2017та.
Музиката веќе одамна не е тоа што треба да биде. Пред само 10ина години кога растевме имаше сеуште активни (и млади и стари) бендови и артисти кои значеа нешто, оставија низа cool албуми,песни,спотови и така натаму. Со текот на времето и се поголемата комерцијализација во таа индустрија, дојде до драстично намалување на квалитетот севкупно меѓу изведувачите, врв на се да речеме Ники Минаж, оној psy, Лејди Гага и тн. Да,да дојде време Металика да се сликаат и да праат дует до Лејди Гага. Претпоставувам, само заради кеш. Еј, Металика! бенд кој значи нешто, бенд со кој многу од нас израснаа.
Pearl Jam пак дует со Бијонсе. Брука.
Многумина млади музичари ги сметаат овие бендови за нивни идоли....
Да не се лажеме, и пред 10 години имаше артисти кои се аналогија на овие денеска (Бритни Спирс, Бекстрит Бојс на пример и тн и тн), ама имаше и квалитетни изведувачи ко за мејнстрим - foo fighters, Linkin Park, Limp bizkit и редица други од секој жанр на музика.
Денеска е све фејк и шминкерско, све постигнуваат со пропаганда, скандали и маркетинг. Дури секоја година вадат албуми и нов материјал кој е се повеќе и повеќе shit, ќе извадат еден певлив хит кој ќе се фура 3 месеци и потоа ќе се заборави.
Исто е и со филмовите и филмската индустрија. Ми се чини дека многу повеќе ресусри одвојуваат на ррклама и, пропаганда отколку на самиот филм.
Искрено јас, одамна немам гледано некој WOW (мејнстрим) филм. Од годината кога излегоа 12 years a slave, Dallas byers club и wolf of wall street (овој би рекол дека е апла искомерцијализиран, ама добар) ја неам гледано филм кој е онака да те остави без зборови. Имало доста онака океј филмчиња (ко интерстелар на пример) ама да ме остават без здив апсолутно НЕ. Ќе си речеш, до вкус е, ама објективно неможе да се споредат овогодинешниве, ланскиве и поланските номинации со постарите. По ниту еден асоект.
Се е тоа отидено у курац, и само функционира за брза заработувачка и профит.
Лани имаше бојкот од страна на добар дел од афро-американците ради тоа што немало номинирани црнци и слично, една година подоцна whoopdee fucking doo филм со 90%-црни учесници зема оскар. Епа не бива така другари.
Претераа со action hero movies ... во ред е, авенџерс, експендаблс, suicide squad, бетмен вс супермен и тн, се тоа е тешко срање, исто како и 90% од филмојте денес, кои идат само на квантитет и добра реклама а не квалитет.
2016-та, тотално разочаран од оскарите и генерално филмската индустрија. Не верувам и годинава нешто подобро да биде ...
Толку многу избор, толку малку квалитет.