Цела недела под прозор на работа две мали маченца ми мјаукаат. Купив шишенце за да ги нахранам. Едвај успеав да ги вдомам, мислам камен од срце ми падна.
Не разбирам како може некој да биде толку бездушен и да остави тукушто родени мачиња во контејнер. Па валда сами не се нашле таму?!
За жал ова не е прв ваков случај, секојдневно сме сведоци не само на мачки, туку и кучиња кои се оставени на улица, по нивното раѓање. Или ќе го пораснат животинчето, ќе го почуваат додека е малечко и интересно, додека нема многу трошоци, и после оп или го продаваат или го оставаат на улица.
Животното треба да се сака исто ко човечко суштество. Значи прво треба да си свесен дека е обврска и тоа обврска до крајот на животот на животното, а потоа трошок и дека бара многу внимание и посветеност (но за возврат љубовта која ја добиваш е непроценлива и е една од најчиститие варијанти на љубов кои може да се искусат). А ако веќе си одлучил дека си спремен да го одгледуваш, нема простор за повлекување назад. Миленикот е исто ко дете, ко уште еден член од фамилија.
Состојбата со бездомните животни не е по вина на животните, туку исклучиво по вина на неодговорни луѓе, кои ги оставаат на улица како мали или не ги стерилизираат. Учете си ги децата да ги сакаат животните. Животот ќе биде многу подобар за сите нас.