Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
15.852
Поени од реакции
25.947
Гледам Сител утрово и потсетуваат на некои настани што случиле изминативе 30 години (дефинитивно не би се осмелил да речам независност).
И слушам:
  • 2005 година, Македонија добива можност за членство во ЕУ или нешо така
  • 2008 година, Македонија има можност за преговори за ЕУ
  • 2017 година се потпишува договор за пријателство со Бугарија
еден голем факинг ЛОЛ, која иронија. Ама нееее, од авериџ Џо шо не се бави со политика си патиме. Еве ја и ЕУ и Бугарија едни пријатели...

И така, си мечтаам да се случи настан, наеднаш сите политичари да исчезнат, па дури и од цел свет, и да фатат научници да водат држави. Ваљда боље ќе биде.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
26.322
Поени од реакции
46.932
Dear K,

Сите портали кои ставија наслов „Република Северна Македонија одбележува 30 години независност“ одат на црна листа во антивирусов. Нема потреба да се читаат такви тажни суштества.

Честит ден на независноста на сите оние на кои не им е срам или страв да речат Македонија.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.215
Поени од реакции
14.173
Македонија е самохрана мајка чии син и е 30 годишен невработен manchild.
Нека е среќен празникот на сите тие што имаат барем ронка емпатија за државичево.
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
2.451
Поени од реакции
16.593
Се сеќавате на првите денари на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА?
Еве уште ги чувам за спомен, длабоко низ фиоките, па сега решив да ги фотнам, да се потсетиме сите.
20210908_104042.jpg
20210908_104111.jpg

Нека ни е честит Денот на независноста на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!
За многу години самостојна РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!
ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!!!!!!!
:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.140
Поени од реакции
6.165
ДК,

Пред 30 години се родила една независна, самостојна и суверена Република Македонија.
Или барем мислела дека е тоа.
Оваа денес, ниту самата знае што е, ниту ние знаеме што сакаме да биде.

30 години народ кој заменува "walk on part in a war" со "lead role in a cage".
30 години барање вина во друг.
30 години чекање друг да ги решава нашите проблеми.
30 години соучество во корупција.
30 години соучество во градење трул систем.

30 години во кои најбитната лекција не е научена, а тоа е дека народот секогаш ја има силата, освен тогаш кога ќе избери лажен комфорт наместо промена, освен тогаш кога ќе вика "чути има и полошо", освен тогаш кога ќе подмити за да помини преку ред, освен тогаш кога ќе плати за да се вработи, освен тогаш кога ќе лаже дека ништо не чини, а уствари најмногу ужива во сопствениот живот и лажниот статус кој го стекнал.

Не се политичарите криви, криви сме само ние и никој друг.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.145
Поени од реакции
11.802
Кеј, како си?
Ја, да речеме арна.
Не знам колку време не сум те посетила, и лозинката дури морав да ја ресетирам од шо не сум ти била одамна на гости. Те листам и оп, еден куп новости кај тебе. И кај мене има новости, ама веројатно у друга прилика. Коа ќе ми се лафе повеќе. Сеа дојдов само да те поздравам.
Ојдов да прелистам шо паметно има напишано по темите твои. Ајт чао!
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
1.927
Поени од реакции
1.704
Среќен ден на независност.
:oeoeoe:
Ама,на која држава?
Име ѝ сменија иако народот нејќеше.
Не е за славење,за тажење е.
Дреми ти народе,дреми.Нема да ни остане повод за славење.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
9.394
Поени од реакции
15.338
ДК,

Се сеќавам пред 12 години кога ги читав изјавите за полнолетството на Македонија. Говореа за психо-физичкиот развој, прогресот од несигурна до самостојна личност која мора самостојно да ги носи животните одлуки, да сноси одговорност за своите постапки, никогаш да не се врти назад и секогаш да чекори само напред.

Сега таа "личност" е во своите 30ти, каде сеуште верува во реализирањето на своите соништа за креирање на семејство (се надевам нема да биде Европско) и проследено со зрело размислување и непокажување покорност, ќе успее во своите намери.

Македонија е сѐ што имаме, независно дали живеете на ова парче земја или рајот сте го пронашле под закрилата на некоја друга држава.

Ова е реализација на повеќе вековниот историски сон. Луѓето сонувале за слободата, пишувале песни и книги за слободата, но и го дале животот за слободата. Истите никогаш да не бидат заборавени!

Кратката историска генеза од нашата самостојност сите ја знаеме. Историската преамбула закитена со транзиција, приватизација, војни, политички кризи и предизвици, децентрализација, малцинства, економски кризи, споменици, договори, здравствени кризи...ништо од ова не го посакувавме 1991, иако дел од работите се неочекувани и непредвидливи. Сакавме само мир, сакавме само своја држава. Од самиот зачеток не напаѓаа, не кочеа, не навредуваа, но и го посакуваа ова мало парче земја. Но речиси сѐ пребродивме, помалку или повеќе, заедно сплотени. И да, чекориме напред.

Сакам да се надоврзам на еден мој стар пост од ДК, за Шарл де Гол и неговиот опис на Франција која ја доживува како божица. И Македонија е дел од тоа божество. Мала и сиромашна, но сепак божица.

За политичарите: Македонија не е средство, туку е цел.

Да сте ми живи и здрави сите и да ни е вечна државата- Македонија!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom