Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Византиецот

Злобен Пич
Член од
14 март 2021
Мислења
1.074
Поени од реакции
3.856
Драга,
признавам дека на Гугл сум му ги поставил прашањата:
- Is TurboFolk Byzantine?
исто и
- Is TurboFolk bad for you?
ама на крај памет немаше да ми текни дека ќе ми излези ваква статија. Србинкава била родена во Канада и кога се вратила назад во Србија решила да го проба ТурбоФолкот, знаеш исто како кога сме деца и со прстот сакаме да лижниме од шлагот на тортата. Ставила ризница на омилени Канцони. Вкучувајќи ги "Бато Бато" на Брена, "Секси бизнисмен" на Гога, "Мами мами" на Дара Бубамара, "Лепша од ночи" на Дадо Полумента, "Мишо мој" на Ана Николич, "Италиана" на Северина и се разбира Цеца.
На темата Цеца вели,
"Ова е една лоша кучка. Ова може да го сфатите како позитивен или негативен атрибут, но оваа жена се омажи за воен злосторник, отиде во затвор за поседување илегално оружје, помина една година во домашен притвор за проневера, а во меѓувреме направи хит рекорд додека беше затворена во нејзината куќа. Згора на тоа, таа е горд носител на епитетот „Српска Мајка“ - и покрај тоа што има позаднина посомнителна и од католичката црква, луѓето ја сакаат."

Fake Tits and War Criminals: An Introduction to Turbo-Folk
Лажни цицки и воени криминалци: Вовед во ТурбоФолкот

 
Член од
23 декември 2007
Мислења
328
Поени од реакции
138
Мојата мајка Благица Стамкова која ми го спаси мојот живот со донирање на нејзиниот бубрег пред 9 години, има потреба од операција која не се прави во нашата земја, тумор (малиген) на панкреас. Операцијата која чини 26 000 евра би се извршила во Република Турција. Да и помогнеме сите заедно и да и го продолжиме нејзиниот живот со вртење на броевите:
Телеком: 143-129 ;
A1 (VIP): 143-600 ;
Се издвојуваат 100 денари од повик
Донациска сметка NLB Banka
210 7 00000 666 235
IBAN MK072 1050 16569 19614
SWIFT TUTNMK22

 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
69
Поени од реакции
142
Драги, во објава на фејзбук една жена си го бара своето милениче и има пишано:
,,Не знаете колку ми недостасуваат овие очиња. Каде е мојата Диди? Ја видел ли некој некаде? Веќе цел месец откако ја нема
.
И се губи трагот во реон кисела вода-припор. Имаше зелено градниче на себе. 14годишна пинчерка, многу пргава и мила. Најголема желба ни е да ни се врати домче.
Апелирам до секој кој ја видел, има некакво инфо или пак и совет да ми се обрати. Не се откажуваме во потрагата по нашата Диди.
Телефон: 070393515 или пак по порака.
Нудам 500
награда за оној кој ќе ја пронајде."
-Секој човек си има свои пријатели, а еден од нив е и едно милениче, кое ви мами насмевка.-
1631215898899.png
 
Член од
6 септември 2021
Мислења
25
Поени од реакции
19

(2:53)

Možebi sum malku bučen... megjutoa, toa e toa.. nie sme silna nacija.:icon_lol::icon_lol::icon_lol:

Režija, da ne e greška nekoja, koj e čoekov? :D

Jas sum vaš redoven nadgleduvač od evropskata unija.

- Kako što gledate, imame ušte eden nadgleduvač, kako što beše onoj malku predhodno. Nie davame šansa da dadat svoe mislenje i našite nadgleduvači....

Dobro e šo davate šansa....:icon_lol::icon_lol::icon_lol:. vidi... mnogu vi e primitiven receptot vaka. Nego aj za receptot da ne praime muabet..................... Dečko!!!........ (3:32)
......
........
............ Ova nema veze be batka. :pos:
 
Последно уредено:

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
11.898
Поени од реакции
17.886
Драгано,

Со математика како стоиш?

19 ковид модуларни пластичари 4,67 милиони евра илити 240 и нешто иЉади по објект.

Прослава на рамковен договор 500.000 евра.

Набавка за нови службени возила 2 милиони евра.

Огревно дрво за Основно училиште среде онлјн настава - 7,5 милиони евра.

Тренирање магаре - 83.000 евра.
Една модуларна = 3 магариња.
 

Византиецот

Злобен Пич
Член од
14 март 2021
Мислења
1.074
Поени од реакции
3.856
Драга,

ми текна на една случка од моето далечно америчко минато. Беше скоро крај на нашиот престој во САД. Ран Октомври, еден Бугар (фин дечко) ни рече со една Србинка, ќе ве носам во Арапски ресторан во Фарго, бев минатата недела и ептен ми се допадна јадењето. Ние скептични со Србинкава, ама ајде рековме ќе дојдиме. Инаку таа беше веган, па мораше на гугл да провери дали локалот бил веган-френдли. Како и да е, одиме, со нас дојде и една Американка. И сега се истуривме од Ланд Роверот на шефицата и влегуваме внатре. Од старт ме удри некоја реа на јагниња - стисни ноздрите и цапај. Газдата на локалот, од каде сте - ние сме од бивша Југославија, тој е од Бугарија. Ахам. Знаете ли од каде сум јас, не праша. Палестина, одговори. Јас и Србинкава само директ во очи се погледнавме. Не знаеете ли каде е? Израел знаете каде е? Знаеме. Таму е. Ајде ќе нарачуваме. Сето деликатес до деликатес. Ајде реков барем пилешко ќе јадам, кога нема свинско ни говетско. Србинката одеше со сејф опција и порача салата со сусам. Носи јадењето. Пробувам од пилешково, но ми смрди на јаге. А јагнешко не можам ни да помирисам, цел живот немам јадено и нема да јадам. И сега разочаран велам, why does it taste like lamb? Србинкава - lamb? what is lamb? Јагнешко и враќам на нашки. Леле кога удри еден тантрум - aughh, that's disgusting!!! He must've used the same scoop from Ivaylo's lamb for serving your chicken too, заклучи.
Си отидовме, среќен сум што не фатив Шигела. Уште еднаш во Арапски ресторан никако.
 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.519
Поени од реакции
5.859
Kaj,
многу работи се испослучија периодов што ме потсетија дека всушност ја сум веќе возрасна иако потајно во мене живее Петар Пан и единствено што сакам е да летам безгрижно. Денес исто така се пристев на еден опис на мајка ми за мене мислејќи дека тоа е добра особина: „Сине, ти од мала си таква - гледаш телевизија со едното око, со другото читаш книга“. Сега сфаќам дека то и не е така добро. Да се биде jack of all trades да се раздаваш и ветуваш секаде и да те интресираат толку многу работи е исцрпувачки всушност и непродуктивно. Поради тоа и никнуваат работи како краен рок, неспиење пред краен рок, молење за продолжување на краен рок, од еден во друг краен рок.
 
Член од
29 ноември 2014
Мислења
549
Поени од реакции
1.577
20 години од најголемата лага на Америка, после 20 години доаѓа уште поголема лага. Тогаш најголемите непријатели беа талибанците, сега се воздухот и кислородот.

Не се најголеми непријатели талибанците и воздухот, владата и системот се.
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
2.580
Поени од реакции
17.832
11 септември 2001-ва

Цело лето (летен распуст) таа година бев во САД, поточно во Њу Џерси, Гарфилд. На гости кај мојот чичко.
Њујорк е оддалечен на 30тина километри.
Таа година, го имав прошетано Њујорк за последен пат ден пред да се качам на авион за назад. Тоа беше сам крај на месец август.
Септември во школо, средно бев тогаш.

По убаво поминатото лето во САД, започна и школската година.
Чичко ми тогаш работеше (како и повеќето од кај нас) во Федекс. Постојано локално разнесуваше пошта по фирми и сл во реони на Њујорк.
Целиот тој хорор го видел на два блока оддалеченост од кулите.

Јас се сеќавам се вратив дома од школо, на ТВ беше останат CNN. Пуштив телевизор, имаше емитување во живо. Веќе еден авион беше плеснат, за кратко време во живо го гледав како удира и втор авион. Потоа следуваше рушењето. Не ми беше верно, мислев дека се работи за некој филм иако беше каналот на CNN.
Сам бев дома, се потресов многу. Знаев дека чичко ми редовно доставува пошта низ компаниите во WTC. Баш во работно време, си реков можеби е таму.

Се јавив на моите, поима немаа на работа си беа. Ги смрзнав.
Мобилните во тој дел на САД беа паднати, не беше достапен на мобилен. Тек доцна вечерта разбравме дека е океј, дека тоа кога се случило штотуку бил заминат со превземање и доставување на пошта од WTC и дека првиот удар го слушнал на два блока, по што настанала општа паника и хаос, со што се склонил и он на сигурно.
Во меѓувреме, зборевме со стрина ми, она работеше и сеуште работи како лекар во болницата во Newark (Њу Џерси). Исто и она беше блокирана, не знаеше што е и како е со него. Дури вечерта разбравме дека е се океј, жив здрав и прав.
За влакно, за неполни 15 минути порано што заминал од WTC извлекол глава.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
1.568
Поени од реакции
7.579
Моментот кога ќе сфатиш дека цела онаа невидена поврзаност и фамилијарна љубов на конец ја држела една личност и се било лицемерие и единствен шупак што верувал и си терал со глава во ѕид сум била јас и сега кога веќе таа личност ја нема, нема никој пуф исчезнаа сите, немаат веќе време за традиционалните родендени, собиранки, ни за едно како си жив си, и се се сведе на материјално, на пари, нешто за кое мислев дека баш кај нас не постои, а тоа да ти било бетер и од најбетер приказните за луѓе ненаситни за пари, за дел, па макар и една порта стара 100 години, само нешто да се земе, да се изграба.
Јас како што ме дал господ не барам ни сакам ништо, доволно ми е моето, секогаш се тргам на страна, се откажувам, во принцип како и да делувам, не сакам кавги ни тензии, по цена на мир и свое ќе поделам. Ама ме јаде од внатре, не поради портата, ме јаде лицемерието, роговите ме јадат. Ме чешаат, ме боли, ми крварат и решив да ги откорнам. Клише, банално и глупаво, ама ја скратив косата, ја кренав главата и тоа значеше нов почеток, нова јас, не само за тоа што се скина конецот и ми се отворија очите, него за се, за секоја ебена ситна неправда која некој ми ја направил, било кој, некој што ми значел. За секое лажно тука сум за тебе кога и да ти требам, за сите лажни пријателства, лажни луѓенца и како недоквакана пишував писма. Да озбилно, напишав многу писма и ги испратив на многу адреси. Се што ми лежело на душа, се што сум заприметила дека не било фер, се што ме повредило, реферати и страници текст, чисто онака да си ја исчистам душата, не пишував како жртва, него како херој, борец кој осакатен, тепан и измачуван излегол достоинствено од лајната во кои си пловат сите оние на кои им стигна писмото во кое душата си ја отворив. Зошто кога го применував она токсичните луѓе настрана и само на игнор без да се замараш воопшто, беше полошо од лицемерие и се замараш тогаш најмногу, чуваш на душа терет и иако делува како приказна за некоја лудача, сега се осеќам слободно, среќно и мирно. Ништо нема да допре до никој, ништо нема да сменам, ама нема нешто подобро од да кажеш се што ти стои на душа за некој, макар било сурово и злобно, макар и вака на парче хартија која некој може само ја изигнорирал, ја фрлил, некој прочитал и си рекол што и е на оваа будалава, некој ни на такво не ме ставил, ама јас си се ослободив. И никој за ништо не ми врати, што ме прави уште помирна не знам зошто. Сега токсичните луѓе се надвор од мојот живот, ама теретот што го носев замина, може смешно, може налудничаво, ама неколку писма во кои си кажав што мислам ме направија среќна и ми донесоа мир.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom