Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.142
Поени од реакции
16.056
Драга,

Кога комшијава се дере по детето, ја пцуе нормално мајка му.
И се тие пцовки му се, ич не е креативен, нешто ново да убаци, да смени програма, малце разновидно, тоа дете сепак треба посолиден вокабулар да има. Не, он се да ти ебам мајката. (n)
И секогаш си викам тоа и го заебало, од тој чин тој уствари сега има проблеми, го боли глава и се дере цела зграда да го слуша секој ебан ден. Можда да беше социопат повнимателно ќе ги бираше и тие зборови, али не, овој е само една обична, глупа, луда будала што не требало никогаш да се размножува. (y)
 
Член од
30 август 2017
Мислења
998
Поени од реакции
1.434
Како дете повеќе од времето го поминав со мојата почината баба, родителите беа на работа, брат ми е многу повозрасен од мене он идеше во школо по 5-6 саати, пролетно време особено, обожавав многу да се качам на дрвцата во дворот и се случуваше понекогаш да не знам како да се симнам, ме фаќаше страв, паника и додека баби ми си работеше нешто надвор во близина ја прашав како да се симнам сега, синко како се качи симни се, беше нејзиниот одговор. Фала многу бабо што ме научи животни лекции за разлика од родителите кои којзнај каква паника ке правеа во таквите моменти како што знае да прават.
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.263
Поени од реакции
1.975
Овие денови баш убаво си поминав на факултет.Си направив кул муабет со колегите и се надевам дека тоа така ќе продолжи во ист правец. :cool:
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.121
Поени од реакции
13.206
Деновиве читам многу за трагични, комични и траги-комични ситуации во автобуси на ЈСП, па ми текна да споделам тука 2 дешавки.

Дешавка бр. 1

Се договараме да одиме за Матка. Станувам се, дури и побрзувам иако знаев дека нема потреба од брзање. Гледам на тоа чудото пишува за 17 минути, си викам аее ја волку на увид не чекам, ама ај добро седев на телефон. И поминуваат 17 минути, од бусот ни трага ни глас, доаѓаат 5 други и одеднаш се појавува 60-ката (после 10 минути откога требаш да дојде можеби) и не само што се појавува, туку и шиба покрај мене во 2ра лента, внатре полн со патници, воопшто не застанува на постојка. Известувам одма другиве што чекаа на другиве постојки, на Лептокарија застанал, на таа после Лептокарија исто не. А што е најјако минимум 10 души исто чекаа кај хотел Карпош и не се качија. Може некој живее таму се враќа или оди дома, не му е само за тепање време во природа ко нас, али ај ваљда блага ретардација го фати шоферот. И добро како алтернатива ни текнува ајде до рекорд да фатиме бус таму ќе чекаме за на Водно, да не ни пропадне денот. Чекаме пола саат и таму и после наоѓаме некаде на нивниот сајт дека во понеделник немало бус и ај :kuracc:, фаќаме тројка до Панорама и одиме пеш до средно место до горе за да не отиде цел ден дека некој се брза некој други планови имал итн. Само што тргнуаме да се симнуваме почнува да истура небо и земја да се спојува, и ко покиснати глувци се прибираме. Некогаш животот ти праќа знаци да се откажеш, треба да го послушаш...

Дешавка бр. 2

Повторно дестинација Матка. Се договараме исто секој на различна станица си чека. Автобусот што требаше да го фатиме воопшто не се појавува, и го чекаме наредниот за 1 час отприлика, во меѓувреме фатив бус друг за три станици до СЦМ и го свртев целиот 3-4 пати, тие што чекаа на други станици ептен ги жалев, ваљда чавки броеле. Се качуваме конечно, автобусот фул, првпат сите се собравме да си видиме очи во Ѓорче пред да сврти за Сарај, арно што имаме телефони па така знаеме да се преброиме дека сите сме се качиле. И само не остава кај таа продавница во Сарај не знам во кој дел спаѓа, и вика еден од двајцата возачи ваљда тој само знаел македонски,“за 15 минути ќе дојде пак ама друг, сега мора надвор“. И ај сфаќаме дека сите треба да искачаме, ама у бусот и доста странци кинези што ти знам ја, и ни доаѓа возачот не прашува дали знае некој англиски да објасниме, и ај прво нас ни објаснува што треба да гласи објаснетото уствари дека и нас не ни е јасно. И вика морало да оди до друго место, помал бус да земел, овој не можел на ваков пат - се реконструирал патот, ќе се врател за 15 минути. Ај објаснивме и тргнавме дека не мрзеше да чекаме. Тргнавме пешки и после 20 минути одење, на 1 минута до автобуската каде што треба уствари да остави - на Матка, не собира братов и не вози 200 метра :LOL:. После за враќање доаѓа автобус нормален обичен еднокатен од новите (кои претходно не биле дозволени да одат на патот демек), и не вози до истата трафика и вика симнете се тука, јас го оставам на последна 2ка :ROFLMAO:. И дојде после 20 минути откога се симнавме 12ка, ја наредивме.(y) Чиста среќа си реков што не сум некој залутан кинез што видел убаво сликиче од Матка по нет и си рекол „аа мора да се посети “, ќе сум се усерел од страв 100% :нинџ:
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.492
Поени од реакции
8.121
Драга, веќе некое време користам електронска цигара (6 месеци). Ги откажав цигарите скроз (извини, напраив еднаш cheat 4-5 дима, и ми се згади, пијан бев јбг). Освен нели кога посолувам фиљани.

И сеа, ја као пушач кој цепаше по кутија дневно 8 години (некогаш повеќе, кога се спремаа испити поготово :D ) ... ГАРАНТИРАМ дека електронсково е 95% ПОМАЛКУ ШТЕТНО од цигарите. Ја би рекол дека е милион пати боље, ама ај да не претерувам (ќе идам по логиката на оние истражувања кои ја извадија таа бројка од 95%). Почнав со 18мг никотин, сеа сум на 6че. Планирам од нова година да преминам на 3 мг. И после тоа, здравје да вејпам без никотин. Тоа ми е планот, да сум жив и здрав. И морам да признаам дека неам шлајм, не кашлам, КАФЕТО Е ПОДЕДНАКВО (ако не и повеќе) УБАВО, си мењам вкусови и тн, капацитетот на белите дробови ми е драстично зголемен (знам како беше 20 минути на точак/орбитрек тогаш, па сеа која разлика е).Да не почнувам колку осеќам на џебот дека не пушам цигари секојдневно.Ете мала кратка промоција и позитивно искуство за тоа како да се заебат цигарите, или да се избере многу по здрава опција. Но, да не се лажеме. 1/3 од животот бев пушач, и морам да кажам дека скоро СЕКОЈ ДЕН Е БОРБА за тие говна.
Но ова не е излагање за тоа.
Пред некој ден брат на еден другар (кој има 18че)онака ми рече "у тоа има 100 пати поише хемија отколку во цигарата". Ме изнервира ептен, ми дојде преку кур да се објаснувам со секој имбецил. Малце ептен ме погоди детево, незнам зашто. Му реков "ја кога пропушив цигара, дечко ти беше буквално прваче". Хаха, као лета времето еј.
Каква љубомора постои меѓу луѓето страшна работа. Кога им ја видам фацата само кога го слушнат ова што им го зборам... instant црвена им станува фацата, ме разбираш.
Сум седел на маса, кафе, се среќавав со разни фаци у тој период, и нормално дур седиме/пиеме whatever, ќе повлечам од електронскАта.
НАЈГОЛЕМ ДЕЛ од нив, пушачи (14/15 души, некоја статистика) : "Џабе го пушиш тоа, џабе се лажеш само дека ќе ги откажеш" па се до "Тоа што го пушиш е 100 пати поштетно", "ааа се осеќа ова дека е хемија","ја имам вакво нешто дома џабе парите си ги фрлив" па се до сељачки потези ќе ми пушат право у фаца БУКВАЛНО ради љубомора. Зборам за рандом рандом луѓе.
И сеа, фаци кои ни пробале, нит знаат како е, од пуста љубомора ќе наоѓаат начин да го релативизираат тоа што го праам, пошто се осеќаат лошо зашто они пушат а ја више не, и самата реакција им е таква сељачка (ретки се оние што сфатиле дека стварно ова што го праам е боље).

Добар дел од тие луѓе ќе објават на фејсбук или социјалните мрежи дека се НАЈДОБРИТЕ персони на светот, како они донираат, на мравка не газат, демек скроз се со позитивна енергија и што уште не.

Поентата е, колку и да сакаш да го смениш својот живот на подобро, НАЈГОЛЕМ дел од луѓето со МУАБЕТ ќе пробат да те уназадат у тоа што го праиш (пошто нели неможат со дела). А тие што можат и со понашање и со дела да те уназадат, око нема да им трепне за тоа, ќе те уништат и уназадат инстантно. Секој ден се поише хиени има по реалниот свет, кои се кријат позади "виртуелната" позитивност и добрина, честопати креирајќи скоро биполарно растројство.
 
Последно уредено:
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Неколку апатични забелешки, по ништо посебни
Има некаква колективна предодреденост кај македонскиот народ која го тера на самоуништување, некаква желба да се испосере врз се она што имало или има некаква за него вредност, да обесмисли, да обезвредни и идеологии и идеали (исклучоците се немоќни, малубројни и поради тоа, за жал, неважни). Таква е и нашата политичка „елита“, независно од о/позицијата што ја има (а каква може да биде кога е наша?). Тоа што некој сака да краде од подрумот па нагоре, а друг претпочита да започне со таванот, не е некоја утеха.

Бидна она што се очекуваше, некој го јаде, некој ќе го јаде допрва, некој утре сабајле. Некој ќе доживее сатисфакција, друг ќе биде огорчен. Не верувам дека штетата ќе се санира на некакво задоволително ниво. Ќе има, како и секогаш, многу мачкање очи, преговори и договори во сенка. За да се добие нешто или да се остави место за замижување во иднина. Одолговлекувања и одолговлекувања, се додека емоциите на мнозинството не испарат.

Не, не се исти, ама слични се. Не сакам да релативизирам, оти е многу непопуларно :) и наведува на претпоставки дека прикриено се навива за одредена екипа, или пак укажува на млакост, на нерешителност, на блуткави гледишта. А можеби се работи само за заклучок дека кога двете страни што се менуваат во реденката, државата и народот се секако силувани, на овој или на некој друг начин.

Иако сега не изгледа така, за две-три или за 7-8 години (ќе имаат време да се истакнат и овие :) ), ќе има многу огорчени и жестоки критики, а надежта молчешкум или гласно ќе биде насочена кон она што било плукано претходно (што е голема кратковидост и непростлива грешка, која постојано е во игра). И се така во еден смрдлив круг, како онаа фамозна змија што се храни со сопствениот измет.

И допрва очекувам да се изнаредат куп нови скандали од секаков тип, непоправливи штети, многу ароганција, продавање магла па и груба игра. И пак ќе има бесни критикувачи и такви кои ќе бидат на новиот браник на татковината, што од наивност, што од желба да се зачуваат сомнително стекнатите позиции. Власта е огледало на народот. Тоа дури и не е некое искривено огледало.
 

раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.684
Поени од реакции
1.990
Не верувам во судбина, колку и да ми зборува баба ми кога соселанка на 90 години ќе падне на мраз и ќе почине пошо нели било пуста судбина.
 
Член од
30 август 2017
Мислења
998
Поени од реакции
1.434
Драга ми фали ретро Скопје од крајот на 90-те почетокот на 2000-те:(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom