Драга Кајгана (виртуелен дневник)

A

Antigona

Гостин
Кајги,

Само да те поздравам друже. Периодов што доаѓа ми е омилен од причина што

- ја сакам зимата а снег да фати ќе ме дигне на небо од радост
- роденден ми е наскоро , добро де Декември месец , јухуууу 31 година
- ќе почне украсувањето за новогодишните и божиќните празници
- попусти бе друже за поклони
- најглавното , ќе ја осетам празничата атмосфера во Берлин , далеку од арапи, индијци и останати гадни племиња
- битно да сме живи и здрави, пари се заработуваат и се трошат


You gotta live your life

......live your life

.......live your life







Имајте убав викенд :pivo2:

Чаос :motorce:
[
 
Член од
19 декември 2013
Мислења
236
Поени од реакции
152
Се разбудив утрово цела затната изнастината и пак не бев толку нервозна и нерасположена како што сум сега.
Доказ како може да ти се смени цело расположение за 360 степени во рок од неколку минути.
То ти е она кога си дупка по некој предмет, конкретно математика а твоите најдобри другарици знат математика и се собираат да вежбаат, а тебе не те викаат ни за да извадиш една мочана 2ка.Им напоменав, ако вежбате сакам да дојдам барем за 2ка, 3ка дури ве гледам ќе сфатам.И ете сеа дотичниве си објавуваат видеа кај шо вежбаат двете, абе ич газо не ги боли.Океј то.Али минатиот пат коа бев со нив ми се смееја оти бев дупка.Едната изваде 2ка како мене, другата изваде 1ца.Не сакам да сум злобна, али ете сакам да им се случи истото тоа чисто да им ја видам реакцијата.Па нека бидам злобна, многу ми е гајле.Нема да им сметам повеќе, оти они све знаат, па зошто јас тикварката да ги кочам во знаењето.
А и да, чизми стари 1 месец ми се одлепија т.е едната и сега се јадам однатре дали ќе успеат на чевлар да ги направат, па барам низ новчаникот на мајка ми дали ја чува фискалната да им одам во продавница и да им се пуштам.Шо квалитет е тоа бе, 1 месец неносени се одлепват, а 3000 платени.
И е*и го денов, само мачката може да ме расположи.Сите ги мразам.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Драга Кајгана,
Ги знаеш ли оние луѓе што кога ќе ги поканиш да излезете ти викаат ,,Ќе се договориме", а уствари со тоа индиректно, т.е. директно те избегнуваат? Исто така дали ги знаеш и оние луѓе што кога ќе ги замолиш за некоја услуга ти викаат ,,Ајде ќе се чуеме, јави ми се, ќе ти се јавам", а уствари не сакаат да ти завршат никаква услуга, затоа што они од тебе немаат никаква корист? Е таквите луѓе друг пат кога ќе те побараат дај им до знаење дека не знаеш кои се и дека си презафатен.
:rolleyes:
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Драга Кајгана,
Јес да калинкава е малку комплицирана за лупење и ја прави кујната како место на кое имало масакр, но затоа кога ќе ја пробаш се чувствуваш освежено, чувствуваш како добиваш витамини. Ама ја претерав со јадење, сега почнува дури и одбивна да ми биде:sramezliv:

кали.png
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.515
Кратко од тоа што го даваат на рекламата за емисијата „Во Центар“, Васето успеал да разговара со дадилката на Дончо, арно ама таа си кажува дека била дезертер и на црно во САД, а Дончо ја прибрал како дадилка, па нели Дончо е против емигранти :D
Да беше троа побистра Клинтоница ќе се консултираше со Васета наш за време на кампањата, па може и некој поен ќе лапнеше преку дадилкава :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom