ada
Модератор! ок?
- Член од
- 21 август 2006
- Мислења
- 5.706
- Поени од реакции
- 566
Иницирана од меѓународните реакции за новата македонска енциклопедија (по што ми се врати и сеќавањето за случајот со изложбата на уметникот Атанас Ботев...кога имаше слика во која покрај грчкото знаме имаше инкорпорирано и свастика, па се јави тогашната амбасадора на САД, па билбордите се тргнаа, итн.) се прашувам до каде смее да оди инволвирањето (поточно цензурата, но коректни сме) на други земји и нивни претставници од разни области?
Сепак, барем официјално сме суверена држава, нели.
Исто, би сакала да споделиме и останати примери на држави кои на друга суверена држава и кажуваат што да напише во својата енциклопедија, или случаи кога амбасада се јавува да цензурира нешто што нема цензура, односно ликовна уметност (читај, случајот со Атанас Ботев).
Делумно, за да видиме дали такви случаи воопшто постојат некаде, или и тука сме уникат.
Значи, дали е ова вообичаена светска практика и кога истото се смета за груб, недоличен упад во суверена држава?
Конечно, дали е тоа не прави суверена држава или протекторат во секоја смисла на зборот?