До кога МПЦ планира да го дере народот?

  • Креатор на темата Moon Child
  • Време на започнување

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Принуден си, зашто за било какви документи да вадиш ти бараат документ дека си крстен и тн... А за тие гостите што си ги викнал на свадба претпоставувам дека се блиски луѓе кои сакаш да присуствуваат на твојата веселба, а не за после да им бараш услуги. Не дека ако попот те венчава во црква тој ке ти помогне кога е зорт само затоа што те венчал!
Кој те лажел ова жити се?! Каде тоа за документи ти барале да си крстен?[DOUBLEPOST=1425564843][/DOUBLEPOST]
Паралелава не ти е на место.
На Берик и на неговите, ако не преземе нешто еден ден ќе му заигра мечката у двор. Критикува затоа што било кој може да стане жртва на тоа сотонско друштво, не е тоа по избор (освен нели ако ја прифатиш нивната посрана идеологија. не е доволно само Муслиман да си).

Ти имаш избор дали да плаќаш во црква или не, а богами и верниците.
Но ритуалите се неодминлив и незаменлив дел од верничкиот живот на Православниот Христијанин. А само свештените лица и монасите имаат благодат за некои од нив.
Затоа е задолжително да им се овозможат бесплатни услуги на верниците кои не можат да си ги приуштат.
Итекако е на место. И тебе никој не ти дошол на врата да ти сече глава, да те беси или да те протерува, но тоа незначи дека немаш право да го критикуваш. Плус, христијанството слично како исламот, своите морални начела ги користи како призма низ која носи суд за сите, без разлика дали се пронаоѓаат или не во таа идеологија/теологија. Историјата е сведок како овие религии биле причина за фанатизам идентичен па можеби и полош на оној од имбецилите на исламска држава. Зошто да се споменува историјата? Па затоа што се работи за религии што се темелат на догми, религии што не прифаќаат промени, нови идеи и гледишта.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.217
Поени од реакции
78.780
Итекако е на место. И тебе никој не ти дошол на врата да ти сече глава, да те беси или да те протерува, но тоа незначи дека немаш право да го критикуваш. Плус, христијанството слично како исламот, своите морални начела ги користи како призма низ која носи суд за сите, без разлика дали се пронаоѓаат или не во таа идеологија/теологија. Историјата е сведок како овие религии биле причина за фанатизам идентичен па можеби и полош на оној од имбецилите на исламска држава. Зошто да се споменува историјата? Па затоа што се работи за религии што се темелат на догми, религии што не прифаќаат промени, нови идеи и гледишта.
Никој не ми дошол да ми сече глава, но постојат многу Христијани (и нехристијани), од разни меридијани, на кои им е сторено тоа. Тебе никогаш нема да може ниту ќе сака некој со сила да те натера да даваш пари во црква, но сосема е реално, во денешниов свет да ти се случи нешто, како погорно опишаното, на пример, ако отидеш на одмор во Египет или Тунис.
Не може да се споредуваат тие две нешта. Верувам дека ти е јасно, едното е ствар на избор, каде што се работи за сума од не знам 100 или помалку евра, а другото е работа на избор на извршителот (кој за жал однапред го знаеме), каде што се работи за животот, твој и на твоите блиски.
Оваа твоја очигледно намерно необјективна споредба, на некого би му личело, дека има корен во нагласеното антихристијанство на твојата религиозна ориентација, а не во фактите или реалното расудување.

Поголемиот дел од атеистите и другите тука, сметаат дека религијата е глупост, како и одењето во црква или давањето пари за обреди и слично. Објективно, не е видлива подлогата врз која ги градат своите критики за срамното покачување на цените.
Јас ако сметам дека Иван е измамник и тие кои одат кај него се глупави, на некој начин, или лаковерни, тогаш кога тој би ги качил цените, сигурно не би пцуел или пак би тажел за неговите муштерии, кои немаат пари. Можеби би ја зголемил својата критика кон лаковерноста на муштериите, но критика за покачување на цените или критика заради тоа што неќел да работи без пари, едноставно не е објективна. Па тој нели е измамник и неговата работа и така нема ефект и е измама? Зашто би го критикувал, ако неќе да работи без пари?
Ова е само во врска со критиките на атеистите. Се гледа дека тие се поврзани (и во оваа тема) со критика на Христијанството, повеќе отколку со критика на ценовникот.

Сепак, сметам дека не смее ниту едно свештено лице или монах (не знам дали нив ги сметаат за свештени лица), не смее да одбие да изврши Света Тајна. За жал сосема сум уверен дека има многу такви, особено по селата.
Верниците треба да сфатат дека Црквата е света, а свештениците се грешни, како и другите луѓе.
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Никој не ми дошол да ми сече глава, но постојат многу Христијани (и нехристијани), од разни меридијани, на кои им е сторено тоа. Тебе никогаш нема да може ниту ќе сака некој со сила да те натера да даваш пари во црква, но сосема е реално, во денешниов свет да ти се случи нешто, како погорно опишаното, на пример, ако отидеш на одмор во Египет или Тунис.
Не може да се споредуваат тие две нешта. Верувам дека ти е јасно, едното е ствар на избор, каде што се работи за сума од не знам 100 или помалку евра, а другото е работа на избор на извршителот (кој за жал однапред го знаеме), каде што се работи за животот, твој и на твоите блиски.
Оваа твоја очигледно намерно необјективна споредба, на некого би му личело, дека има корен во нагласеното антихристијанство на твојата религиозна ориентација, а не во фактите или реалното расудување.
Разликата е само во долгорочноста на ефектите а не во необјективност или нетрпеливост. Како ја објаснуваш константната негативна кампања на православните портали како борба за веру? Демонизирање на езотериски ориентираните организации, параноичното ширење паника за вакцини, харпови и разно разни завери? На ваквите религии им е неопходен непријател за да опстојат, ако непостои, мораат да го создадат, бидејќи се темелат на страв, без страв ќе се распаднат како кула од карти.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Не ме изненадуваат неписмените и суеверните, туку интелектуалците кои најмногу треба да имаат здрав ум и разум и да мислат со своја глава, ама пак како овци дремат по цркви и плаќаат вакви глупости. Ако тоа го прави интелектуалната елита, што останува за проста раја...?

Кој не сфатил дека црквите и религијата во денешно време се еден голем бизнис (насекаде, не само кај нас), е навистина слеп при очи. И нека го стрижат и десетпати повеќе од тарифников, заслужува.

 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Не ме мачи мене ништо. Ама нека испоцркаат, никаков зијан нема да биде за никого.
Напротив,со толку омраза сигурно не е лесно.
Ако црквите/поповите прават добри дела и помагаат на сиромашните тоа треба да биде промовирано јавно, за да знаат луѓето со мака дека можат да се обратат таму.
. Секој кој има мака и се обрати до црквата а таа би имала можност да му помогне сигурно би го сторила тоа.Самопромовирањето не е специфично за православната црква, тоа некои други го прават.
За прв пат ќе се согласам со @Изгрев - никој не им става пиштол на глава да одат и да даваат пари на поповите.
Не само што никој не тера со сила, туку и тие побарани сретсва не се задолжителни, а ако верникот има, тоа го има и во веста што ја постирав а тоа што никој несака да го види тоа, си е веќе друга работа.
Прашуваш зошто?Па вие сакате слеп народ,
Кои се тоа ’’вие’’?
Па тие атеисти,тоа е совеста на народот исто како во 1945 година.
Не ме смеј.
Некои пола век трубеа дека народот не можел да живее без црква,не било убаво да се склучува брак без поп,дека требало да се крштеваат децата во црква(иако и тоа е спорно и небиблиско),дека за се биле криви комунистите
Излезе точно, тоа трубење.
Едно добро да стореа од тоа што го сторија комунистите,секоја чест,ама не,ако не беа и комунистите и поповите ќе беа полуписмени или неписмени и самоуки.Се што се постигна во оваа држава се постигна во втората половина на 20 век.
Бреј да небеа комунистите шо ќе праевне сега. Ураа за светла комунистичка будуќност.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.217
Поени од реакции
78.780
Зачудува ваквата одлука на МПЦ во сред најголем пост. Некој би си помислил дека станува збор за намерно позиционирано зголемување на црковните тарифи пред најголемиот христијански празник.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Не не,општо зборев не за тебе лично.Всушност тоа е НИКАКВА ВЕРА(ова што ти го пиша) и ова би ти го кажале многу теолози и свештеници.Ако ме прашаш зошто,затоа што не се темели на љубовта и почита кон Бог туку кон материјалното на неговата црква.Да е така,Бог не би требал да има направено се тоа што е спомнато во Библијата,поповите едноставно би биле тие кои би биле ,,Бог па они''.Да не бидам погрешно сфатен,не те судам,се сложувам апсолутно со тебе,ама 99% викаат ,,НЕ СУМ ВЕРНИК ЗАТОА ШТО ВЛАДИКАТА ВОЗИ ЏИБ 100.000 ЕВРА''.Океј,тоа е добар изговор,ама кога ќе одговараш пред Бог еден ден,тој изговор кај него не проаѓа верувај ми.Зошто ќе ти рече ,,Ти да сакаше да ме почитуваш и да веруваш во мене,во сред пустина да живеше(како што живееле многу светци) ти ќе ме почитуваше,немаше поповите да ги ставаш на прво место''.

И јас сум против ценовникот на МПЦ,ама неможем да прифатам ,,Не сум верник затоа што они се луксузираат''...
Стариот парохиски свештеник немаше кола, а се придвижуваше со точак или пешки растојаниата до поодлаечените села беа прилично поголеми до 10 километри, а во зимски услови таквото придвижување сигурно не е лесно. Народот викаше брее стегнат, циција к’ј ој со тоак низ турско малоо врви кучиња го лаа, срамота.
Дојде нов свештеник и набрзо си купи кола, народот вика како не му е срам народ леб нема да јаде тој кола ми купуе, ејј старио поп со точак у зима одеше по селата.
Набожноста/безбожноста кај народот и кај едниот и кај другиот свештеник остана иста.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Oва што го наведуваш е вистина. Кај нас поставија едно младо попче. Доколку немаш пари, не прави никаков проблем, плус човекот пее на македонски јазик, за да можат сите да го разберат.

Кај католиците имаш верски данок, кај протестантските заедници одвојуваш една десетина од личната заработка за нивната црква. Кај нас дава кој колку има и пак се наоѓаат луѓе на кои тоа не им чини.

Кај нас верниците се големи лицемери. Не е проблем за некој што е сиромав и нема пари. Но највеќе се буни оној кој вели дека му е скапа венчавката, но затоа без никаков проблем ќе фрли 500 евра во кафеана за моминска или ергенска вечер. Или ќе организира свадба на која ќе покани 200 гости. А најголем дел од тие гости не го сфаќаат значењето на свадбата и дека тоа е настан во кој се прославува венчавањето како круна на љубовта помеѓу невестата и младоженецот, туку гледаат како на згодна прилика за да се прејадат и опијат и ако ним не им се види доволно богата трпезата тогаш ќе ги оговарат домаќините дека не знаеле да направат свадба (!).

Или ќе каже домаќинот дека му е скапо осветувањето на колачот за Слава или Служба за светителот, ама затоа ќе направи манџи од пет врсти, колачи од десет вида, со гостите ќе се напијат, најадат и ќе пеат соблазнувачки песни. Многумина ќе се опијат и ќе се степаат итн. Ни ваквиот домаќин, ниту неговите гости не ни знаат кој е светецот и кои се неговите заслуги чија Слава слават, туку на гостите најважно им е да се најадат и напијат, а на домаќинот да се покаже со разни јадења и пијачки и со што повеќе пречекани гости.

Slava kod Srba:
http://www.alo.rs/vesti/reportaza-srbija/slavlje-u-dvoristu-vrtica-uz-go-go-igracice-video/61722

Или за оној кому погребните трошоци му се скапи. Таквиот без никаков проблем ќе даде илјадници евра за најмодерна надгробна плоча. Иако вистинските верници знаат дека за починатиот последното пеење од свештеникот е од непроценлива важност за упокоениот. И единствена работа што може да ѝ помогне на неговата душа на патот низ поднебесието, кадешто не му помага ни златен гроб опсипан со бесценети камења.
Апсолутно коректно објаснето.
Сумата која што ако има да ја даде на свештеникот е занемарливо мала во споредба со трошоците за свадба. Една свадба чини најмалку 3000 евра но тоа не е проблем нели еднаш се први свадба, а проблемот се 3000 денари(незадолжителни) за црквата/свештеникот. Да лицемерие големо.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Апсолутно коректно објаснето.
Сумата која што ако има да ја даде на свештеникот е занемарливо мала во споредба со трошоците за свадба. Една свадба чини најмалку 3000 евра но тоа не е проблем нели еднаш се први свадба, а проблемот се 3000 денари(незадолжителни) за црквата/свештеникот. Да лицемерие големо.
А колку наплаќаше Исус и апостолите за венчавка и погреб?
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Кумановско-Осоговската Епархија не ги зголемува цените за обредите

Кумановско-Осоговската Епархија информира дека нема да ги зголемат цените за верските обреди. Верниците кои немаат средства, нема да бидат вратени од свештениците од кумановско-осоговска епархија.

- Црквата секогаш отворена е за верниците и нема никогаш да врати верник. Но, кога секој од нас би доаѓал во недела и би оставил само по десет денари, ќе нема потреба воопшто да се наплаќаат потребите за верниците, вели отец Игор Здравковски од Кумановско-осоговската епархија.

Во Кумановско – осоговската епархија информираше Здравковски не постои ниту зголемување, ниту намалување на цените на која и да е било потреба за верниците.

- Пред Бога сите сме еднакви и за црквата нема поделба на богати и сиромашни, вели свештеникот Здравковски.

Црковните храмови во Куманово не се подеднакво посетени, но со доброволниот прилог на граѓаните успева да ги одржува храмовите. Сето она што верниците го оставаат во црквите се смета за дар. Во Кумановско-осоговската епархија има над 70.000 верници.
http://a1on.mk/wordpress/archives/459874#sthash.b8MMzb8q.dpbs
Верските обреди во Повардарската епархија по стари цени

За сите оние кои што поскапувањето им беше соблазна или пречка во нивната вера, можат да најдат утеха во кумановската и повардарската епархија.
Или пак има некакво оправдување за своеглавието:cautious:
 

SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.859
Поени од реакции
4.791
Апсолутно коректно објаснето.
Сумата која што ако има да ја даде на свештеникот е занемарливо мала во споредба со трошоците за свадба. Една свадба чини најмалку 3000 евра но тоа не е проблем нели еднаш се први свадба, а проблемот се 3000 денари(незадолжителни) за црквата/свештеникот. Да лицемерие големо.
Se slagam...Eve i predlog svadibte da se pravat u crkva....zaso ugostitelite da gi zimaat 3000 evra koa moze vie...Plus ko ke vidi bog kolku pari dale pogolem blagoslov ke im dade na mladite...! Licemerie tesko ovoa ugostitelite!
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Кумановско-Осоговската Епархија не ги зголемува цените за обредите

За сите оние кои што поскапувањето им беше соблазна или пречка во нивната вера, можат да најдат утеха во кумановската и повардарската епархија.
Или пак има некакво оправдување за своеглавието:cautious:
Она на сликата е позлата?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom