Драга Кајгана (виртуелен дневник)

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.789
Поени од реакции
6.992
Е да се потсетам на една случка. Една кретенка, гомно смрдливо од човек седи и пие кафе во еден од локалните кафичи. Влегува мало девојче, накај 12 години и почнува да проси. И кучкава глупава и смрдлива и` се дере: првин, научи македонски, а потоа барај пари! Какво гомно од човек. Значи, не, не си должен/должна на просјаци да даваш пари, не ни мислам дека е тоа од помош никаква, туку е само чистење на совест, ама ти, од удобна позиција на некој што имал можност да се школува, да пие кафе, да има куче, да патува, да има хоби, да оди на протести, да црта, да пишува, да оди на кој факултет сака, да има истенчен избор за музика, па, м.м.е. барем, разбери ја привилегијата што ја имаш над некој што цел живот не знае ништо, освен просење. Ама да, да се направиш курназ пред другарките е поважно. Гомнарка глупава.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.052
Поени од реакции
12.936
Пред некој ден бев сведок на една од најневообичаените ситуации во мојот живот. Се качуам во 5-ка автобус последен и гледам после мене вратите не се затвараат, поминува минута време автобусот стои во место, и дури гледам никој од луѓето не се чуди сите се мирни, таман помислив сум скренал нешто и кога гледам едно девојче трча (околу 25 години) трча а шоферот ја чека и тоа кога видов беше на 20 метра одалечена, господ знае од каде ја видел шоферот дури. И добро се качува девојчево, и шоферот само им вика ама ви падна лимонот (имаше кеса во неа со 3 лимони), и девојчето му вика “абе остај сега да сме живи и здрави“, возачов вика нене како така, оди земи го јас тука ќе те почекам не одам никаде, и девојево вика “не бе остај сега за еден лимон“, и возачов и вика абе оди земи го лимонот, те чекам ајде. Во тие моменти се прашував дали да истрчам да го земам лимонот, дека одма на врата бев, а на ситуацијава фалеше уште шоферот да стане сам да отиде да го зеде лимонот. И ајде после терање за лимонот, отиде девојчето да го земе и шоферот ја почека, се на се 5 минути на станицата си чекаше автобусот, а 2-3 се качивме.

Е ако за се лошо што е, знаеме да кажеме “ова само во Македонија го има“, еве и за ова да кажам, ова само кај нас го има :cuc:
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Кога веќе се одмотува клопчето...

Како мал ме има пипкано (со влажни раце кои мирисаа на есенција за туршија) Благоја Спиркоски - Ѓумерко.
 
Последно уредено:

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Драга Кајгана,
Да ти се пофалам без за прв пат на масажа. Така убаво чувство на релаксација, само не ми се свиѓа што требаше да трае околу 40 минути, а траеше помалку. Ама како ме раскрцаа, рбетот ми пукаше како на филмовине кога им ги пукаат коските:D Сега си тргам пари на страна за некое време пак да си закажам масажа. Дури видов дека има онакви масажи што траат и под 70 - 90 минути:love:, само што се доста скапи. Уствари не се тие толку скапи, колку што платите ни се мали:ROFLMAO:
 
S

silmarillion

Гостин
Само во две ситуации човек неможе да си го исконтролира изразот на лицето.

1. Кога ќе дознае за некој што го знае дека е геј
2. Ликот на конобарот у Сушико ко ќе му платиш со метални 50ки и 10ки
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.732
Поени од реакции
24.352
Ова фејсбуков што направија да покажува кога некој е активен, дури и кога е офлајн за сите пријатели, ми го уништува мирот. Човек не може на раат да игнорира народ.
Патем, зошто мора да постои старост?

 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.240
Поени од реакции
4.433
Баш ми значи коа некој толку образован, со толку искуство и на висока позиција ќе ми каже си се сменил многу за 9 месеци на позитивно и комотно може јас да не сум тука а ти да ја вршиш истата работа. Иако пред 9 месеци ми било неразбирливо нешто и не сум ни знаел шо да прашам. моментално таман ќе помислам нешто да спомнам у следна секунда она го зборува тоа. :вонзем:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom