До кога ќе се продава македонското културно наследство?

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Двајца гевгеличани пријавени за присвојување на културно наследство

А.Ш.(56) од село Мрзенци, Гевгелија и З.М.(55) од Гевгелија заработиле кривични пријави поради присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство. Според првичните анализи станува збор за повеќе вредни предмети кои потекнуваат од римскиот период пред почетокот на 3 век пред новата ера.
Како што информираат од МВР, при претресот во семејната куќа на А.Ш. во селото Мрзенци, биле пронајдени две метални глави со приказ на коњска глава, две метални глави со приказ на глава од орел, метален предмет со приказ на глава од орел и со дополнителни странични апликации од лебед, три монети, еден метален предмет со апликација на коњ со оштетување на предните нозе и опашката, една метлна алка со една монистра, една метална рачка од нож и три тегули,од кои две во облик на пирамида и една во форма на квадратна плочка. Според кажувањето на А.Ш. тој предметите пред околу еден месец ги набавил од лицето А. Д. од Скопје.
По претходно добиени криминалистичко разузнавачки сознанија за недозволено присвојување на културни добра претрес бил извршен и во домот на З.М во Гевгелија каде биле пронајдени еден камен фрагмент со изгравиран релјеф, метален сад, метална чаша со изгравиран релјеф, метална игла со изгравиран релјеф на рачката во долниот дел, седум керамички фрагменти од два сада, метален предмет со апликација во форма на глава од змија, девет фрагменти од монистри, привезок со тристрана форма, тока од ремен, два метални привезоци и други предмети. Според З.М. дел од предметите ги пронашол при копање на шупа во село Сермелин, а дел ги купил од лице од село Миравци пред околу 15 години.
Од МВР велат дека пронајдените предмети кои се од непроценлива археолошка и историска вредност, со потврда привремено биле одземени од А.Ш и З.М, и дека ќе бидат доставени на вештачење и стручна анализа во Управата за Заштита на Културното наследство при Министерство за Култура.
Против осомничениот З.М., од страна на полицијата и досега биле поднесувани кривични пријави за истите дела, додека А.Ш. бил познат на полицијата по друг вид на криминал.

Ова со продавање и препродавање на културно наследство не е ниту ново ,ниту пак непознато а тие луге и се добро познати на јавноста.
Ова што им го нашле, е само една трошка од онаа што веќе го продале.
Добро е што полицијата конечно почна да приведува вакви луге , иако штетата е огромна што тие и такви како нив ја имат направено.
Друга страна на мегданот е тоа што лугето који на свој имот навагат вредни предмети и културно ги пријавуваат за возврат не добиват ништо а многу често и се случува истото да биде препродадено.
Ова мора да се спречи бидејки не ни остана уште многу од наследството.
 
ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
tтешко ми паѓа кога ќе помислам колку е продадено и отуѓено од наследството, посебно во времето кога и воопшто се нема водено контрола врз истото.
тука воедно и сакам да прашам дали е мозжно на враќање на дел од тоа наследство што се наоѓа во музеите на соседните джави, како што се требенишките маски кои се во Народниот Музеј во Белград,или [FONT=&quot]Во 1888 год во селото Герман,Долна Преспа сега во Република Грција пронајдена е надгробната плоча на Самуиловите родители, неговиот татко Никола-брсјачки кнез,мајка му Рипсимија и братот Давид,а датира од 993 година.Тоа е еден од првите пишувани споменици на словенски јазик. Моментално се наоѓа Во Софискиот музеј.?????[/FONT]
 
demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53

јас пак мислам дека таа спорна,фамозна плоча,на која пишува нешто што Македонците не би требало да го прочитаат,се наога во музејот во Битола,и колку што знам од кажуванјето на некои археолози и историчари,таа плоча не е изложена за јавноста.
 
ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
јас пак мислам дека таа спорна,фамозна плоча,на која пишува нешто што Македонците не би требало да го прочитаат,се наога во музејот во Битола,и колку што знам од кажуванјето на некои археолози и историчари,таа плоча не е изложена за јавноста.
јас поинаку знам

Преспанската плоча, редок ранокириличен запис од Цар Самоил
Инаку, единствен оригинален запис од Цар Самоил и неговата фамилија е Преспанската Плоча од с. Герман (егејска Македонија), која представува надгробен споменик на неговите тродители, таткото Никола, мајката Римпсинија и братот Давид. Плочата е земена од бугарите и се чува во Националниот музеј во Софија. Сочуван е само краток текст во долниот десен агол на плочата, додека целиот останат тескт е издлабен и плочата e израмнета (”Надгробната плоча најдена во село Герман кај Преспа, Илјада години од востанието на Комитопулите, Преспа 1969 г., стр 85, коментар на Павловиќ). Плочата ја содржела и оригиналната титула и името на Самоиловата држава, што не одговара на бугарската историографија, па затоа најголемиот дел од текстот на плочата е преклесан и израмнет.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Знае ли некој за 12-те оклопи кои се смета дека се од војската на Александар, а се продадени во Грција пред околу 15години.
 
demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
Самоиловата држава, што не одговара на бугарската историографија, па затоа најголемиот дел од текстот на плочата е преклесан и израмнет.
Чудно...

Бугарите се упорни во своите тврденја дека плочата лежи некаде во Битола и дека МАНУ упорно ја крие од очите на јавноста.

Во Македонија,пак се тврди дека плочата е во Бугарија(макар што не ми се верува,од причина што Бугарите досега голем чалам ке дигнеа за тоа и уште поупорни ке беа во своите обиди Македонците да ги прикажат како екс-Бугари).

Има ли некој да каже која е точната верзија за таа мистериозна и фамозна плоча?
 
ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
вака сега треба дома да ја пребарам една книга со беше тука `` преспа во чад и пламен`` или точно сега баш не ми текнува пишувана за регионот на преспа кој сега е во е.македонија пишувана од мештанин а објавена во република македонија, каде убаво е казано како од бугарите после 9 септември 44 навлегуваат во тој дел на преспа и масовно се ограбува културното наследство
 
После 9ти септември 1944г-Бугари во Македонија?!
-Огледало,тоа е невозможно,жалка била судбината на тие,кои ке се наречеле Бугари во Македонија,после капитулацијата на Бугарија.

Дали можеби си чул за Крвавиот Божик,или како што Бугарите велат:Крвавата Коледа?

Тезата дека Бугари навлегле во Македонија и го ограбиле македонското културно наследство после 9.9.1944г. е просто невозможна или пак е само лажирана Титова пропаганда мегу македонскиот народ,кој во тој период не бил баш во состојба да расудува кој е ,,вистинскиот пат до светлината,,

А,што се однесува до книгата која ја бараш,мислам дека имаш предвид ,,Преспанските Камбани,,дел од тетралогијата на Димитар Талев,писател роден во Македонија,а протеран во Бугарија.
 
ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
@demijan
se izvinuvam posle kapitulacijata na italija 43, ne promisliv bas koga go pisuvav.
delot na prespa do linija makazi vklucitelno celoto ezero bilo pod kontrola na golema albanija pod protektorat na italija, posle kapitulacijata na italija bugarite navleguvaat vo toj del,
ps,ne e taa kniga se nadevam vecer ili utre ke ti skeniram od knigata delovi
 
RTM

Член од
4 септември 2008
Мислења
844
Поени од реакции
214
Говорите за различни плочи.
Едната е така наречената Преспанска, другата Битолска.

Ето за преспанската:

"Надгробната плоча, открита в село Герман на Преспанското езеро, е едно от нај-обичаните свидетелства за б'лгарската историја. От точно 120 години нејната с'дба в'лнува всеки б'лгарин. През 1888 г. до малката селска ц'рквица започват изкопни работи за градежа на нов храм. Много скоро е намерена масивна плоча от сивож'лт мрамор с вд'лбани легла за три оловни кр'ста и староб'лгарски надпис в долнија десен 'г'л:
"† В името на отца и сина и с[ве]тија дух. Аз, Самуил, раб б[о]ж[и], поставјам помен на [башта] си и мајка си и брат [си н]а то[зи] кр'ст. Тези са имената на починалите: [Ни]кола, раб б[о]жи, [Рипсими]ја, Дав[и]д. Написа[ се в] годината от с'тво[рението на света] 6501 [=993], инди[кт 6]."
Изглежда селјаните без затруднение разбират предназначението на мраморната плоча, заштото тја оште с'штија ден е пренесена в селското гробиште. Скоро за находката научава директор'т на Рускија археологически институт в Цариград Ф. И. Успенски. През 1898 г. тој успјава да види и документира надгробието, а през следваштата година подготвја и научното му издаване. Откритието се смјата за сензационно - открит е нај-старијат точно датиран кирилски надпис, којто си остава так'в и до днес. Всички големи имена в староб'лгаристиката, и в славистиката в'обште, от краја на ХIХ и началото на ХХ в. се занимават с паметника. От името на мајката на Самуил в надписа е с'хранена само последната буква и д'лго името се разчита по предположение като Марија. След откриването на Виенскија препис на "Историја" на јоан Скилица и публикуването му от Б. Прокич през 1906 г. става јасно, че мајката на Самуил се казва Рипсимија.
През 1916 г. надпис'т е пренесен в Софија заедно с редица ценни средновековни и в'зрожденски паметници на б'лгарското изкуство, за да б'дат спасени от военните дејствија. Надпис'т днес е в средновековната експозицијата на Националнија исторически музеј."
 
:smir:Еее,така може!

Тоа држи вода,затоа што во Национал музејот во Софија се кријат архивни информации за Македонија од масовен карактер.
Бугарите тоа го пазат како свое културно наследство,затоа што тоа им е делот од романтичната историја спрјамо Македонија.:smir:

Но,нели до 9.9.44. Софија е нашиот главен град,така да сите ископуванја и археолошки пронајдоци од тој период се пренесувани во директно во Софија.
 
demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
Говорите за различни плочи.
Едната е така наречената Преспанска, другата Битолска.

Ето за преспанската:

"Надгробната плоча, открита в село Герман на Преспанското езеро, е едно от нај-обичаните свидетелства за б'лгарската историја. От точно 120 години нејната с'дба в'лнува всеки б'лгарин. През 1888 г. до малката селска ц'рквица започват изкопни работи за градежа на нов храм. Много скоро е намерена масивна плоча от сивож'лт мрамор с вд'лбани легла за три оловни кр'ста и староб'лгарски надпис в долнија десен 'г'л:
"† В името на отца и сина и с[ве]тија дух. Аз, Самуил, раб б[о]ж[и], поставјам помен на [башта] си и мајка си и брат [си н]а то[зи] кр'ст. Тези са имената на починалите: [Ни]кола, раб б[о]жи, [Рипсими]ја, Дав[и]д. Написа[ се в] годината от с'тво[рението на света] 6501 [=993], инди[кт 6]."
Изглежда селјаните без затруднение разбират предназначението на мраморната плоча, заштото тја оште с'штија ден е пренесена в селското гробиште. Скоро за находката научава директор'т на Рускија археологически институт в Цариград Ф. И. Успенски. През 1898 г. тој успјава да види и документира надгробието, а през следваштата година подготвја и научното му издаване. Откритието се смјата за сензационно - открит е нај-старијат точно датиран кирилски надпис, којто си остава так'в и до днес. Всички големи имена в староб'лгаристиката, и в славистиката в'обште, от краја на ХIХ и началото на ХХ в. се занимават с паметника. От името на мајката на Самуил в надписа е с'хранена само последната буква и д'лго името се разчита по предположение като Марија. След откриването на Виенскија препис на "Историја" на јоан Скилица и публикуването му от Б. Прокич през 1906 г. става јасно, че мајката на Самуил се казва Рипсимија.
През 1916 г. надпис'т е пренесен в Софија заедно с редица ценни средновековни и в'зрожденски паметници на б'лгарското изкуство, за да б'дат спасени от военните дејствија. Надпис'т днес е в средновековната експозицијата на Националнија исторически музеј."

Интересна работа.

Значи едната е Преспанска,а другата Битолска плоча.

Дали знаеш што отприлика пишува на Битолската?!

јас мислам дека и Битолската плоча е посветена на неговите родители.

И,најважното:која плоча е оригиналот,а која фалсификатот?!:smir:
 
RTM

Член од
4 септември 2008
Мислења
844
Поени од реакции
214
Битолската е по-известната /но е от времето на Иван Владислав, башта на Пресијан II/. Мисла дека се пази во музеја во Битола.

Тр'гвам си от работа, затова само линкови ти давам:

Преспанскија надпис

http://en.wikipedia.org/wiki/Samuil's_Inscription

Битолски надпис

http://mk.wikipedia.org/wiki/Битолски_натпис

Ова е македонската версија, препор'чвам ти да видиш и останалите. :smir:
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Tочно е што кажа RTM, се работи за две различни плочи.
 
demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53

Kajgana Shop

На врв Bottom