Построги критериуми за вработувања во администрацијата
13.02.2015 | 19:07
Економија
Прочитано: 332
Од денеска стапуваат на сила новите закони за административни службеници. Законските одредби предвидуваат строги критериуми за вработување во државната и јавната администрација. За вработување ќе се полагаат повеќе испити, потребно е совршено познавање на странски јазик, а предвидено е и оценување на вработените.
Според Владата законот е по европски терк и ќе создаде ефикасна администрација Дел од експертите сметаат дека законските решенијата содржат бројни нелогичности.
Уште пред стапување на сила на законот, Владата кон крајот на минатата година веќе имаше распишано огласи за стотици вработувања во државните јасли. Дел од вработувањата беа и по рамковен договор. Огласи за вработување имаше од почетокот на годинава..Експертите коментираат дека масовните вработувања се спроведоа токму поради новиот закон за администрација.
Издашноста на буџетот за исплата на плати за администрација во последниве неколку години постојано расте. Во 2011 година од буџетот за оваа ставка биле одвоени над 365 милиони евра, следната 2012 -та близу 380 милиони евра, следната 2013-та се издвоиле 362.161.560 евра, но лани сумата за исплата на плати повторно е зголемена и изнесува 372.762.373 евра. Годинава за исплата на плати за адмнистрација се планирани близу 400 милиони евра, што споредено со лани е за 25 милиони евра повеќе.
Вкупно за пет години за оваа буџетска ставка ќе се одвојат близу 1,9 милјарди евра.
http://24vesti.mk/postrogi-kriteriumi-za-vrabotuvanja-vo-administracijata