Драга Кајгана (виртуелен дневник)

B

Beginner

Гостин
Ми испаѓа ова на фб: Владата донесе одлука кривично да се гони групирањето на повеќе од 5 лица.
Не е донесена сеуште небитно ама одма после овој пост гледам слика од рандом пријател ставил Христос Воскресе и на сликите БУКВАЛНО 20-25 души доближени за да ги има сите на сликата нели сите еден до друг без маски/ракавици со свеќи во раката. И готово изгасив фбто уште колку такви слики има не сакам да знам.
А за овие што се жалат што неможеле да отидат во црква. Едно мое видување зошто не се молам. "Господ" не бара од тебе да му кукаш, бараш нешто од него, и да ти текнува на него само кога ти е тешко. Туку треба само да бидеш добар. Да правиш добри дела колку можеш повеќе и кога можеш не дека јас сум светец. Сите правиме грешки ама тррба да се потрудиме да бидат помалку. И џабе некој се моли ако душата му е полна злоба. Има да и чесни и стварно добри луѓе што се молат ама како што реков гледај секој ден прави по некое добро па макар и мало нешто да е и за тоа не чекај ништо за возрат.


Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.821
Диар Лорд Џизас. И додека рисјаните секоја година како навиени лицемерно си ги честитаат празниците со љубов, здравје и среќа само на нивните блиски и на луѓето узпут ждрајки месетини Ти горе на небото веќе сигурно си станал зависен на небесни седативи, пошто одамна ти поминала фазата кога само не си знаел дал да плачеш ил да се смееш на нашата човечко дволичје (у мајмала рака). А веровато и си се шекнал веќе и решил малце да си поиграш со нас па ни прати Цовид деветнаес надевајки се дека седејки у карантин ке ни светне у тиквите дека ние човеколиките мајмуни не сме едини чеда на планетата, туку има нооогу повеќе чеда кои се кој знае со колку цифри помногубројни од нас.
За непуни 100 години успеавме да ја поебеме планетата, се уфилмавме дека се живо и диво околу нас е си создал специјално за нас да го екплоатираме, потрошеме, уништеме, убиеме, изедеме, исереме.
Да ти кажам право превише си благ. Превише предупредувања ни даваш. Со цунамито во кој за неколку дена изгинаа 300000 мајмуни ни кажа дека ако ти прдне можеш со прстите штрак и аш да не снема. Ама глеаш ние сме такви мајмуни, се филамвме дека тоа ХААРПО на американците било. Се ми се чине дека ова ни е последно предупредување пошто једноставно не те контаме, само продужуваме да се филмаме дека цовид 19 дошол од љиљак кој го јаделе кинезите, дека од лабораторија дошол, дека уопште нема вирус итд. Не ни иде ак'ло диар Џизас. Се се плашам дека после 2-3 години ке пуштеш вирус пофункционален и од шпанската грозница да покосе една третина или пола популација. Кој знае дали и тогај ке ни се разбудат лејките. Пошто па би останале 4 миљрди, а до пред 100 години не сме биле ни две. И така лорде Џизас. Ја у магаречи стил си џвакам зеленило, не ждерам јагниња и не вапцам јајца, затоа и нема потреба лицемерно да ти се правдам преку честитки.
За што помалце години празникот (да го снема). Halelujah...
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.362
Поени од реакции
38.661
Ова Христос воскресе пораките од луѓето ми се битни исто како тоалетот после употреба. Цела година ќе се заебаваме, манипулираме, оговараме, и сеа христос воскресе здравје среќа незнам шо ... НЕ.

Избришав преку 20 пораки на мсн, онака со ќејф, без да ги отворам. Цела година ми беше срање на социјален и емотивен правец, никој немаше кога беше најпотребно, и сеа Христос воскреснал. Океј. :pos:

п.с Не го хејтам празникот, само мочам врз луѓето шо го користат за да се исперат за срањата шо ги прават кога Христос не е воскреснат.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.809
Поени од реакции
30.691
Кајги...
Легендата вели, кој ќе испрател исти 20 велигденски сликички и 20 copy paste текстуални честитки на своите fb пријатели ќе добиел гратис две табли јајца.
Христос воскресе, за многу години празникот каде и да сте.
 
Член од
15 април 2019
Мислења
1.110
Поени од реакции
1.565
Hristos anesti hristos voskrese
sreken praznik vi posakuvam na site :)
Автоматски споено мислење:

Hristos anesti hristos voskrese
sreken praznik vi posakuvam na site :)
Ps: fala na site sto mi cestitavte praznik a za tie sto ne mi cestitaa fala ti gospode sto me stitish.
 
Последно уредено:

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Извадив надвор 2x100 ....на 5% е моментално, чекам некој да ме изнервира....ќе просветлам моментално се у радиус од километар :cool:
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
Драга, прво да им честитам Велигден на оние што слават денес, нека ви е среќен празникот.

Сега одиме со останатото.

1. Добро бе, дали се удрени со боздоган или стварно немаат кислород во тоа мозоците.
00:00 рокање некоја будала петарда од тие појаките, ме извади од памет на место. Што убаво си најдоа начин да го дочркаат празникот, на полноќ сите со свеќи во раце на тераса и ете некој мора да направи пиздарија. Петарди за Велигден. :tapp:Света Темнино, сачувај ме.

2. Честиташ празник и на крајот додаваш ,,...Македонциииии!!!!!". Чекај малку бе другар. Само Македонци слават? Нема православни (или општо христијани) Албанци, Турци, Грци итн. И што ако некој Македонец е будист, таоист, телемит, сатанист, одинист... :tapp::facepalm:

3. Некој од спротивна зграда пуштил музика што нема врска со празников, за да го прослави празникот. Некои си т.н. патриотски песни. И ај што немаат врска со празников туку немаат врска со патриотизам, а и тие што ги пејат исто немаат врска со патриотизам.
Комши не ме терај за инат да пуштам сиртаки, ќе скокнеш од тераса не дај Темнино.

Епизодата Боруто, :( џабе беше чекањето. Замараа опет со тоа како тимската работа била клучна за нинџите. Нешто со кое стално го тупеа уште у времето на Наруто.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.453
Поени од реакции
18.455
Драга се зборува светов немало да биди ист после пандемијата, некој вика нема, можеби не знам, но за Холивуд како што го знаеме му дојде крајот.

Мислам дека Коронава ќе се спомнува како крај на класичниот Холивуд. Сега само Нетфликс ќе остани со сета друга стриминг боранија.

Туку заеби Холивуд, јас и на Нетфликс турски серии си гледам :pos:
Пусто турско, 500 години од гени не излегува.

Се надевам турците ќе снимат уште од оваа серија.
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.478
Поени од реакции
6.846
Драга кајгано,

За многу години, на многу лета народе македонскому!
За мене овој празник е убав, го слави животот и не потсетува дека треба да се собереме со семејството на куп како на Божиќ.(макар да сеа со карантинот секој ден сме на куп).

Од другите вести оној со сателитот денеска не сече празник е, арно ама Филип и Тони рокаат од горе на ридов македонски патриотски песни.
Цело маало сме на дворовите на терасите испаднати, сите им праќаат поздрави, го направија празникот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom