Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Фб и достапноста до широкопојасен интернет, масовното производство на компјутерска опрема и падот на цените на компонентите кои што ја сочинуваат информатичката технологија: лаптоп, десктоп компјутери, смарт телефони, развојот на софтвер програмите...заедно со визната либерализација од 2009 година, мамата му ебаа на просечниот македонец чие IQ е за еден поен повисоко од прагот да биде прогласен за ментално заостанат.

Сите овие работи се премногу за мозокот на рандом граѓанин на оваа држава наеднаш да ги процесуира, па нормално, брзиот проток на информации не поремети уште толку. Со други зборови видовме како живее цивилизираниот свет, излеговме наеднаш од информатичкиот мрак и 25.713 километри квадратни со помош на ефтините летови на ВиззЕр. И сега во услови на економска инфериорност, плати од 200€ се обидуваме да го копираме нивниот стил на живот како што знаеме и умееме во едни наши услови, наш балкански менталитет кој што се развивал во изолација векови наназад. Кој шок е тоа за индивидуата.
Од сето ова произлегоја еден куп квази интелектуалци, инфлуенсери, кои што му го перат мозокот на стадото. Старите вредности се заменија со нови. Еден куп работи погрешно се интерпетираат...
Се прашувам какви генерации ќе создаде ова ново модерно доба.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Пројдени се 20 години од кога е напишана песнава....ехеее, бело Marlboro пушевме, јадевме, пиевме ко луди (к***ц било добро, ама у споредба со сега, ехеее)...поише за сега е песнава, ама ете ја патетиката, иронијата - да ги напишам овие стихови и да одам у Струга да римувам на „прослава“...све имам у животов видено веќе.
...да, Мирко пиемџи го забораив, он е у Куманово...


(Мојот) град, главен град, република морони
Ако треба ново име измислувам, Бонбони
А погледот најубав одозгора врз овој град
Од авион што си оди од едносмерно од овој град.
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
184
Поени од реакции
237
Се подсетувам, и тоа ми е прва свесна помисла додека се будам: луѓе со кои сум разговарал и живеат во арктичкиот, Северниот поларен круг: во Норвешка, и Русија, ... и луѓе кои во градови во Германија живеат како странци-емигранти од презрени земји ... : тие сите ми одговараат дека се поздравуваат со комшии од нивна зграда, и од згради соседни, додека јас роден и егзистирајќи во Македонија , без да со било кој се замерам, од свои комшии сум:
- избегнуван,
- НЕ ОТпоздравуван,
- кога иницирам контакти и соработка ми се враќа со студенило, ... и вандализиран сум бил ...и ми се муртат ...
Оттаму веднаш се подсетувам на исказ од еден овдешен човек од постара генерација : Живеам во свој роден град, сред прекрасна природа која е на разгледници, и се чувствувам како да сум во затвор. Еден огромен затвор. И тој да го видиш изгледа прекрасно, како сценографија на филм од Калифорнија. Крстови насекаде - симболи на религија чие правило бр. 1 е сакај го блискиот. А се чувствувам како да сум во еден затвор со невидливи ѕидови!

Ова се феномени никаде спомнати во сите дебели томови во светот на академско знаење,
И наспроти токови на природен живот -
Си го превртувам ова низ глава, и додека станувам доаѓам на раб на самоубиствени мисли,
И се опоменувам: DON"T PANIC!
Остај, ова само некоја голема сила може да го адресира, : некоја армија да препознае „Тука нешто НЕ е во ред“ ... и организира масовeн егзорцизам.
- си мислам стигнувајќи до кујна- глеам на сат: десет до шес. Се осеќам беспрекорно ... физички.

Гледам на календар: петок, 13.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Бараат да им се реши некој проблем, некој губи време за да им помогне и на крај ни фала ни ништо.
Не живеам за едно фала, ама сакам да го слушнам. После себичен си, идиот си кој знае и може, а не сака да ни помогне. Епа нема кога не знаете цените. :toe:
Толку од мене, никој никогаш нема да види моја помош во било што. :свиркам:
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Д....покрај Перл Б...Ернес Х...кај кој има што да се прочита и овде во оваа твоја тема гледам почесто има такви надарени лица.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
За многу работи има решение и лек, ама мислам дека простотилакот, сељаштвото и немањето општа култура тешко дека некогаш ќе се искоренат на овие простори.

Вчера на пауза од работа тркнав до Тинекс да земам нешто набрзина. Застанувам на касата да чекам ред. Пред мене една жена привршуваше со плаќање, а после мене чекаше еден човек од ромска националност. Кога ете ти една госпоџа, ни срам ни перде, дојде и преку ред застана пред нас двајцата. И тоа имаше пазарувано како да ќе опремува личен бункер за не дај боже да не почне трета светска војна.

Прво човеков зад мене и вика најкултурно да се тргне и да чека ред. Оваа се смешка и ништо не реагира. После и јас и тој во исто време и викаме да се тргне назад. Оваа пак се прави глува, кога од некаде се појави друга госпоџа што пазарувала заедно со неа. И ни да се извини ни ништо, ни да и рече да се тргне, оваа зеде да урла и да се дере по човекот: „Доста бе ти, најгласен си тука. Племе некое, се’ на вас не ви е погодено“.

Абе се изнервирав повеќе од него. Ми идеше да ги треснам по една и двете. Зедов и јас го дигнав гласот на онаа што чекаше, и оваа конечно се тргна. Другарка и продолжи да ломоти нешто, се брзале, не знам што. Среќа човеков не им обрна толкаво внимание, најкултурно си плати и си отиде.

Не, браќа и сестри земјаци, нема врска кој што е и во што верува. Има врска дали си хомо сапиенс или суштество што не е ни за на планина.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.734
Поени од реакции
24.373
Начукал 30 и кусур години, невработен, живее со неговите, бил во депресија, па од жал го частиш одмор и го шеташ низ цела факинг Европа без да бараш да ти се оддолжи некогаш и дојде ред цинично да ми соли памет и да ми кажува како треба да бидам поодговорна со парите и да не го правам капитализмот среќен. И после се чудат зошто ги отпишувам од животов без око да ми трепне. А и мене памет не ми иде...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Знаеш дека треба да земеш одмор што поскоро кога појадокот ти е упсарин и/или аналгин :tapp: И матна вода да ве земе сите што квичевте за времево ладно дека било, спиеш навечер колку да се рече дека спиеш, стануваш како да те тепале ама топло да било важно :tapp:
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.642
Поени од реакции
27.907
Живее у Ѓoрче,рaбoти прoдaвaчкa у Пoртa Влaе a oд oбрзoвaние зaвршилa среднo текстилнo пaк у Ѓoрче.Мoстoт Oбединети Нaции и е грaницa и нoси пaсoш сo себе кoгa гo пoминувa aмa јaкa билa,јa имaлo у спoт.Ах бре децa,штo дoживеaвте
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
182
Поени од реакции
635
Не бе другари, никогаш во животов нема да речам заминав од с.македонија ради пари или љубов, само од ретардирани работи кои се случуваат околу нас секојдневно...се слави покана за нато човече, последен пат во болница ко бев тажна слика беше за и тие луѓе со мали деца шо мораат да одат да се лекуваат, БЕДА! Егоистични ко*илиња без грам мозок и чест шерифуваат со народни пари, не мислев дека ќе се поминат некои граници ама очигледно можи да се оди до даље.
 
Ф

Флеш

Гостин
Сум работел денеска личен рекорд работно време за ден ,од 08:30ч до 00:40 часот .....Се погоди денес,едниот на одмор,другиот колега во болница да го однесеме . Морав дупла смена и да обработам работи за сите ,скоро сам и окапав касно вечер.:confused:Уморенннннн ...... 14 саати+два/три саата ...... 17 часа:cuc: А утре сум прва од 30 до 9ч.Утре гужва.Глава ме боли.Уше фали да се укинам:jajce:
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.096
Поени од реакции
16.291
Драга К,

Денес точно 3 недели од кога излетав со колата од пат и ја напрајв дроп, и то салам летнав. Посекотини наебиеници али добро е, преживеав. Оваа случка ме натера уште поќе да мислам ко да не беше доволно. За влакно куртулив.....И сега накаде? Сега шу праиме ?! Имам одлична работа (да се вработив пред 6 месеци) одлично платена, ама секое ебано размислување ме носи надвор од тука.....Ми лута умот пак, overthinking до макс....Ќе издржам, учен сум....

ДН
 

Kajgana Shop

На врв Bottom