Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Јас сум приметил многу мајки со своите мали дечиња зборуваат на англиски, сум го видел тоа по улици, во зграда, во лифт, не можам да разберам која е поентата, го вежбаат јазикот нешто??
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Ништо не е погрешно ако детето уште од мало се интересира и сака да го научи.

Има многу деца кои на две години сами учат англиски или било кој друг јазик преку гледање на тв или во градинка.
Давам пример по моите кои додека си играат со играчките сами изговараат некои зборови на други јазици.
Бои, броеви, азбука, овошје, зеленчук тоа беше почеток и сеа секој ден го надополнуваат знаењето. Ме замараат со пишување броеви, букви, цртање геометриски фигури итн
Сто тетратки испишав, повеќе од факултет.
Сега сме кај собирање на броеви до десет.
И на крај некој ќе каже погрешно е, мали се не ги замарајте уште сега, па има време кога да научат.

Сигурно ние родителите не ги фаќаме децата за врат и ги присилуваме да учат нешто што не треба на нивна возраст.


Sent from my Xiaomi Redmi Note 3 Pro using Tapatalk
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
И јас кога ќе ми текне,си барам на Англиски, оти на нашки е срамота.
А бабата-е што е тоа ќе праша.
- Е ај сакаш да видиш и велам јас..
- Е ај вели таа.
- И потоа пак ќе каже,ау што убао било ова,оти до сега не сме знаеле.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
:oftopik: за англискиот :)

Веројатно за да го учат јазикот и тоа не е погрешно, туку напротив е одлично со оглед на тоа што Англиски им е потребен на исто ниво со мајчин јазик, а кога се мали се буквално како сунѓер, ако го научат сега кога ќе се повозрасни имаат предност да учат од странска литература, или и втор/трет јазик.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.168
Поени од реакции
3.447
Не, крајно дебилно е деца да зборат меѓу себе на англиски, кога имаат јазик што им е мајчин и може да го користат. Они (децата) се влезени у филм тежок некој од дебилните цртани и уште подебилните филмови и се соживуваат со истите. Се знае кога и како треба да се учи јазик (Знам и англиски и германски на разговорно, без многу труд и без непотребно трескање од земја со зборење на истиот) Океј е да се вежба од време на време, ама они се напињаат и тоа изгледа крајно кретенски. Не знам, не сум живеел у германија, ама не верувам дека рандом германци на улица си збореле англиски/шпански/француски/италијански, за да го вежбаат :)
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.641
Поени од реакции
27.890
Oд штo требa дa имa мoзoк девoјкa нa 20тинa гoдини зa нa сoцинaлните мрежи пoсле иметo дa и пишувa Kardashian?
Кoи се тие Ивaнa,Еми,Сaњa Kardashian?
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.044
Поени од реакции
19.641
Јас сум приметил многу мајки со своите мали дечиња зборуваат на англиски, сум го видел тоа по улици, во зграда, во лифт, не можам да разберам која е поентата, го вежбаат јазикот нешто??
Не знам како не ти е јасно која е поентата. Секако дека англиски јазик вежбаат, сигурно не вежбаат бицепс.

Како родител, воопшто не е погрешно и глупаво да им зборуваш на децата на англиски јазик, глупаво е да им се обраќаш со "абе каци ти!?", "сто плаис?", "ти се папа?", "ќе какаме?" и слични дебилни изрази.

Баш напротив, таквите активности и методи за стимулирање на работата на мозокот, како што е учењето втор јазик од најрана возраст, има огромно и позитивно влијание врз целокупниот ментален развој на децата. Да не правиме муабет за бенефитите од познавањето втор јазик (кој го разбираш и зборуваш како мајчин јазик), во држава како нашата, и каде целото светско знаење ти е достапно со само неколку кликови.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.895
Поени од реакции
17.517
Муабетов кој го почна @Beric Dondarrion беше за помладиве генерации а не за мали дечиња.Нормално дека е убаво да го знаеш англискиот јазик од мала возрат ама да имаш 12-13 години и со другарите да зборуваш на англиски е најдебилно нешто.Познавам неколку такви помали деца кои го прават тоа само затоа дека ја мразат Македонија а со самото тоа го мразеле и македонскиот јазик.Фактички од старт се негира самиот себе и е осуден на неуспех.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
Не, крајно дебилно е деца да зборат меѓу себе на англиски, кога имаат јазик што им е мајчин и може да го користат. Они (децата) се влезени у филм тежок некој од дебилните цртани и уште подебилните филмови и се соживуваат со истите. Се знае кога и како треба да се учи јазик (Знам и англиски и германски на разговорно, без многу труд и без непотребно трескање од земја со зборење на истиот) Океј е да се вежба од време на време, ама они се напињаат и тоа изгледа крајно кретенски. Не знам, не сум живеел у германија, ама не верувам дека рандом германци на улица си збореле англиски/шпански/француски/италијански, за да го вежбаат :)
На Германци нема да им треба за да се отселат после 18тата од државата, кај нас тоа ти е судбината, се раѓаш, учиш и фаќаш авионот, поарно да го знаеш со време, да не ти чади главата кога ќе дојде коса до камен.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.044
Поени од реакции
19.641
Муабетов кој го почна @Beric Dondarrion беше за помладиве генерации а не за мали дечиња.Нормално дека е убаво да го знаеш англискиот јазик од мала возрат ама да имаш 12-13 години и со другарите да зборуваш на англиски е најдебилно нешто.Познавам неколку такви помали деца кои го прават тоа само затоа дека ја мразат Македонија а со самото тоа го мразеле и македонскиот јазик.Фактички од старт се негира самиот себе и е осуден на неуспех.
Не е најдебилно, туку најпаметно нешто. Како може да биде дебилно тоа што децата решиле да вежбаат англиски со другарите? Да не треба да бараат изговори дека немале доволно пракса, или пак да се кријат дома од срам да не ги чуе некое ќосе кое поминува покрај нив!?

Дебилното е што луѓе кои почнуваат реченица со две точки и три запирки им се смеат на деца кои вежбаат англиски со другарите.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Од секогаш сум бил скептик кога некој ќе речел дека ние сме најгостопримливата нација. Обично тоа го изјавуваат по телевизииве, наши а посебно странци кои доаѓаат како туристи.
Јас лично сум немал некое такво искуство и сум на став дека ние патиме од ниска самовредност како народ, се што е туѓо, од надвор што доаѓа, некако инстинктивно го ставаме на пиедестал. Тоа ваљда вродено ни е.
Автоматски кога ќе се појави некој туѓинец од странство се активира тоа, се почнува со лижење и умилкување. Незнам дали е свесно или пак е инстинкт кој се јавува автоматски од потребата да се извлече некаква корист, водена од мислењето кое генерално преовладува кај нас дека ако е странец тогаш мора да е полн ко брод, па и да не е може ќе се најде за во иднина. Јасно е дека станува збор за нова култура, различни луѓе и тоа е во ред, но ние одиме едно ниво погоре, се деградираме самите себе си од толку многу што сме "гостопримливи". Ние и Србиве ги гледаме како виши битија а се горе долу на исто ниво како нас а каков е нивниот третман кон нас и да не зборувам.

Генералниот впечаток кој се добива е дека ние веројатно сме доста лицемерен народ, чест на исклучоци.
Доколку бевме едни со други такви какви што сме со оние кои доаѓаат од надвор тоа ќе беше супер, ние ќе цутевме како држава, но напротив ние си ги вадиме очите еден на друг.
И кога се жалиме на Запад биле многу ладни и незнам што. Па какви сакаме да бидат? Ние сме туѓинци таму, секој си ја гледа својата работа и така треба и да биде, барем по мое. Никој не добива посебен третман, туку треба да владее универзален пристап кон сите, културен однос без разлика кој кој е и од каде доаѓа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom