Здраво Кајги. Доооолго ме немаше да се истресам тука.
Гледам нешо нугати. Нејсе. Секоја промена е добра, па макар и на скинови. Ќе ми недостига темниот.
СДК дека кармата работи, сè се врти, сè се плаќа.
Лани запознав девојка. Се вљубив. Врска на далечина. Јбг. Убо е. После наеднаш сè стана ладно. Ко во Јакутск да живеам, а живеев во илузија. Малата си фатила друг дечко. Фатички таа стана дуал сим.
Тој во парни викенди, јас во непарни. Не е сапун да се потроши.
Се откажав од неа. Се контравме секој божји ден кој е виновен. И започнав да ја игнорорам. Тогаш таа почна да трча по мене. Не заради игнорот, туку дека батето почнал и неа да ја избегнува, и работата да дојди до нивно раскинување. Сега е сама, во депресија.
Мојата депресија помина. По кафани, по планини, на работа. Започнав да пијам. Од газиран сок на алкохол. Така растат децата.
Се тетовирав, се заразив со таа краста. Сега сакам уште тетоважи. Го срушив мојот кинески ѕид заради неа. Се променив заради неа. Започнав да запознавам нови фаци од по интернетов. Многу фин народ живее по интернет заедницата.
На работа гледам како луѓето се менуваат и си ги вадат очите за поголема функција и поудобна фотелја.
Мрчењето продолжува. А во меѓувреме да продолжам да читамшто има во останативе 150 страници од ДК.
Ако забележите деновиве лајкови во ДК, јас сум тој.