Дојран

Член од
7 септември 2016
Мислења
279
Поени од реакции
442
Како е ситуација у дојран со езерото?

за бањање, плажи и такви ствари, вреди да се иде??
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.005
Поени од реакции
57.044
Како е ситуација у дојран со езерото?

за бањање, плажи и такви ствари, вреди да се иде??
Минатиот викенд бев до Стар Дојран. Езерото како и секогаш, зелено, не многу привлечно. Во трски обраснато, освен кај плажите што имаат зачистено.
Градската ми се виде преполна, чадор до чадор и многу е скратена пошто езерото е подигнато. Фук Так плажата можда најдобра е во моментов, широка, чадори и лежалки поставени на растојание. Е не знам во вода каква е состојбата таму, дното колку е чисто.

А интензивно работеа и после Фук Так плажата, се чистеше брегот, езерото. Веројатно уште некоја плажа ќе никне наскоро :)

За бањање на претходната страна пишаа дека најдобро било во Николиќ.
 
B

Beginner

Гостин
Како е ситуација у дојран со езерото?

за бањање, плажи и такви ствари, вреди да се иде??
Никако не вреди (море си е море ама корона тајм) езерото е катастрофа луѓе полно ѓупци полно во водата и они се луѓе ама со наргиле во водата па скокаат, песни и да не набројувам. Од Гевгелија сум и 4 години веќе по ред кога и да сум бил за Дојран никако во езерото само во базент бањање.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.719
Поени од реакции
15.594
одев со децата пред 30+години...се сеќавам отидовме на плажа во Мрдаја. Имав едно мало ЖОЛТО детско кајче, од пвц, од лихнида. По капењето седнавме на плажа а кајчето мокро на сонце. За 10 минути од ЖОЛТО стана ЗЕЛЕНО, во бел ден на пладне СЛЕТАА и го прекрија кајчето 1000-ци Дојрански ЗЕЛЕНИ комарци :cool:
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.494
Поени од реакции
6.121
Значи за пливање во Николич :) Ме интересираше и дали има уште нешто што би можело да се посети? Знам Смоларски водопади се блиску, па планирам еден ден и за таму.
Смиларски водопад, колешински водопад, мокрински извори... Во близина на Смолари ти е комплекс лебедово езеро, имаат одлична храна. Ако сакаш добар поглед кон цела струмичка котлина, на тутијата кај колешински водопад.
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Бев неколку дена до Дојран да се релаксираме малце.....со оглед дека сме затворени за во странство....супер е....не сум бил во Дојран повеќе од 20 години.....изменето е доста (во позитива).
Цени на место по ресторанчиња, сендвичари, пекари и се останато.....како во Скопје. Услужливост супер, пријателски и коректен однос од сите....немам забелешка. Паркинг има секаде....нема потреба да се оди на платениот бидејќи се наоѓа место и на многу други места.
Езерото е такво какво што е.....но поминува.
Од плажите во Стар Дојран единствено како солидна плажа можам да ја издвојам плажата Фук-Так....само едно претпладне ја посетив....но доволно за да ја оценам.
Топло ја препорачувам плажата Николич, секој ден бевме таму. Точно по мој вкус. Цена на лежалка со нес и вода за цел ден по човек 120 ден. Водата е идеална за мали деца, топла со многу благ пристап и значително почиста за разлика од градските плажи. Народ умерено, нема гужва со оглед на тоа што намерно избегнав викенд баш поради таа причина -гужва. Исто има убава храна и пијалоци по нормални цени од самиот бар, така да практично од 9 сабајле до 6 попладне бев таму. После се враќав во Стар Дојран на прошетка и спиење.
До самото село патот е супер, после кога ќе се скршне десно према плажата има 1,5км возење по земјен но израмнет пат, (како кога се вози по дивите плажи низ Грција) сосема солиден.
Многу ми се допадна што општо во Дојран нема тинејџери што сакаат да лумпуваат по барови, улици и дискотеќи.....само фамилијарни луге. Одлично место за релаксација и опуштање.
 
Бев и јас сеа бргу, се слагам со све освен шо е полно само со фамилијарни луѓе и дечишта кои не престануваат да праат галама, не препорачувам за млади луѓе да идат Дојран
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Бев и јас сеа бргу, се слагам со све освен шо е полно само со фамилијарни луѓе и дечишта кои не престануваат да праат галама, не препорачувам за млади луѓе да идат Дојран
Епа сега мајка, татко и по некое детенце....има некоја галамичка, врискање, пискање....играње, деца се тоа. За тинејџери и за помлади не е местото во право си, немаат места за журкање и дивеење.
Ова е баш према мој вкус....тивок и мирен одмор.
 
Член од
17 јануари 2011
Мислења
241
Поени од реакции
131
Освен фук так и лесковачката кај хотел полин, препорака за добар ресторан?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom