Донирајте за малата Ања од Кратово

Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
Превземан текс (линк)

Раѓањето на Ања била причина за огромна радост на таткото Даниел, мајката Марина и братчињата Гоце и Адријан. И покрај финансиските потешкотии на семејството во кое никој не е вработен, ведрината и семејната благосостојба траела 1,5 години, кога родителите со

соочиле со првите здравствени проблеми на малечката Ања. Забележале дека нивната ќерќа заостанува во психофизичкиот развој, дека има слабо развиена моторика и делумна одземеност на левите екстремитети. Тогаш започнала нивната голгота по здравствените установи низ земјава, каде постојано добивале црни сценарија. Од такви дека нема надеж за рехабилитација на Ања, до такви дека најдобро за семејството е да се откажат од неа и да ја дадат на специјализирана установа.

-Бевме разочарани од она што го слушнавме од лекарите, но во ниту еден момент не помисливме да се откажеме од борбата да ја видиме Ања здрава и полна со живот. Беа потребни пари за испитувања, па морав да заминам на работа како градежник во Црна Гора. Сакавме да бидеме сите заедно, па минатото лето решивме да го минеме на море. Проблемите почнаа кога Ања таму доби силни напади и грчеви во целата мускулатура. Не примија во болница, лежевме десетина дена и плативме 1.700 евра, за кои се задолживме кај мојот газда од Црна Гора. Кога се вративме во Кратово, се соочувавме со се поголеми маки. Ања е потполно неподвижна, не може да ја држи главата исправена, јаде само пасирана храна и единствено реагира кога ќе ги види мама и тато - вели со солзи во очите таткото Даниел.

Со тешки маки, успеале да прособерат пари за да направат поконкретни испитувања на скопската Клиника за детски болести. Таму констатирале церебрална парализа со идиопатска епилепсија, со чести грчеви кои го доведуваат во опасност животот на четиригодишната Ања. Маката ги натерала спас да побараат во престижната турска клиника Санте Плус, па го посетиле нејзиното претставништво во Скопје. Од таму им дале зрак надеж дека е можно да се подобри состојбата на Ања, но за сите потребни испитувања и авионски трансфер до Турција им побарале 4.500 евра. Од Фондот за здравство ги одбиле, со образложение дека не можат да ги пОкријат трошоците за Турција.
Времето незапирливо тече, а животот на Ања е во опасност. Семејството Арсовски од Кратово нема средства, живеат од 8.000 денари кои ги добиваат од државата за трето дете, а потребни се 4.500 евра за да и се даде шанса за нов живот на малата Ања, која наскоро ќе наполни 4 години. Ако сеуште има хумани луѓе и грижливи институции, се надеваме дека Ања наскоро ќе му се радува на вистинскиот живот. Оливер Арсовски

ДОНАЦИЈА ЗА АЊА АРСОВСКА

ЦЕНТРАЛНО-КООПЕРАТИВНА БАНКА А.Д.СКОПЈЕ

ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА 320500023718130

ЕМБГ 1605010425010
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
Броеви од оператори нема?
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.056
Поени од реакции
13.554
дајте инфо за од странство!
 
Член од
21 септември 2010
Мислења
349
Поени од реакции
181
Броеви од оператори нема?
Т-МОБИЛЕ 070-143-104

ВИП 077-143-778

ДОНАЦИЈА ЗА АЊА АРСОВСКА

ЦЕНТРАЛНО-КООПЕРАТИВНА БАНКА А.Д.СКОПЈЕ

ДЕНАРСКА ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА 320500023718130

ЕМБГ 1605010425010

девизна сметка на Даниел Арсовски МБ 1710985423009
мк07 3205 4000 2874 768
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
НАЈПРВО ДА ЗАМОЛАМ, КОЈ ЗНАЕ БРОЈ ОД НЕКОЈ ОД РОДИТЕЛИТЕ НА ДЕВОЈЧЕТО ДА ГО КОНТАКТИРА ФУДБАЛЕРОТ АДИС ЈАХОВИЌ И ДА ГО ОСТАВИ БРОЈОТ.

Битката за живот на малото беспомошно девојче Ања од Кратово продолжува. Од денеска сите хумани луѓе кои сакаат да помогнат финансиски на четиригодишната Ања Арсовска, ќе може тоа да го сторат на поедноставен начин, со вртење на телефонски број на кој еднократно ќе донираат 100 денари. Корисниците на Т-Мобиле ќе може тоа да го сторат на телефонскиот број070-143-104, а корисниците на ВИП ќе може да донираат на бројот 077-143-778. И понатаму останува активна трансакциската сметка за оние кои сакаат да уплатат средства во банка, а отворена е и девизна сметка за уплата од странство.

На семејството Арсовски кое едвај врзува крај со крај, потребни им се 4.500 евра за целосни испитувања на Ања во клиничката болница Санте Плус во Турција.

Т-МОБИЛЕ 070-143-104

ВИП 077-143-778

ДОНАЦИЈА ЗА АЊА АРСОВСКА

ЦЕНТРАЛНО-КООПЕРАТИВНА БАНКА А.Д.СКОПЈЕ

ДЕНАРСКА ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА 320500023718130

ЕМБГ 1605010425010

девизна сметка на Даниел Арсовски МБ 1710985423009
мк07 3205 4000 2874 768
 

Kajgana Shop

На врв Bottom