Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
8 јуни 2010
Мислења
105
Поени од реакции
261
Драга Кајгана,
Мислам дека креаторов на Супермен(според Википедија, извесен Џери Сигел), бил депресивен. Ќе ти елаборирам и зошто:
Телото на Супермен е како една огромна батерија, која ја впива сончевата енергија и потоа може да ја користи за летање, тепачки и оној зракот од 1000 степени што го пушта од очи. Ако го ставиш Супермен во темна просторија и го тепаш доволно долго, изолирајќи го од сончевата радијација, можеш реално да го убиеш.
Епа сеа, ај кажи дали не сум во право кога го поврзувам ова со обичниот човек. Како да не ти скурчи од времево, и да не станеш депресивен бре?! Станувам сабајле, темно, влажно, помочано, и цел ден си останува такво. Прогноза гледам, цела недела вакво, No shit Sherlock! Неверојатно е само колку многу ми значи сонцето и ми подобрува расположение.Како успеваат тоа Скандинавците да се толку среќни на толку темници и магли маме му ебам, мене ми иде у Бразил да се преселам(не мора баш таму, еве и Куба би ми завршила работа:D) .
Од сега си знам дека цела недела ќе бидам млитав као сварена шпагета. :cautious: Пу јазк, ти се мочам у животот кога сонце не може да те огрее ни буквално, камоли па метафорички...
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.599
Поени од реакции
7.194
Драга
Ми заврши зимскиот одмор, прв ден идам на работа, се појавувам и го гледам човекот задолжен за камерите. Штом го видов, си реков има некој проблеми. Влегов, и ми вика, ај да излеземе надвор на цигара.Му викам ајде ќе идеме.Палам цигара, ми се врти и вика, ќе ти кажам зш имам доверба у тебе.Ок му викам, кажи. Абе пази ја колешкати краде пари од каса,да не проба да краде и денес. Се спремив за работа, ми доаѓа шефицата и ми вика можно е да дојде еден и да краде производи.
Супер,си викам ќе изигравам полицаец. И комплетна да биде сликата се расипа пц-то, и заглавив до 23h чекав ново пц.
Се мора јас да бидам човек од доверба ии човек кој мора сите да ги слуша како се жалат и плачат.

Е тоа е животот.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
ДК

Две години условна за 2.5 милиони денари(читај 35 илјади евра), а 3 години затвор за 150 ќебапи неколку килограми плескавици и алкохолни пијалоци(дури и виски да крадел не верувам повеќе од 500 евра да е по набавна цена).

И така во нормална држава ќе превртат се, кај нас најверојатно ќе нема никаква реакција освен некој коментар на фејсбук.
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.792
Поени од реакции
7.012
Меѓу Мага и мене расте едно мочуриште од зборови, само што ќе не` разделат неколку часови и неколку блокови и веќе мојата мака се вика мака, мојата љубов се вика моја љубов... Секогаш ќе чувствувам се` помалку и ќе се сеќавам се` повеќе, ама што е сеќавањате освен јазикот на чувствата, речник на лица и денови и мириси што се враќаат како глаголите и придавките во разговорот, одејќи малку пред самите нешта, во чистата сегашност, растажувајќи не` или викарски учејќи не` се` додека самиот човек не стане викар, лицето што гледа наназад широко ги отвора очите, вистинското лице се брише лека-полека како на старите фотографии и Јанус е наеднаш кој било од нас. Сето ова му го кажувам на Кревел, ама всушност зборувам со Мага, сега кога сме толку далечни. И не и` зборувам со зборовите што послужија само за да не се разбереме, сега кога е доцна почнувам да одбирам други, тие нејзините, обвиените во тоа што таа го разбира и што нема име, аури и тензии што напукнуваат воздухот меѓу две тела или со златен прав полнат некоја соба или стих. Но, зар не живеевме така сето време, повредувајќи се слатко? Не, не живеевме така, таа ќе сакаше, ама јас уште еднаш го воспоставив лажниот ред што го затскрива хаосот, пак се преправав дека се предавам на еден длабок живот од којшто со врвот од стапалото само ја допирав ужасната вода. Има метафизички реки, таа плива низ нив како онаа ластовичка што плива во воздухот, вртејќи се хаулуцинирачки околу камбанаријата, дозволувајќи да падне за да стане подобро со импулсот. Јас ги опишувам и ги дефинирам и ги посакувам тие реки, таа плива низ нив. Јас ги барам, ги наоѓам, ги гледам од мостот, таа плива низ нив. И не го знае тоа, исто како ластовичката. Нема потреба да знае како јас, може да живее во мистериозниот неред без ниедна свест за ред да ја задржи. Тој неред што е нејзин мистериозен ред, тоа боемство на телото и на душата што и` ги отвора ширум вистинските врати. Нејзиниот живот е неред само за мене, закопан во предрасуди што ги презирам и ги почитувам истовремено. Јас, осуден да бидам непоправливо ослободен од Мага што ме суди без да го знае тоа. Ах, пушти ме да влезам, пуште ме да видам некој ден како гледаат твоите очи. Хулио Кортасар.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.953
Поени од реакции
17.706
Сакам да живеам помеѓу народ како што се Хрватите или Грците кои се национално освестени и за својата нација би направиле секаква жртва без да размислуваат за последиците а не како нашиот народ кои не знае самиот себе да се цени и ги сака сите повеќе од самиот себе.Да ви се серам у уста на сите кои само викаат тито да се врател или турчинот пак да дојдел.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.651
Поени од реакции
34.932
Во Македонски Железници гарантирам дека нема еден нормален!
Абе мамето да им го ебам, слушаат само што ќе им кажат политичарите и не го користат и тој грам-два мозок што го носат во тиквата. Кажа Гвујо викенди бесплатни за млади до 27години и за пензионери, овие го продолжија истото, еднаш се возев пред пола година и се пцуев себеси оти влегов во тој мочан воз, вчера пак истата приказна, повеќе народ стои од што седи на патување што трае 3 часови, се чудам кога ќе ги преврти некој очите поради што нема воздух и ваљда ќе му дојде памет на лингуриве. Ако веќе сакаат да нудат бесплатно на пензионерите и на младите (читај на гласачите) нека направат некој систем со картичка на која имаш на пример 2 повратни карти бесплатни секој месец, па користи ги кога сакаш, така ќе се разреди народот во повеќе денови и ваљда нема се газат како стока.
Не бе додека постои политика и религија, човеков ќе живее полошо од било кое битие на планетава.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Драга,

Си ја пополнуваш твојата даночна пријава и ти текнува дека Ивончето не платила данок за колку беа таму, преку 50.000 евра, што она, што фирмите нејзини заедно. А доби условно две. Двечки само.
Браво за Ивона, бацки. Поентата, не се плашете од затвор, крадете кај стигнете, државава има многу можности само за тоа, али имајте си дебели врски за да не стигнете дотаму.
Правниов систем покажувал, покажува и ќе покажува дека се најлајно во државава. Да ти е срам да кажеш дека правен си завршил, бар мене би ми било. :/
 

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.306
Поени од реакции
10.320
Кеј,

Пет фудбалери можам во истава секунда да набројам што затаиле над милион евра данок.Тој број можам да го помножам по 10 за да ти кажам колку луѓе си платиле за да не лежат затвор.Исто ќе ги потсетам твоите посетители дека во државава има моментално 10 луѓе кои во последниве 10 години убиле човек и не легнале минута затвор.Чукнете си ја главата сите до еден како да не знаете дека живеете во земја на можности чие мото гласи „се што не може со пари, може со малце повеќе пари“.


Да не се сфатиме погрешно и мене ми смета тоа што законите не се исти за секој, ама се додека некој фрла ѓубре во контењер а друг си го остава пред влез не очекувам ништо повеќе од овој тастатура народ без мозок и свое јас :)
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.626
Поени од реакции
81.472
Кој е тој Раста, и што е фамата околу него? :unsure:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom