Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.884
Син ми и едно друго дете се возеле на точак, за да не се повредат овој мојот точакот го фрлил на улицата. Толку е саалм и се скршил некој дел.
Таткото на тоа дете што е точакот ми пратил порака со сметка, за да му дадам пари за оштета. o_O
На некои родители поважно им е точакот од смешни 30 евра да е здрав, отколку децата. :toe:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Не ми го чепкајте Аристотел легендата, на часови по логички кола и компјутерски архитектури на факс, ломотеше за семафори на спортски натпревари, за глобализација, ефтина работна сила, Козјак, Александар Македонски, историја на броеви, политика на цени во нашите трговски центри, краставици, висина на планини, се` само не материјалот :icon_lol:

п.с. Се моли Џинџерица да не плука во водата.
 
Член од
18 ноември 2014
Мислења
694
Поени од реакции
1.778
Кајги зошто секогаш добивам чудни погледи од другарките кога им кажувам дека сакам филмови со суперхерои. Само ти ме разбираш Кајги.

Едвај чекам четврток за Avengers :vozbud::vozbud: Ептен сум хајпната, од синеплекс рекоа ќе имало изненадувања и подароци за тие од 8, се надевам ќе даваат action figures :semolam:
Men's night демек ќе било, абе ајде бегај :kuracc:
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Драга...

... мило ми е што гостуваше Тентов кај Јанко. Уште помило ми е што видеото волку се прошири за сите да го видат. А најмило ми е тоа што луѓево конечно гледаат каква тешка идиотчина без никаков грам историско познавање, дегенерик од невидени размери и апсолутно анти-социјално битие е истиот Тентов. Такво лупање глупости за Каменот на Розета ме фрустрираше последниве неколку години и се нервирав што никој реагираше на тоа што типов стекнува слава базирана на лаги. Конечно се појави да се избрука пред народот. За тие што нема да го пуштат видеото пошто е предолго и не се запознаени, на кратко да ви објаснам (инаку професор на електро е и нема допирна точка со историјата).

- Тврди дека на Каменот на Розета (познат археолошки наод поради тоа што на него се испишани три јазици, два вида египетски и еден на старогрчки и служел за дешифрирање на античките писма, КОИ СЕ ВЕЌЕ ДЕШИФРИРАНИ И МИЛИЈАРДА ТРУДОВИ СЕ НАПИШАНИ ВРЗ БАЗА НА ТИЕ ЈАЗИЦИ ИДИОТУ ЕДЕН!), демек имало старомакедонски јазик и новомакедонски јазик.

- Старомакедонскиот го промовирал одамна, уште во 2006та и нормално луѓето се попалиле по тоа. Демек тоа е јазик на античките македонци. Убиј се. Еве многу убава статија на мојот професор уште од тогаш, човек кој има можност кај сака да работи у светов пошто е буквално гениј, но од некоја икс причина за наша среќа одлучил тука да остане и да ги трпи идиотиве ко Тентов.

- Новомакедонскиот му е ново „откритие“, демек третиот јазик не бил старогрчки, туку новомакедонски. Да, the very старогрчки јазик кој јас го изучувам. Јазик кој ЈАС МОЖАМ ДА ГО ПРОЧИТАМ ЈАСНО на фина резолуција од слика од каменот најдена на гугл, камоли пред мене да е.

- Тврди и дека тој новомакедонски јазик го создал ФИЛИП ФАКИНГ ВТОРИ за полесна примена низ империјата. ИМПЕРИЈАТА КОЈА НЕ НИ ПОСТОЕЛА ВО НЕГОВО ВРЕМЕ! ФИЛИП ВТОРИ САМ ИЗМИСЛИЛ НОВ ЈАЗИК ЗА ИМПЕРИЈАТА КОЈА ЈА НЕМАЛ ААААААААААААААА УБИЈ СЕЕЕЕЕЕЕЕ!

- Тврди и дека во Библијата пишувало дека светот бил создаден за 10 дена, дури и Јанко му пререче за ова, викајќи дека он е Христијанин и знае дека во библијата пишува дека за 7 дена е создаден. Дебилов Тентов тврди дека тоа не било убаво разјаснето ( :tapp: ) и дека на деветтиот ден БОГ ГИ СОЗДАЛ АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ! УБИЈ СЕ БЕ УБИЈ СЕЕЕЕЕЕЕ!

- Типот на својот факултет држи КУРС ПО АНТИЧКО-МАКЕДОНСКИ!

Со овие тези, овој... овој.... не знам... не знам каков збор да употребам за што повеќе да го навредам, муле глупаво и издрогриано... со овие тези тој не сфаќа дека ги негира апсолутно сите досегашни сознанија за антиката на целиот свет од 19ти век навака. И после ни се смеел светот. Ќе ни се смее кога промовираме вакви кретеноиди. Би го тепал ко магаре да ми се може. Остај им ја историјата на историчарите, ти ебам името глупо, само не оцрнуваш повеќе, губи се од таму кај што не ти е местото и УБИЈ СЕ!
 

OmarSpears

Stelar
Член од
11 декември 2009
Мислења
1.408
Поени од реакции
3.316
Драгајна,

Сфатив дека ако си поразличен од другите - веднаш не им чиниш. Мора да играш како ќе ти тропаат некои, кои се помали од тебе ама јбг титула имаат.
 
Член од
14 март 2014
Мислења
473
Поени од реакции
1.163
Кајги на луѓето не им чини кога го копираш начинот на кој се однесуваат со тебе и се однесуваш како тие со тебе.
Одма си лоша и злобна.
:cenzura:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Којзнае од кога не сум слушнала некоја убава вест, а не па неколку сврзани по ред.
Луѓе кои лутаат низ светов за парче леб удрени од воз, луѓе удавени заради превртен брод заради истите причини, луѓе кои просат, луѓе кои боледуваат од тешки и одвратни болештини...
Деновите си минуваат, а се помалку гледам насмевка на лицата на луѓето, се повеќе тажни очи и замислени погледи. Се повеќе болка и тажни судбини. Ужас. Некогаш сакам да запре времето и ништо да не постои за да можам да земам здив, не можам веќе да слушам лоши вести... не можам.
 

OmarSpears

Stelar
Член од
11 декември 2009
Мислења
1.408
Поени од реакции
3.316
Драгајна,

Се пресмеав:

Прво утро од протестите пред влада

Станува Шеќеринска од постела. Лошо спиела, т.е. не спиела. Заев и потура водичка за да си измие лице, заби, околу неа и држат крпи, сапун... После оди во импровизираното ВЦ да обави потреба, па во импровизиран туш. Понатаму пружуваат алишта на барикадите. Од понекој шатор се слуша громогласно грчење - ноќта пиеле до касно, се сториле пепел. Игор Шема трча до тобако - Бранко го пратил да му купи цигари. Мирко Попов од пи-ем-ѓи им миска песнички за добро утро. До него Шилегов преслушува бомби и му се дере да намали тон. Покрај нив поминува Милчин кој си го шета кучето во парк. Им дели грантови и хонорари за доручек и носи поздрави од фиљан амбасади и амбасадори и ги бодри да издржат: „Власта само што не паднала“. Му притрчува Соња Исмаил и му се жали оти само Мирко Попов пушта музика. Притрчува и Геро и вели: #%$$$&!!@ жфљмфљ. Никола Наумовски мрчи зошто го ставиле во ист шатор со сељаци. Амон Мра вежба утринска гимнастика. Со шипка. Ива и Борјан си играат фризби со венецот. Спасов репортира со најновите рејтинзи кои надминуваат 106% доверба и се во фрапантен раст. Чика Џура Ќешќец ги пишува новите услови за Средношкоски пленум:

1) враќање на српскохрватски како задолжителен предмет

2) марксизам како задолжителен предмет за екстерно. Коља Мрак се кара со огледалото...

И така...
 
Член од
22 мај 2010
Мислења
630
Поени од реакции
109
Прв пост во овој дел....
денес после колку време го земав велосипедот и правец кеј истерав 45 км на раат кога нема гужва уште времево да ме послужеше сите годишни времиња ги поминав од сонце до дожд со град ...али чуството е одлично ! :)
 
Член од
21 јуни 2011
Мислења
93
Поени од реакции
170
Хелоу,
Денес додека возев ме фати дожд, се вратив дома како мачка накапана и плус од глава до пети бев во кал. Згора на тоа немаше топла вода, па се туширав со ладна, беше стварно cool :D
Од сега ќе внимавам што споделувам со тебе драга моја, зошто дечкиве почнаа да ме зафркаваат на ПП, а јас како неонка касно палам, па додека сфатив што се случило поминал возот :)
На семките што ги ставив да 'ртат му менувам вода, но сеуште нема знак дека ќе пуштат нешто, се надевам ќе ги биде.
Ќе си вдомам мало,слатко,сиво мачорче, тогаш ќе те дружам помалце, но нема да те заборавам. Сеуште не сум му смислила име, мора да се размисли за тоа деновиве.
Иначе денес отидов на разговор за работа и најверојатно ќе почнувам, едвај чекам, спобудалев дома :)
За денес се одјавувам, гушки и бацки. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom