Драга,
Интересни ми се бруцошиве за гледање. Или овие од втора, што уште не изгубиле верба во факултет и знаење. Мислат дека на 19 години ќе го сменат светот, ќе ја променат државава. Дека со нивното знаење ќе имаат отворени врати за вработување и ќе им биде награден трудот што го вложуваат. А не слушаат постари. А и ти нејќеш уште сега да им ги скршиш соништата. Остај ги нека летаат.
Ќе дојде време кога полека се сфаќа дека не е факултетот тоа што си се надевал, со чест на исклучоци. Ќе се разочараш и од книги и од преведуван, глуп материјал за напамет бубање од претходен век. Те дупат во здрав мозок. Али тоа е пак добра фаза, после иде дел кога бараш работа. Па и најјаките прашања - Уште бе не можеш да најдеш нешто?! Јас кога ќе дојдам имам план да работам ваму, таму, онаму. Седи дете, не туку тропај, дојди на мое место.
Огласите се секогаш врвот. Зачаран круг. Треба да си Ајнштајн со 20 сертификати. Не ми се ни прави муабет за огласи, бљак.
Секако, супер поминуваат оние со најдено работно место уште од средно од мама, тато, чичо, дедо, баба и вујна. За нив секогаш ќе тече мед и млеко. Ние што не сме склони кон непотизам и што нашите не се криминалци во државава, ќе го јадеме ... па, секогаш.