Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
1.540
Поени од реакции
7.403
Да ме прибереле...
Домазет беше зетот.

Иначе секогаш имам незавршени работи што ги одложувам за друг ден. Најчесто во петок ќе си ветам дека понеделник ќе ги завршам сите обврски, демек сабота и недела да уживам во моментот. Како понеделник да е по 3 години. Ете го стигна, и сега?
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.309
Поени од реакции
1.762
Стомачниов вирус ме искина, едноставно пола човек остана од мене. Ако ме праша уште некој на што диета сум и како толку брзо се слабее, ќе го отерам по ѓаволите. Аман веќе.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
4.317
Поени од реакции
9.589
ДК
денес е еден од оние денови кога ептен не ми се одеше на работа...Легнав во ниедно време со некаква тлеечка нервоза знаејќи каков хаос ме чека на работа.
Новак ме израдува... Веројатно бев единствен лик што навиваше на Англија...Well...
Еве, се обидувам да се концетрирам ама некако тешко ми оди. Сега ќе си нарачам некој мрсен бургер да го шокирам организмот.
 
Член од
4 октомври 2018
Мислења
2.803
Поени од реакции
6.955
ДК

Нема по беден момент од оној кога играчите што изгубиле во финале го вадат од врат одма сребрениот медал, демек многу јак сум јас па само прво злато признавам се друго ми е испод чест да носам на врат. А уствари си завршил втор што само по себе е успех во било кој спорт, натпреварување итн

Големината на човекот највеќе се гледа во пораз ;)
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
7.305
Поени од реакции
12.818
Sadio Mané, nogometaš Liverpoola primijećen je kako nosi polomljen iPhone. Kada su ga fanovi upitali zašto ne kupi novi, on je rekao:

"Zašto bih želio imati 10 ferrarija, 20 dijamantnih satova i 2 aviona? Šta bi to donijelo ovom svijetu? Ja sam gladovao, radio u poljima, igrao bos i nisam išao u školu. Sad ja mogu pomoći ljudima. Napravio sam nekoliko škola i stadion. Obezbjeđujemo hranu, odjeću i obuću za najsiromašnije. Dajem 70 eura mjesečno svakom građaninu u siromašnoj regiji, u Senegalu, iz koje potičem. Meni ne trebaju skupa kola, kuće, putovanja. Draže mi je da moj narod dobije malo onoga što je meni život dao".


Ова е смислата на богатството, се друго е голема лага.
 

IssaAk

Novak Djokovic the GOAT
Член од
11 јули 2021
Мислења
243
Поени од реакции
412
Не знам за вас, али ова европско првенство и светското 2018 ми се омилени. Честитки за Италија.
Многу дешавки, многу голови, али само едно нешто ќе го памтам цел живот од ова првенство.. Ова не е никаква провокација кон некого или намера да испровоцирам некој, туку едноставно мој личен тренутак - кој ми е број 1 изминативе месец дена од овој фудбалски настан.


1626087968011.png



1626087978123.png

1626088216152.png

1626088535275.png




ДА ЖИВЕЕ МАРКО АРНАУТОВИЧ !

Навараооаоедјеоачение ... Не се курчи на појаки.
 

Attachments

Последно уредено:

IssaAk

Novak Djokovic the GOAT
Член од
11 јули 2021
Мислења
243
Поени од реакции
412


Fuck pre-schoolers
Fuck rulers
Kings and queens and gold jewelers
Fuck wine coolers
Fuck chickens, fuck ducks
Everybody in your crew sucks
Punk motherfucks
Fuck critics
Fuck your review
Even if you like me, fuck you!
Fuck your mom
Fuck your mom's momma
Fuck the Beastie Boys and the Daili Llama
Fuck the rain forest
Fuck a Forest Gump
You probably like it in the rump
Fuck a shoe pump
Fuck the real deal
And fuck all the fakes
Fuck all fifty two states, oooh
And fuck you !
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
4.279
Поени од реакции
14.024
Драга,

Денес му е роденден на татко ми.
Двојникот на Боби ДеНиро.
Човекот што собра по едно милениче од двете деца против своја волја иако сега си ги сака милениците повеќе од децата, и ваљда фамилијарно е најдобар за чување на деца и миленици.

Човекот што кога бев дете нонстоп знаеше да ме усрами пошто има doesn't give a fuck однос за многу работи, пример, кога се појави во забавиште дента кога научија дома дека Драган (колега од претшколска) ми мава клоци во колена и ме помодрил бааги, кажа добро утро на сите и праша кој е Драган, јас фејспалм во ист момент, децата кажаа еве го Драган, и татко ми му кажа на Драган пред воспитачката и сите деца таму дека ако уште ме пипне тој ќе му мава клоци и ќе го помодри да види како е, и си замина скроз таков рандом, јас уште еден фејспалм, воспитачката остана без зборови некоја секунда, после му кажа на Драган, аман Драган да не си ја чепнал више, нејќам татко и пак да иде и да ме стресира овде.

Човекот што скроз искулиран некаде кога имав 12-3 години спонтано уз мусака и ракија на ручек, двајцата бевме сами, нешто зборевме за исхрана дрн дрн, почна да збори како железото во крвта кај жените се намалувало после циклус, што било нормална работа, али јас бев пак со wtf фаца, пошто мајка ми дотогаш ми немаше направено нормален муабет за добивање, па не го очекував тоа од татко ми.

Во глобала, човекот што секогаш беше заинтересиран родител и од ќејф го правеше тоа, не дека мора. Многу од инспиративните и селф лав мотивациски пораки што ги гледам сега насекаде, на некој начин, со негови зборови тој ми ги има кажано низ животот. Не наследив физички црти од него, али мислам дека сум се поблиску до неговиот карактер со секој ден.

И му вртам прееска да му честитам, се јавува мајка ми, татко ти попладневна дремка, спие човекот. Ок, ај пак ќе вртам после, што да правам, да се испоштува денот, иако се гледа колку чека повици и колку му е гајле. :D
 

IssaAk

Novak Djokovic the GOAT
Член од
11 јули 2021
Мислења
243
Поени од реакции
412
Screenshot_20210712-194201_Instagram.jpg
Автоматски споено мислење:

Screenshot_20210712-200411_Facebook.jpg
 
Последно уредено:
Член од
4 јуни 2009
Мислења
9.994
Поени од реакции
21.029
Драга,

Конечно ми заврши оној хаотичен распоред на работа од 04:00 до 23:00. Знаев дека е последниот ваков ден па вчера со фудбалот се опуштив и денес денов ми почна малце хаотично. Се успав, нетипично за мене. Во целиот тој хаос успеав да закаснам на состанок. А, кога ќе тргне нешто наопаку нема крај. Успеав да ја бутнам чинијата со овесни снегулки, па на состанок се смешкав иако целиот бев потопен у млеко. Си чекав да заврши состанокот, а млекото се цедеше од сите страни.
Оној лошиот колега што го имам нема да дочека да му истече договорот па ќе си лета од работа на крајов од месецот. Направи хаос со годишните одмори, ама нема везе.

Денов сум скроз аут и негативен до бесвест, а не ми ми беше јасно зошто. Муабетот на Маја од погоре малку ме потсети на татко ми, па ми текна и видов дека е 12ти Јули. Ден што 15 години со моите одевме на одмор. Татко ми тогаш имаше одмор па се ориентиравме по него. Сите ми викаат дека личам на мајка ми, а карактерно сум на татко ми. Тоа го приметив пред некоја година, затоа што станав зависник од работа како што беше и он. Сеуште не ми е верно дека поминаа 8 години откако го нема. Толку беше внесен у работата што и на работа си почина. Не сме имале порано многу, ама секоја година обавезно идевме на одмор. Од скромно во приколки, некогаш Дојран, па се до Турција и Шпанија.

Луд беше по спорт нема што не сакаше и пратеше, од фудбал и баскет до снукер и скијање. Ама многу се каравме. Јас Јунајтед он Ливерпул, јас Надал он Федерер, јас Алонсо он Шумахер, не знам дали само инат ми водеше или јас му водев на него. Единствено околу Вардар се сложувавме.

Работеше супер работа, па скоро секој викенд беше слободен. Од понеделник до петок се можеше да има на телевизија, ама викендот беше за спорт. Не беше некој што следи еден тим туку сакаше да гледа само квалитетни утакмици. Ако еден тим највеќе поштуваше беше Интер, ја па инат му водев му викам за Рома сум. Еве 8 години поминаа, спорт веќе и ретко пратам освен ако не е Ф1, Јунајтед или Вардар. На целово Европско дали 4-5 утакмици изгледав вклучувајќи ги и оние на нашата репрезентација. Нема некаков драж. A, да бидам и искрен ми фалат оние расправии што на крај се префрлаа у лекции и истории од спорт.

Некои небитни викенди и дешавки памтам ко на пример 2007 кога Рома го победи Интер на гости 1-3. Нула од љубов имав спрема Рома ама сакав инат да му водам. Памтам Перота и Касети дадоа гол и мислам Тоти. Скроз небитно ама памтам колку урлавме по дома и двајцата. Истата таа сезона конечно Алонсо освои титула и го бутна омразениот Шумахер. Не можеше да разбере како можам да го хејтам Шумахер. И цел живот ми збореше "абе како можеш Надал да го сакаш види го у газ си брцa", и ден денес ги слушам истите муабети и увек ме потсеќаат на него.

Како дете беше шампион во некое натпреварување за скијање. 5 пати има нога скршено. Мајка ми развод од него ќе барала јас уште ни година не сум имал ме однел у Маврово на скијање. Ме држи у раце и скијал. На 13 години ме однесе на Церипашина да скијаме. У маало другари ми звонат ми викаат ај на баскет/фудбал дои со татко ти сме играме. Ја копук мал уште не знаев газ да си избришам ме однесе на Продиџи концерт во први редови.

Во кола ја до 18 години не се качив, а он беше гуру за се што е околу автомобилизам. Работата му беше таква нема што не знаеше за нив. Ми викаше ти бе никад нема да положиш за кола труп си, не знаеш што е кочница што гас. И го снема во најбитниот дел од мојот живот. Умре некој дел во мене што 8 години сум у фазон да ама кур ме боли дали ќе изгубам некој или не. Беше најбитната фигура во мојот живот, и сум си рекол ако можам без него ќе можам и без сите.

Многу имам да ти кажам, ама немам таква прилика... само да знаеш од прва положив за кола, иам супер работа, со скијање не продужив, Јунајтед тапа титули од кога те нема, а Ливерпул ти освои. Бев на Монца гледав Ф1 у живо, Алонсо го нема на мапа ниту титула освои, ама твојот Хамилтон парче направи. Вардар стана неколку пати шампион и у Келн кревавме пехар. Продиџи им бев 2 пати на концерт од кога те нема, и сеуште сметам дека Пантера се ужас од бенд. Шумахер е у кома, ама не го менува фактот дека го мразам како возач.

Ќе пијам едно виски за тебе сега.
 

IssaAk

Novak Djokovic the GOAT
Член од
11 јули 2021
Мислења
243
Поени од реакции
412
Не знаевте да искорисите моментум и да лупнете уште 2 гола на шугавите Италијанци кога беа во шок 15 мин после голот во 3та минута... Епа нервози после, па нормално... Среќа заспав во 50та минута напушен и пијан и така заврши за мене мечот, како Англичаните да беа победници. Се затворија ко диско во 5 саат сабајле и паљба ко шо вика Мирољуб Петрович. Па не сте Мурињо и Интер на Камп Ноу да браните 3-1 во втор меч, крв да ви ебам ваша. И боље така што заспав, ама утрото ми го расипаа сабајлево кога отворив резултати.ком... После голот во 3та минута Италија личеше на Победа Прилеп и мајмуните и требаше тука да се притисне уште 5 пати појако да збрцааат уште еден гол минимум и да не знаат каде е излезот и да се распаднат ко говна во шоља. Дадоа гол од мешаница, типично италијански, Ви ебам и шпагети и макарони и пица и мафија и корлеоне и дениро и алпачино и Моника Белучи и све. Коа ќе идам у Милано, ако не бидат тоа најдобрите пица и шпагети има да ги испљукам во фаца на тоа италијанката што служи. Среќа тепаше жилавиот србин од Косово па имаше некои измешани емоции, пола среќа и радост, пола нервоза.

Овие па се радуваат за Италија ко Пандев и Македонија да играат на вембли. Навиваат за фашисти, а овие ги викаат окупатори. Ненормална нација.

Челси може да заврши и 15то место во Премиер Лига, кур ме боли, искинаа у нокаут рунда во ЛШ и го ебаа Манчестер Сити и тоа ќелавицата скапана Гвардиола (што и 150 милијарди евра да му дадат пак нема да освои Лига на Шампиони со друг клуб освен со Барса и Меси) Има светла иднина клубот, да се земе сеа Халанд роботот и да го имаме новиот Дрогба.

Вардар се враќа ко Јувентус од втора лига и освоја 10 титули по ред, ако не е така да умрам на лице место. И ако Англија не биде наредно лето свеЦки првак у Катар, да умрам на лице место пак.

И не, не сум фејк фан. Навијам за англиска репрезентација од 2002 Кореја/Јапан уште пред да постоеше форумов.

И да, не може некој што бил 0 пати првак на Европа да биде поголем од некој што бил 2 пати првак на Европа. Лондон црвен, лондон ваков, лондон таков. Се посраа со таа титула златна со Арсен Венгер и тука застанаа. Само ФА купови, Лига Купови и по некој Супер Куп. Ебате тимчето ебате.

Азар ве изгази ко шлепер у финале Лига Европа, а Еве го поклонот за Венгер за неговата 1000 утакмица на клупата

За најголемиот клуб, може да се дискутира на долго и широко, дали Ман Утд, дали Ливерпул, нз, отворете тема во подфорумот за најголеми клубови, големи клубови, средни клубови и мали клубови. А најголемиот клуб на планетава е Реал Мадрид, се разбира, го сака тоа. Ми кажува и за негови девојки, симпатии... има, има нешто такво...
 
Последно уредено:

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
1.540
Поени од реакции
7.403
Има едно семејство, дедо и баба ги чуваат внучињата, родителите починале пред неколку години, децата се 9 и 11 години, живеат во да не речам колиба со една соба, дедово продаваше на пазар и колку толку се прехрануваа, сега е без работа, не земаат пензија и немаат никакви приходи од никаде. Еднократни и секаква помош што им следува е земена, струјата им е платена, успеав да соберам за тоа пари, ја приклучивме, ама добродојдена е секаква помош од хигиенски сретства, храна, некој мајстор да закрпи прозори, да се среди малце внатре... Кој има од Битола и сака да помогне нешто, пишете ми да ви дадам адреса.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom