Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
9 ноември 2017
Мислења
523
Поени од реакции
1.161
Ова лето ми е едно од поинтересните лета, иако пола друштво ми е на work&travel. Не знам, од никаде ме пукна некоја носталгија на летата кога бев по мал, второ, трето одделение. Стани сабајле и одма на компјутер, рокај GTA Vice City додека помине жешкото. Коѓа ќе залади излези на игралиште и играј фудбал додека се стемни, потоа прави маалски бељи низ населба со друштвото па во 11 мртов уморен во кревет. И така секој ден, 3 месеци. Затоа изгледа тогаш летата ми се чинеа многу подолги.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.956
Поени од реакции
35.497
Ми се повраќа од новопечени родители со зборувањето во множина за нивните деца. Ние какавме, ние јадевме, ние спиевме. :pov:
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
"Дали сте за ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Македонија и Грција, ќе гласи референдумското прашање."

ДК,

Ова се три прашања за кои различни особи може да имаат различен став.

Како аналогија на ова предлагам ново референдумско прашање.

Дали сте за бесплатен сладолед, легализација на силување и педофилија?

Мислам дека е прилично јасно дека во зависност од индивидуата овие прашања може да имаат различен одговор и не гледам било каква причина за нивно групирање.

П.С Мислев да излезам и да гласам ама со вакво прашање доста веројатно е да го бојкотирам референдумот.
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.863
Поени од реакции
6.370
Еее Кајго мари Кајго.. таков е живото заебан, зависи ка го глееш де... дек добиваш.. дек губаш... нема ќар без зијан...нема бело без црно...нема с'нце без месечина...факин јинг јанг, џабе не мее тетовиран на грбо... ќе ти пишаах оште баја, ама си викам па, ного те боле п*****а на тебе за мене, јајчарко недна. И нем да чуум литературно, ово оно, на пола форум ти говорат на Кумановски и на никој не си преговорила ни збор. Ај саа да си доработам смеента, уш 4 саата иде колегеницата па да оом да нанам .
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.893
Поени од реакции
7.569
Драга Кајгано читам и се чудам дека има толку мрднати у мозоците во Србија. Деца се силуваат и убиваат.
https://www.blic.rs/vesti/hronika/13-godina-od-najjezivijeg-ubistva-u-srbiji-odveli-trogodisnju-kaju-u-zvezdarsku-sumu/s59k4g2?ref=fbblic
Дали поремерувањево кај луѓево што силуваат и убиваат деца е последица од бомбардирањето или што е причината не знам но сепак одвратно и под итно мора да се воведе смртна казна за ваквите лудаци.
 
D

dobramuzika

Гостин
беспотребно се прават нервози на работа, време е за слушалки и некој далечен свет
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Зошто сите бутици во Македонија го имаат истиот мирис на ефтин (и канцероген) освежувач за воздух? :toe:
 
S

staycalm

Гостин
Како што овие (ултра) десничариве можат да бидат контрадикторни сами на себе никој друг не може. Почнувам да мислам дека за да си десничар еден од условите е да владеат двојни стандарди и хипокризија во сопствениот ти карактер. бљуц
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Некои на работа се повеќе за штета, отколку за корист. Од нив само повеќе се одложуваат некои работи и никогаш нема да има профит. Наведено е што точно се бара и почнуваат така, не се замараат и продолжуваат по нивно како што им одговара. Па не сте дома бе па што сакате да правите.

Не ми е јасно толку ли е тешко да се работи на еден начин како што треба, а не да се менува и комплицира. Мислејќи дека ќе го скратат времето на изработка тие го продолжуваат.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Една добра работа не може да ми се случи без да е „на туркање“ што вика другар ми т.е. без да излезат куп пречки и зафрканции. :mad:

Чекав две недели да ми стигнат документи за да аплицирам за лимит на трансакциска. И кога конечно ги дочекав и аплицирав, ми одобрија само пола износ. А ми требаа за патување во септември што го планирам месеци наназад.

Сега имам три опции. Прва, да дишам на жабри месец и пол за да го заштедам последниот денар. Втора, да одам на некоја друга и поефтина дестинација, и пак од почеток да планирам и да правам пресметки. Трета, годишниот одмор да го поминам како пензионер во мојот град, а подобро искрено би одел на работа секој ден. :toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom