Абе Христијани се правите (генерализирам не ме цитирајте јас не, јас не) а гледам по сториња на Велигден испоседнати по кафани, кафичи, отидени во Сити Мол каде што знаете дека вработените со петиции се за секој можен празник, и тоа скратено работно време за празникот од петни жили го вадат и морате и на Велигден да се трапосате на кафе. Кај луѓето се на работа наместо да си се дома со фамилиите, мора ли и вие да идете, да им цедите енергија ако ништо друго? До толку ли е проблем барем еден ден дома да се остане или низ маало да се прошета, со точак да се отиде некаде?
Не сум верник ама на Божиќ и Велигден никаде не одам чисто од принцип, нема потреба некој што му се погодила паричката што се вика да работи дента, бонус да се замара со мене, има и други денови.