во последно време на нашава екипа македонска се поретко и се јавува за дружба и се е тоа океј ама иде вчера и после некој саат од кога завршил со работа ми пишува за еден проблем што го има што во моментов нема како да му помогнам иначе без проблем би го направил тоа, е сега дека касно, па брат ми и сите од таа екипа спијат оти работат рано и не може да завршат работа му викам, абе кај ме најде мене за таа работа и овој абе на кого друг да му кажам во ова време, епа викам пред малку заврши со работа, колегиве гарант не ти спијат и почна да муца, еј знаеш они се Германци, малку е касно, па не сакам да ги замарам сега, кој знае како ќе ме сфанат, си викам у себе абе србче бе, ги утепа од лигавење и фалење секој ден низ муабети и сам знаеш дека ќе ги здоболе левото маде за тебе ама комплексите на ниска вредност кога дојдеш тука се тешка заебанција. Секоја чест на многу од Германците и сам сега со последната работа работам скоро само со нив ама секоја птица си е во своето јато, менталитетот е со огромна разлика и плус дупло никој нема да те почитува кога упорно се лижеш и го пуштат своето за да го воздигнеш неговото.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom