Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Кога на некоја работна позиција или во друг социјален контекст се бара од тебе да му персираш на некој (поради почит), ама он не ти персира на тебе, секогаш станува збор за небаланс на моќ. Вие не сте еднакви, тој/таа е секогаш над тебе у социјалната хиерархија. Добар пример за ова е факултетскиот дискурс. Ти им персираш на професори/демоните од студентски прашања, ама они ти се обраќаат со „ти“. Истото се случува и на работа со претпоставени. Или и двајцата си персирате или никој на никој не му персира. Директорот комотно може да ти се обраќа со „ти“, а ако ти го направиш истото, тоа е, бре, неваспитање, некултура! Пичка ти матер, говно едно покондурено со среќа у гз да дојде до позиција на моќ. Не знаеш ебани две реченици да склопиш, ретард еден.

Мудрите луѓе се навикнуваат на овие работи и сфаќаат дека светот не е фер, па играат со картите кои им се дадени. Но јас не сум мудар и се расправам за овие неправди. Поради тоа, веројатно, хонорарна работа е решењето за ликови ко мене. :D
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Пред некоја недела си возикам со точачето така лабаво,лефтерно,кежуал,без замарање,едноставно лаганини да ви доловам у 5 збора едно те исто значење,и гледам едно чиче исто на точак,и сеа ни прати семафор,ни коли,нит бутур нормално поминуваше на црвено по пешачки премин,и не знам како не се случи да го удри кола тс две коли,од левата страна женска,нормално си возеше зелено и е нели,само што помина со велосипедов човеков,што се вика за стотинка прво го размина женскава,и после и другата кола,како не му направија пинг понг ситуација само некоја сила го чувала,јас позади него сум на неколку метри,и го стасувам,и му викам абе чиче за малце ќе те качеа на хауба,и знаете што ми одговори:На к*р ќе ми се качат.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.918
Поени од реакции
12.408
Пред 15 години некаде, во летните месеци, кога сите бевме дома, ручавме надвор во дворот. Ручек за мерак, стартер беше салата со патлиџан, сирење и печена пиперка, ама да ја јадеш пиперката онака, од врв, да се искапиш цел по облеката. Па таратурче, па некое месо со компири, па баба ми ќе извадеше колачи од визита... Мераци. Истовремено од сите дворови слушаш тропкање со приборот за јадење, а само од еден двор се слушаше нервниот слом на една комшивка, стално во исто време, за ручек. Па ќе завршевме со ручекот, дедо ми ќе станеше ќе речеше јас одам Преспа, ние ќе почекавме да ни спадне јадењето па на плажа....демек најуба плажа се терало после 5. Стигни на плажа уште непостелени пешкирите ти си во вода, скокаш, пливаш, па се молиш за еден сладолед, си одиш дома карпувче си јадиш. И така секој ден.

Со тек на годините се повторува оваа сцена,минус комшивката, ама чувството не ми е исто. И со години се мислев што ми фали, кога сцените се точно исти, иста е салатата, исто е местото на ручање, дедо ми уште оди преспа после секое јадење....Се мислев се мислев, и сфатив дека едниствено нешто што никогаш нема да се повтори од тие сцени е безгрижноста. Најверојатно тоа биле последните моменти од мојот живот кога стварно сум се чувствувала безгрижно. Сега колку да сакам и да се терам на моменти, во секој даден момент мозокот ми работи сто на сат. Работен ден, викенд, одмор, празник, нема врска. Таман си мислиш дека си завршил нешто, доаѓа нешо друго. Те окупира, го мислиш, те измачува. Се фаќам самата себеси дека поинаку ги анализирам и проблемите, ама и можностите. Ако пред 10 години како 16 годишен копиљ ми се укажа шанса да заминам сама една година преку океанот, и ја прифатив без апсолутно никакво размислување, сега и кога планирам одмор ми требаат 2 месеци за да одлучам.
Дали ова некогаш прекинува, или само човек пронаоѓа начин да живее во ваква состојба, ќе видиме со тек на годините. Ама се повеќе и повеќе ја сфаќам комшивката со нервните испади.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Животот е чуден. Безброј летови и трескања од земја, се' до самиот крај. Луѓето планираат, создаваат, се надеваат, веруваат, сакаат и посакуваат...
Би сакал да верувам дека има нешто повеќе од ова што, како, колку-толку рационално битие, осознавам дека го има. Навистина би сакал.

Како и да е, еден прилично долг период се провлекувам низ трња (преносно, бе) и навистина би било добро ако се' има некоја смисла, како светло на крајот на тунелот, ама да не е воз што шиба 300 на саат.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Минута молк за оние што мислат дека ФБ страна за продажба на патики и чизми во следните 48 часа ќе им подари 50 сетови маса со столови и 150 Тенди. :ROFLMAO:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Драга ,

Нели ти е посебен момент солидарноста и разбирањето меѓу охридските туристички водичи и станоиздавачи од една страна и Скопјани од друга?
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Помутава сабота вечер не сум имал одамна....не отидов на скара и пиво на пладне а е молеа, теретана, не пипнав ништо по дома. Барем точакот да си го средев денеска ама нееее. Како нешто да ми ја исцицало енергијата од мене.....не дека е страшно, ама ај да се пожалам јавно :D
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.138
Поени од реакции
28.891
Кајги...
Денеска се одбележуваат 75 години од усвојувањето на македонскиот правопис.
Да си го чуваме и негуваме.

Јазикот е наша татковина - Блаже Конески
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.918
Поени од реакции
12.408
Само урбано луѓенца...
Ова ли се тие урбани фаци шо стануваат во 10,во 11 веќе го тераат првото кафе во Кино Карпош, работат до 14 часот па на пауза во Бруклински, па на афтерче во Круг?
Screenshot_20200607-112752.jpg
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Пред некое време бев кај внуката на гости која има 7 години.
Седевме на кревет и на ѕидот имаше залепено испринтана слика од мачка.
Не бев сигурен дали сликата е од мачорот (Мики) што го имаа, кој им замина пред 2 години а се изнаживеа ~20.
Покажувајќи кон сликата ја прашав:
- Која е оваа мачка?
И ми одговори:
- Мики.
И бидејќи јас сум епски морон и понекогаш не можам да ставам кочница на првото нешто што ќе ми дојде на памет, иако зборам со 7 годишно дете, моето следно прашање беше:
- А каде е сега Мики?

5 секунди мислеше и со блага насмевка ми рече:
- Пааа, во воздухот.

 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.487
Поени од реакции
16.131
Драга

Уште две соседни држави да ни удрат забрана за влез во нивната земја и ке се осеќам како да живеам во една далекуисточна држава. :cool:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom