До сите Македонци во светот!

Член од
6 јуни 2019
Мислења
8
Поени од реакции
15
Драги браќа и сестри, прво се надевам дека сте добри во ова тешко време.
Вие кои што сте надвор од домашното огниште, Вие кои мечтаете по домашното лебче, Вие кои што сте во Америка, Австралија, Германија, Англија, Канада, Нов Зеланд, Филипини, Шпанија, Италија, Швајцарија и другите земји(извинете ако не спомнав), сакам да Ви се извинам што си мислев дека Вие само одите во странство за пари, туку за ништо друго. Сега знам што е Вистината и сакам да Ви се извинам, бидејќи Вие да не бевте половина буџет ќе ни беше празен. Вие сте поголемата причини зошто Македонија е нозе и се држи некако со економијата. Вие кои заради Вашето испраќање на финансии имаат можност и млади луѓе да се вработат и да принесуваат денар во своите домови. Знам дека ќе се одат уште многу, но не може да се сокрие вистината зошто е тоа така.... политика, судство, корупција,лаги,измами.... Извинете уште еднаш што сум мислел така за Вас и посакувам еден ден повторно да сме сите на едно место - Македонија.
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
И да останат кај шо се или да се вратат да ја бранат мајка Македонија ?
 
Член од
17 јули 2006
Мислења
3.114
Поени од реакции
22
Драги браќа и сестри, прво се надевам дека сте добри во ова тешко време.
Вие кои што сте надвор од домашното огниште, Вие кои мечтаете по домашното лебче, Вие кои што сте во Америка, Австралија, Германија, Англија, Канада, Нов Зеланд, Филипини, Шпанија, Италија, Швајцарија и другите земји(извинете ако не спомнав), сакам да Ви се извинам што си мислев дека Вие само одите во странство за пари, туку за ништо друго. Сега знам што е Вистината и сакам да Ви се извинам, бидејќи Вие да не бевте половина буџет ќе ни беше празен. Вие сте поголемата причини зошто Македонија е нозе и се држи некако со економијата. Вие кои заради Вашето испраќање на финансии имаат можност и млади луѓе да се вработат и да принесуваат денар во своите домови. Знам дека ќе се одат уште многу, но не може да се сокрие вистината зошто е тоа така.... политика, судство, корупција,лаги,измами.... Извинете уште еднаш што сум мислел така за Вас и посакувам еден ден повторно да сме сите на едно место - Македонија.
igras kurot so makedoncite po svetot
Автоматски споено мислење:

А од кого треба а ја бранат мајка Македонија? Од своите?
kolku nesto da se kaze ...da bilo arno nikoj ne bi zaminal.. bagra komunisticka sve zivo istrebi pleme komunjarsko
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
А од кого треба а ја бранат мајка Македонија? Од своите?
Од 5џи технологијата...
Саркастично беше напишано ама ај.
Инаку, блазе тие шо заминале :)
 

mr wednesday

We're soldiers. Soldiers don't go to hell.
Член од
24 јуни 2017
Мислења
1.649
Поени од реакции
7.997
СУпер текст браД, ппоозз за дијаспораТа - уи мисс ју !!!
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.159
Има толку малку Македонци по светот,да на нив ништо не треба човек да им каже.
Тие знаат што треба да направат.
А на другите"Македонци" исто така никакви зборови нема да го сменат нивното настојување да се одродат и да постанат модерни торбеши.
Тоа е реалноста и сите Македонци треба да знаат дека повеќе од 90 проценти од овие вторите Македонци треба да се отпишат исто како што се отпишува расипана роба при ПОПИС.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.278
Дали важи само за тие кои имаат два родитела 100% Македонци?
Дали ова важи и за тие на кои, на пример едниот родител им е пола Србин или нешто друго?

Има ли некоја ваква графа подготвено, за да знаеме точно?
 

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
(Ова си е мое мислење, да си кажам пред да почнете...)
Оние кои што се прават јаки патриоти, мислат дека се способни да се изборат за промена во Македонија, овде како пример го зимам Џорџ Атанасов (или како и да се викаше). Наместо да се рекламира по ТВ Сонце неговите хотели у Мајами, нека дојде тука и нека им го шутне на овие политичариве.
Треба кај нас сериозни промени, не едни исти муви да не цицаат.
Кога ќе дојде некој асален, некој кој што не е од двете партии, оти реалноста сите ја знаеме. И двете крадеа, и се краде сеуште...
Македонија на тој начин може да се спаси, кога ќе дојде некој трет. Треба овој режим на тешка диктатура од обете политички партии да се сузбие. Да се дозволи простор и за помалите политички партии. Сте приметиле ли, баш тие се оние кои што би ја воделе државата асално, барем така кажуваат, ама на избори не им се дозволува, оти нејќат овој режим и системот да се урне.
Од целово ова, поентата ми беше дека за промени треба некој сосема друг.
До тогаш, народот ќе си бега, не само за пари туку и за подобар живот, и за многу други причини, за кои што ако почнам да набројувам ќе ми треба денови...
Мразам кога некој ќе ми каже еј ти сакаш да идеш Германија, Америка, ... само за пари, државата ќе си ја оставиш, срамота, каков човек си ти....
Не, јас не бегам поради тоа. Да беа нештата како што треба во оваа проклета држава, јас доживотно ќе си останев. Еве тоа јавно го кажувам. Ама не, овде има милион проблеми. Јас одам во странство, оти целам кон подобар живот, безбедност, асален систем, каде што има право и слобода, каде што можам да основам семејство без да се замарам дали имало или немало.... да овде и парите имаат клучен фактор, ама јас како што кажав не го правам ова само за пари.
И потполно се сложувам со @Ace.Of.Hearts , без разлика колку смешно звучи. Прашајте ги сите по странство што се. Да би била Македонија држава како што треба гарантирам 90% од тие ќе ви кажат дека со душа сакаат да се вратат.
Знам како е тоа чувство. Братучетка на татко ми е во шведска, они таму се пред едно 4 години отидени, поприлично океј живот, работат, е сега не зимаат милиони, ама пак подобро него од Македонија. Ама не им е лесен животот, оти таму нонстоп мора да работиш, животниот стандард е драстично повисок, еве бевме ние, секој ден и стигаат сметки на врата. Она вика, да ја зимала таа плата во Македонија сега што ја зима во Шведска, и да го имала тој подобар стандард, она одма би се вратила, без размислување.
Ама тоа е. Нека не дупат уште многу политичариве. Црвено - Плаво, Плаво - Црвено, Црвено -Плаво, Плаво - Црвено...
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom