Почина еден човек, 44 само, никому штетник, никому проклетинк. По кратко боледување, рекоа.
Онака, мирен, начитан, елоквентен... да можиш и муабет да напрајш и да се нашалиш.
И ќе си речиш уште колку има..., кој е критериумот кога ќе одиме на таква некоја прошетка, дали порано или подоцна, кој ќе се сеќава на нас и колку долго...?
Кога ќе се сетам колку људини заминаа од овој свет и уште на колку им се дешаваат тешки срања во животот си викам јбг, не е ова парче земја место за спокој.
Од поубавите работи... одвај чекам да дојде крај на месец, го мажиме најмалото од брачедите... ќе биди журка.
)
Eх живот... ќе го пробаш и црното од „аерокремот“ и „белото“, па повторно нема да знаеш дали може без едно од нив.