Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Драга Кајгана,
Не сфаќам зошто некои работи што ги кажуваат небитни луѓе си ги ставам при срце. Едноставно треба да станам многу поладен кон луѓето, а стварно не знам таа моја добрина како да ја пригушам пред луѓето, пред гнасотиите.

Иначе денес било ден за гласање. Се згрозувам кога ќе видам како мали деца напалено зборуваат, се караат и дофрлуваат за политика. За возрасните да не зборам, затоа и децата се такви. А и за кој да идам да гласам, кога истата злоба ќе следи и од едните и од другите. Боље седи си дома:coffee:
 
S

silmarillion

Гостин
Две работи онака неповрзани...

1. Раката после држење телешки донер ти мириса два дена на мишка на девојче у пмс искочено у миднајт облечено у некоја кинеска синтетитка.

2. Апропо локалниве избори и ветувања за враќање на маалата, децава никад нема да сфатат и дознаат што значеше у лето да седнеш на клупа под сенка со литро стаклена кока кола (најдобрата) и да играш табла. Тишина у цело маало сите легнале да одморат поручек и само зарови и пулови се слушаат.
 
Ф

Флеш

Гостин
Порака до куртоните од двата штаба на Вмро и Сдсм .... Кој кур сте вие сами закон да изигравате и да седите kо голема орда луѓе пред гласачко место .... Одам пред влез на гласачко место,седнале одвоени групи од двете партии и зјапаат во луѓето кои си идат да гласаат .... Едноставно чудно е и неприродно...Има полиција,има набљудувачи овластени,а не како дебили застанале во голем број и зјапаат,дебили бе ...,

 
Последно уредено:

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.128
Порака до куртоните од двата штаба на Вмро и Сдсм .... Кој кур сте вие сами закон да изигравате и да седите во голема орда луѓе пред гласачко место .... Одам пред влез на гласачко место,седнале одвоени групи од двете партии и зјапаат во луѓето кои си идат да гласаат .... Едноставно чудно е и неприродно...Има полиција,има набљудувачи овластени,а не како дебили застанале во голем број и зјапаат,дебили бе ...,

Исто еј.Ко на модна писта да дефилираме ебаги.Глупи и иритирачки погледи, секои избори ми е мачење да гласам ради вакви ама и мотив ми е да појдам.Ко пијаници пред ко'перација пууу!
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
ДК,
пријателче оди на некоја конференција во Бразил 8-9 дена. Задолженијата обично му биле преку ден, а навечер слободни активности. Батево љубител на пливање решил навечер да оди да плива. Од хотелот го предупредувале да не оди, бидејќи реонот бил опасен во однос на кражби. Ама овој решен и ништо не го запира.
Првата вечер одма проблем. 10-15 багабонти му се собрале од одма и почнале да му зборуваат на португалски. Овој знаел само една фраза „Еуропо туристо облико морале“. Го претресиле по џебови, не нашле ништо, за среќа не го нашлакале и го пуштиле. Пријателов се искапил и кога излегол забележал дека му ја нема маичката. Ама добро, таму нека е лошото.
Втората вечер пак заминал на истата плажа. Еве ги истите багабонти. Проверка на џебовите стандард процедура. Овој пат не носел маичка.
Третата вечер исто (сфатил дека не го гибаат, ако има нешто ќе му го земат, ама овој секогаш празен излегувал).
Четвртата вечер му дошла истата група багабонди. Биле расположени и го зафркавале во фазон „Еуропо туристо бедотија“.
Петтиот ден не му се ни доближиле, туку му мафнале со рацете од далеку.
Шестиот ден дошле со некој евтин гнаса коњак или што и да било и го испијаниле. Да не знае главата кај му е. За време на пијанката, во прилично пијана состојба си ја видел маицата (што му ја украдоја првиот ден) кај еден од багабонтиве. Му ја побарал назад и овој бразилецов му ја вратил.
Седмиот ден го прележал мамурен после пијанството. Ни конференција се видело ни ништо.
Осмиот ден (претпоследен) купил 4 пакети пиво, 2 шишиња нешто жестоко, зел од неговите маички неколку и на плажа. Седнал со багабонтиве, се запиле, им ги поклонил маичките, се испоштовале.
До хотелот го однесле на некое моториште (изгледаше рачна изработка на сликите што ги гледав) со приколица позади, како кај нас ѓупците што собираат пластични шишиња. И сѐ тоа пропратено со песни и музики.
Вработените во хотелот се крстеле.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.732
Поени од реакции
24.354
А ептен сакам во Бразил да одам... Ќе го барам другарот на пријателов од погоре.
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
524
Драга... живот пише романе, еве ме пак, се укључив на стариот акаоунт, и што да ти кажам, не сум пишала долго време, годиини..... и години..... све је исто само њега немаа..... младост ми мине, јас стареам, коси побелуваат, паметот никако да дојде, грешки повторно се повторуваат, мада сега поретко, ама ипак, лекции повторувам, грешки понављам, повторувањето е мајка на знаењето, Сполај му на Горнион, добра сум, и ме сочува во едно ПАРЧЕ, ..... иако како тргна работава,....... можев и да се распаднам многу лесно.........таа е драга работава,........шта да ти причам кад све знаш., причам српски да ме цео свет разуме........:oeoeoe: Вечна била нашава државичка да живее Македониа, да живееме и ние тука:kluc::kluc::kluc::kluc:. и да се радуваме на секој нов ден:Кезец::misticen:......... ми се иде во театар, не сум била одамна, ама пошто тетаарскиве претстави ги доживуам во живо каде јас играм главна улога, во животецов, па не ми текнало и да погледнам некоја "туѓа претстава" и како за промена, јас да гледам како некој друг глуми и ме занимава, доста јас занимавав, и забавував публика.....:kafence: ќе има ли крај драга Моја, ја раситнив 40ката, и со среќа нек ми је. Белким ќе ми е со лесно новава декада, да ја истерам.... кроце полецка, немора да се брзаме.... полека но сигурно кон Бутелскине Гробља:misticen: запали една цигара од мене, драга, и порадувај се на сонцево надвор....
 
Последно уредено:

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Дрaгче,
Имaв викенд кaкo нa филм. Пoминaв 1300 килoметри сaмo зa дa си јa видaм љубoвтa. Пaтувaњетo беше пренaпoрнo. Прoблеми пo грaниците гужви, менувaње вoзoви, aмa се вредеше зa мoментoт кoгa пaк си гo видoв љубoвчетo. Беше тешкo, aмa ..кoј сaкa..издржувa!
Сегa сум принцoт сo белиoт вoз :ROFLMAO:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.225
Поени од реакции
78.816
шабани и местачи на утакмици што цел живот со судии победуваат
они ќе ја чувале
:tapp:
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
кајги...ти од Скопје ли си мори,или не си,а се прајш дека си,а...
а не знаеш кај биле гробиштата на твојте предци,па ај да знаеш...
гробиштата во овој град Скопје биле отсекогаш на КРАЈОТ од градот
1. (првите наши)биле или го заваќале овој простор од сегашна градска болница,што порано си ја викавме Уред,па до сегашен Црвен крст.
2.потоа биле веднаш позади старата-првата железничка станица,која веројатно имала два колосека.Пак значи на крајот од градот.
3.а потоа ги преместиле нешто погоре кај што е сега МВР биеиќи се изградиле уште 14 колосеци за Солун е наш.
4.но таму горе Црниче и Бирарија на некој буржоази им посметале и несакале да ги гледаат тие од својте викенд куќи.
5.затоа пак се скопските православни гробиште преселуват,овој пат во Усје.Таму се уште се на нојте постари предци.
6, и конечно последната селидба се врши од тука во Бутел,после ратот.И сега се таму на крајот од градот.
што сакаш и слики,,,море и тема ако треба ќе пишам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom