Достоевски: религија, култура и политика

ANTIKMAKKEDON

Патриот
Член од
6 јуни 2011
Мислења
27
Поени од реакции
6
Иконата на рускиот реализам и култура сликовито,духовито,духовно е бог на пишаниот збор и тешко дека некој творец десога успеал барем да се доближи до неговиот гениј и талент- Достоевски е секогаш актуелен .Неговата реч ,секогаш свежа и актуелна,може длабоко да се почувствува само како мисла а не обичен збор изговорен или запишан од обичен смртник. Достоевски всушнос е бог кој не може да умре ,туку се потврдува непофторливо, постојано за пак де се појави во друга форма и постојано актуелен во многу полиња- филозофијата,литературата ,религијата,псилогијата,опшеството и редица други дисциплини сврзани со судбината и и животот на неговите ликови на кои тој во целост гопосветил своето внимание.
Намерата тука не ми е да дискутираме за делата на генијот,зошто тоа е доволно елаборирано не само како критика на пишаниот збор од многу славни пера,туку тоа станало феномен кој подробно ,од лик до лик.од карактер до карактер проучувано во филозофијата и психологијата...


Могу би било интересно ликовите на Достоевски да ги преселиме на македонската сцена на медиуми,политичари и други јавни личности ...Темите се:
-опшество - ќар, корупција
- народ
-универзални вистини
-злочинец
-бог
-религија
-ѓавол

Огрешување или грев во однос на возвишеното и постојаното
-егоизам
-љубов
-омраза
-ароганција
-охолост
-рамнодушност
-користољубие
-провидение
-вечен мрак

-охоло : јас,грев
-страв
Овие и многу други важни теми Достоевски систематски ги разработил.Се надевам на вашата ивентивност,добар слух и бистро око.Повелете.(y)
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Прв пост-тема :D
Мислам дека има слична тема:
http://forum.kajgana.com/threads/Достоевски-toлстој.5129/
Не, нема слична тема. Линкот што си го оставил води до тема во која се споредуваат делата на Достоевски и Толстој.

ANTIKMAKKEDON, интересна замисла, но имајќи го предвид обемното дело на Достоевски малку е тешко да се почне, ајде насочи нè малку поконкретно, па да дискутираме.
 

FortuneTeller

ВРАГ
Член од
20 мај 2011
Мислења
476
Поени од реакции
138
Вокерка напиша:
Не, нема слична тема. Линкот што си го оставил води до тема во која се споредуваат делата на Достоевски и Толстој.
Се извинувам. Идиотски од моја страна:rolleyes: ми беше чудно дека ова е прва тема за Достоевски па барајќи налетаав на таа за која не видов убаво дека е за споредба
--- надополнето: Jun 7, 2011 7:46 PM ---
Грандиозниот опус на книжевниот гениј Фјодор Михајлович Достоевски со години наназад бил предмет на почитување, воодушевување, но и проучување од страна на обичните читатели, интелектуалци, философи, теоретичари на литературата... Размислувањата на овој писател дејствуваат на човечката психа и на нејзините размислувања.
Затоа Достоевски е духовен татко, духовен водач низ маките и премрежјата, духовен учител. Ова посебно се однесува на неговите најголеми обожаватели.
Германскиот философ-нихилист, Фридрих Ниче, своевремено изјавува дека единствениот психолог од кој нешто научил е токму Достоевски.
Познатиот доктор, кој ја воведува психоанализата во психијатријата, Сигмунд Фројд, го нарекува татко на психоанализата кој знае да ги лупи корите на таинствените човекови срца.
Достоевски е уметник-философ - тоа за него го вели Сергеј Булгаков. Тој го сметал и за еден од основачите на руската национална философија која во себе ги поврзува православната традиција, руските народни вредности, аскетскиот исихазам и дозираниот мистицизам

извор: sakamknigi.mk
 

ANTIKMAKKEDON

Патриот
Член од
6 јуни 2011
Мислења
27
Поени од реакции
6
Не, нема слична тема. Линкот што си го оставил води до тема во која се споредуваат делата на Достоевски и Толстој.

ANTIKMAKKEDON, интересна замисла, но имајќи го предвид обемното дело на Достоевски малку е тешко да се почне, ајде насочи нè малку поконкретно, па да дискутираме.
Вокерка ме наговори да го почнам разговорот на оваа тема а јас со задоволство прифаќам. На пример :Огрешување или грев во однос на возвишеното и постојаното.Достоевски многу инвестирал на оваа тема и успешно си ја завршил работата.Тој вели: секој човек како личност,ако не свесно барем во својата подсвест - најинтимно е поврзан со Бог како апсолутно Добро како и со сопствениот апсолутно совршен живот во иднината кога ќе биде реализиран во царството Божјо.

Надежта за себеисполнување во иднината личноста може да ја реализира во потполност во животот и творечки да ја реализира сопствената идивидуална и драгоцена оригиналност.Но основниот инпулс на творечкиот чин со кој почнува слободната личност може да биде и во нешто друго.
Таква личност може да се најде во љубов кон сепотполен живот,пред се во животот за себе,а кога таква личност се посвети и за животот за друг,


Да ја започнеме дискусијата: во темата е внесена темата Огрешување или грев во однос на возвишеното и постојаното. Интенција ми е ова да биде слободна тема за разговор и не мора да се следи теркот на Достоевски.Оние кои го познаваат неговото дело,многу полесно ќе се вклопат во дискусиите и произнесувањето на сопствените погледи и идеи на дадените теми,Тоа Достоевски би го нарекол индивидуална оргиналност што многу ја почитувал и ценел со препорака дека индивидуалната оригиналност треба да се негува во секое опшество или средина...
Достоевски вели: Секој човек како личност,ако не свесно барем во својата подсвест најинтимно е поврзан со Бог као апсолутно Добро ,како и со сопствениот апсулутно совршен живот во иднината ,кој ќе биде реализиран во царството Божјо.



Во иднината личност може да ја посигне потполноста во животот и творечки да ја реализира сопствената индивидуална и драгоцена оригиналност. Секое суштество тежнее кон целта на една таква потполност во животот.Има луѓе кои постојано тежнеат кон таа цел.

Но основниот импулс на творечкиот чин со што почнува слободната личност може да биде и поинаков.Личноста може да се најде во љубов кон сеисполнет живот пред се во животот за себе,а кога личноста се посвети и за животот на другите(политичарот на пр.) ,тоа секако ќе има стил : живеам за другите но по своја желба и карактер.Значи тука недостасува почитувањето слободата на другиот и индивидуалната оригиналност на другата личност.

Во тој случај преовладува љубовта кон себе, а потоа кон Бог и другите.Оној кој тргнал по таков пат тргнал по патрот на грешниците.Крајот од таквата дејност е спротивставување на едно во себе вљубено суштество наспроти другите суштества.
Егоизмот е оставен на сопствените сили и не е во состојба да ги совлада сите тешкотии и препреки со кои се сретнува во животот. Поради тоа, дури и тогаш кога се постигнува целта,егоистот не е задоволен. Секој егоист страда од поголема или помала одвоеност од сопствената личност.Идеалот за постигнување хармонија во светот, но и потесно ,до интимност по пат на љубов е својствена за секоја личност,но е во зависност од степенот на неговата интелектуална сила и можности и тој идеал живее свесно или несвесно. Свеста на личноста се реализира во зависност од остварувањето на идеалот...
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Во иднината личност може да ја посигне потполноста во животот и творечки да ја реализира сопствената индивидуална и драгоцена оригиналност. Секое суштество тежнее кон целта на една таква потполност во животот.Има луѓе кои постојано тежнеат кон таа цел..
Кога ја допре темата за оригиналноста ме потсети на Гаврил Ардалионович од „Идиот“.

Па еве еден цитат на таа тема:

„Често се жалиме дека сме немале практични луѓе, а дека луѓе во политиката, на пример, сме имале многу; генералите, исто така, сме ги имале многу; различни управници можело сега да се најдат колку што ќе побараш, - а практични луѓе немало. Велат дури дека на некои железнички линии немало ни луѓе кои попристојно ќе ги обслужуваат; велат дека никако не можело да се добие некоја барем малку поподнослива администрација, во некоја бродска компанија. Таму, слушаш, на некоја новонапуштена железница се чукнале или паднале од мост вагони; ваму, се пишува, за малку ќе останел да зимува воз среде снежно поле; тргнале луѓето на пат за неколку часови, а останале пет дена во снег. Онаму, велат, многуилјади пудови стока гниеле на некое место по два и три месеци, чекајќи да се транспортираат, а ваму велат, (впрочем, дури е и тешко да се поверува), некој администратор, то ест, некој надзорник, некојси трговски патник кој му здодевал за да му ја транспортира стоката, место транспорт го „администрирал“ со тупаница в заби, и уште ја објаснил својата администраторска постапка со тоа дека „тоа го сторил во лутина“. Се чини дека има толку установи во државната управа, што е дури и страшно да се помисли; сите чиновникувале, сите чиновникуваат, сите имаат намера да чиновникуваат, - и тогаш, како ќе речеме дека не можело од ваков материјал да се состави некоја пристојна компаниска, или бродска администрација?

На ова напати се дава необично едноставен одговор - толку едноставен што дури не може ни да се поверува на ваквото објаснување. Вистина е, велат, дека кај нас сите чиновникувале или чиновникуваат, и веќе двесте години се влечело тоа по најдобриот германски образец, од прадедовците до правнуците, - но луѓето што чиновникувале токму и биле најнепрактичните, и стасало дотаму што нереалноста и недостигот на практично знаење дури и меѓу самите чиновници, уште неодамна, се сметале како најголеми добродетели и препораки. Впрочем, напразно се занесуваме со чиновниците, ние, всушност сакавме да зборуваме за практичните луѓе. Тука веќе нема сомнение дека плашливоста и недостигот на личната иницијатива постојано се сметале кај нас како најглавни и најдобри особини на нашиот практичен човек, - и дури и сега така се смета. Но зошто да се обвинуваме само себеси, - само ако тоа мнение го сметаме како обвинување? Недостигот на оригиналноста секаде, во целиот свет, од создавањето на светот се сметаше како најдобар квалитет и најдобра препорака за еден деловен, вреден и практичен човек, и во крајна линија деведесет и девет насто од луѓето (тоа во крајна линија) секогаш застапува такво мислење, и можеби само еден стоти дел секогаш гледал и гледа поинаку.“

Гаврил Ардалионович е еден таков лик, толку обичен и површен, ниту ниедна идеја не доаѓа од неговата глава, ништо не е негов, својствен зародиш, а тоа е толку тешко да го прифати. Дека е обичен, дека е просечен.

Недостигот на оригиналност, како што тврди Достоевски е еден од најголемите проблеми, како за личноста така и за општеството.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Пред извесно време прочитав публицистички текст на Достоевски, во кој тој се осврнува на состојбите во Русија, конкретно за положбата на Евреите во оваа земја. Овој текст, а веројатно има и други кои не сум ги прочитал, им послужил на извесен број луѓе, да се обидат на Достоевски да му накалемат антисемитизам.
Имено, Ф.М.Д. дал свое видување на еврејското прашање, мошне промислено, убедливо и ни најмалку малициозно, истакнувајќи ги причините за (само)изолацијата на Евреите во Руското Царство. Всушност, Достоевски е убеден дека кај мнозинството Руси го нема антисемитизмот, но дека начинот на живот на Евреите, начинот на кој тие заработуваат, методите на нивната работа и можеби најмногу од се` професиите во кои се групирани и во кои поседуваат целосен монопол (банкарството или лихварството) сами по себе градат ѕид меѓу нив и Русите. Од друга страна пак, боде очи и ненаклонетоста на Евреите кон одредени професии, како земјоделието, на пример, а и нивното незадоволство од сопствената економска и општествена положба, што за Достоевски е апсурдно, посебно ако се има предвид недобројното мноштво на обесправено и бедно руско население, наспроти малобројното, а сепак материјално сосем добростоечко еврејско население.
За чудо, овде нивната вера ја става во втор план, иако не ја занемарува, посебно идејата за „избраниот народ“.
Како и да е, ми се чини дека авторот мошне успешно доловил дел од причините од кои произлегува антисемитистичкото расположение не само тогаш и таму, туку и денес и насекаде.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Погледите и ставовите на Достоевски во однос на религија, култура, националност, патриотизам, историја и сите други „проклети прашања“ кои го мачеле, можат најдобро да се согледаат во „Дневникот на писателот“.

„Човек како личност,ако не свесно барем во својата подсвест најинтимно е поврзан со Бог као апсолутно Добро.“ Најверојатно Достоевски кажувајќи ја оваа мисла тргнува од себе и од сопственото животно искуство. Имено, тој во младите години како симпатизер на левичарската идеологија (ми се чини дека и бил фатен т.е. уапсен бидејќи бил затечен на некои од нивните илегални собири во царска Русија) бил осуден на стрелање за да во последен момент казната биде сменета. [ мала дигресија- оваа случка е премногу добро обработена во „Идиот“]. Во тој момент се случува пресвртот во неговиот живот затоа што тогаш тој станал свесен за постоењето на Бог во секој човек. Бог го поврзува со бесмртноста. За него тие се во многу близок однос. Постоењето на едного го диригира постоењето на другото, ако не постои едното не постои ни другото.
Заедно со овие две категории наречени антиномии бидејќи му пркосат на рационалното и логиката, влегуваат уште слободата и моралот. Ако човекот почне сам со сопствената логика да ги одговара и согледува овие поими тогаш ќе дојде во состојба на јунакот од подземјето кој не може да го прескочи ѕидот затоа што ѕидот е алегорија на употребата на умот за разрешување на антиномиите.
Според Достоевски овие „проклети“ прашања треба да се решаваат со срце, на едно метафизичко или грубо речено ирационално ниво.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Достоевски освен што како прв книжевен психијатар поставувал дијагнози на човечките души маѓепсан од различноста на нивните страсти исто така поставил и дијагноза за западноевропско-руските односи како резултат на неговото повеќегодишно патување низ Европскиот континент.

Во прилог, еден негов цитат:

„Западот е нашата втора татковина. Русинот е на запад како гостин во својот дом. Европските народи гледаат со страв на Русите. Нивниот страв произлегува од неколку причини. Русија има повеќе од 100 милиони жители. Русите ги знаат сите идеи на западот, Русите ги знаат сите јазици на западот. Русите го знаат сето минато и сите намери на западот-а западот не познава ништо руско. Од тука произлегува стравот на западна Европа кон Русите.“
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Среќен роденден Фјодор!

15 цитати:

1. Пред сè, не лажи се себеси.

2. Убавината е чудна но и лоша. Бог и ѓаволот се караат во нејзе а бојното поле е човековото срце.

3. Едно општество може да се оцени според внатрешноста на неговите затвори.

4. Нема ништо потешко на светов од кажувањето на вистината а ништо полесно од ласкањето.

5. Можеш да си искрен но истовремено и глупав.

6. Сарказмот е последното прибежиште на скромните и чисти луѓе на кои душата им пати.

7. Луѓето сакаат само да се жалат за нивната несреќа но воопшто не ја ставаат на вага со нивната среќа.

8. Душата се лечи кога си меѓу деца.

9. Најпаметните, според мене, се луѓето кои барем еднаш месечно се нарекуваат себеси будала.

10. Кога немаат значајна работа, луѓето ја губат желбата за живот, едноставно полудуваат.

11. Понекогаш среќаваме луѓе, дури и сосема непознати луѓе, кои ни изгледаат интересни уште на прв поглед без воопшто да изговорат збор.

12. Да љубиш некого значи да го видиш како што Бог замислил.

13. Реалистите не се плашат од резултатите на тоа што го проучуваат.

14. Правилно или погрешно, некогаш е навистина убаво да скршиш нешто.

15. Патењето и болката се неизбежни за оние со висока интелигенција и длабоко срце. Мислам дека големите луѓе имаат голема тага во нив.
 
Член од
2 ноември 2020
Мислења
454
Поени од реакции
633
I could not become anything; neither good nor bad; neither a scoundrel nor an honest man; neither a hero nor an insect. And now I am eking out my days in my corner, taunting myself with the bitter and entirely useless consolation that an intelligent man cannot seriously become anything, that only a fool can become something.
Татко на егзистенцијализмот и апсурдизмот
 

Kajgana Shop

На врв Bottom