Домашно школување

Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Домашно школување, или ко што го нарекуваат западњациве homeschooling е интересна работа. Веројатно. Оти, освен на филмови (ain't it like in the movies at all), не сум сретнал такво нешто на Балканијадава. Not yet...

Е сега, пред да почнам да ги поставувам темелите на темава, да напоменам дека има една која опфаќа дел од она што сакам да го поставам овде ...

http://forum.kajgana.com/threads/Дали-треба-да-се-оди-во-училиште.29799/

Меѓутоа, во таатема повеќе се изразува аверзија кон училиштето, од некои идеолошки побуди и причини, така да, мое мнение е дека ова може да биде едно засебно темуле... :D

Мене, пред се`, ме интересира, дали во нашево поднебје воопшто е возможно да се одвива таков образовен процес. Значи, дали државата дозволува.

Пример, сакам мојот син јас да го подучувам и образувам, да не го праќам по приватни и државни школи, туку дома, бар до ниво на „осмолетка“.

Што е потребно (ако е возможно), како би се одвивало, и какво влијание би имало тоа во општествово наше насушено (да не останат многу профи на улица), и како би се одразило тоа на индивидуата (и тој што подучува, и на детето, што веројатно ќе му фали комунистичко - школската социјализација).

И ред други работи кои проникнуваат од темата.
 
Н

на мајка ти љубовникот

Гостин
Edinstven fail e sto ke nema drugari, drugoto e highly applicable.
 
A

AnFem

Гостин
Топ тема! И јас сум заинтересирана за истово. Некој ми рече дека се’ што е потребно е лицето што го школува детето да има диплома за наставник. Веројатно на тој начин функционира и кај овие богативе, лигави американчиња.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Н

на мајка ти љубовникот

Гостин
Да затоа на секој 2 минути сите гледаа колку е саат за да заврши школо и да се соберат со другарите.Дека ако не идеш на школо нема да имаш другари.
Da no reakcijata na deteto ne ja zimas vo obzir.
Kako ke reagira koga deca kako deca se dovolno glupavi i ke go zaebavaat oti ne ide na skolo?
Mislis nekoj ke go druzi?
Mozam da zamislam so kakvi pogrdni iminja ke go narekuvaat.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
НемаТ да имаТ другариТ(n)

Абе мора да се оди на училиште, мора да се социјализира. Како се приметува деца што не одат во градинка а се чувани од баба/дедо, кога ќе појдат во прво одделение, како баба и дедо некои се. Јас имав едно комшиче, само серии шпански гледаше (тоа што гледа баба му) и кога идеше по улица, рацете позади на кичма ги ставаше (како дедо му). Како сунгер припиваат од стари, СТАРЦИ бе брат, не иде.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
НемаТ да имаТ другариТ(n)

Абе мора да се оди на училиште, мора да се социјализира. Како се приметува деца што не одат во градинка а се чувани од баба/дедо, кога ќе појдат во прво одделение, како баба и дедо некои се. Јас имав едно комшиче, само серии шпански гледаше (тоа што гледа баба му) и кога идеше по улица, рацете позади на кичма ги ставаше (како дедо му). Како сунгер припиваат од стари, СТАРЦИ бе брат, не иде.
Jaс не одев во градинка, ни во забавиште. Дирек ме пуштија прваче. Е сега, ги почекував и дремев дур учеа другиве да пишуваат кирилица. И латиница. :ROFLMAO:

Пошо стариот мој, неофицијално го праеше ова што го прашвам.
Мене не ми фалеше ништо од „пропуштеното“ забавиште или градинка.

Плус, осмолетката ми сметаше да се дружам 24/7 со другарчињата. нели, со моите вистински пријатели кои ги имам и ден денес, не бевме ни во ист разред, ни бутур :D

Tака да, остај ти баба и дедо. Сигурно јас нема на баба ми да и го оставам син ми да го учи за „напред ние“.

I will...:icon_mrgr:
 
С

Спасе супата

Гостин
Не знам како е со закони тоа регулирано.

Но би напоменал дека денес е малку незамисливо еден човек да знае се и да биде учител по сите предмети.

Но нели одамна си постојат курсеви за јазици и слично, книги има насекаде па кој има желба може да си добие некои додатни знаења.
 
С

Спасе супата

Гостин
Би додал дека би било многу добро да има приватни или државни сеедно училишта со различни програми.
Пример: Ако сметам дека децата премногу ги трујат со глупости како географија, социологија, лектири и слично да можам да го пратам во школо каде се учат корисни работи како на пример програмирање, хемија и слични предмети.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.606
Поени од реакции
10.846
Добра ти е идејава Кантона, баш кога разговарам со луѓе од надвор гледам дека кај нив кампањите у стилот учи или ќе бидеш ебен од општеството не палат, за разлика од овде каде што младите си прават бајрам на умот и си поставуваат превисоки, невозможни цели и филмови кои со тек на годините ги запоставуваат со дрога, алкохол и поретко секс. Крајот се сведува на жалење и лајф ис а бич теории.
Дечки, доволно е што Талат стана министер, се надевам дека сме јасни.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.046
Поени од реакции
29.410
Пример, сакам мојот син јас да го подучувам и образувам, да не го праќам по приватни и државни школи, туку дома, бар до ниво на „осмолетка“.
Интересна идеја, пред се заради застарениот систем на образование што денес се употребува.
Нема да се осврнам на социјалниот аспект на ова, ниту за легалниот за кој воопшто не сум компентен да дискутирам.


Тоа што мене ме интересира е дали ти си спремен да пружиш образование, барем на тоа ниво на денешниот образовен систем.

Друга работа е и што образованието се користи за „психолошко профилирање„ на децата кон системот на вредности на денешното општество... Обврски, рокови, норми, хиерархии итн, итн.
Поентата ми е дека дури и да си најдобриот учител на светот (технички гледано), прашањето е како детето ќе го спремиш за сите тие работи (и разно-разни притисоци) што подоцна го чекаат во животот? Како потоа во средно образование ќе реагира тоа дете на притисоци како што се рокови за спремање за оценки, обврски за станување рано, обврски да не касни, итн итн, многу други најразлични обврски и стандарди кои сигурно ќе бидат различни од твоите домашни стандарди.

Претпоставувам и за ова постои некое решение, ама сакам да илустрирам дека целата работа воопшто не е едноставна. Се работи за многу сложен проблем на кој треба да бидеш спремен да му посветиш цело работно време од 6-8 саати дневно.
Немој да мислиш дека за викенд ќе го подучуваш нешто детето и дека тоа дете по 8 години ќе биде исто едуцирано и спремно за понатаму, во споредба со дете од стардардниот образовен систем на кое му се посветува и домашно внимание.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Мислам дека сте на погрешен пат... Школувањето треба да го изгради детето како комплетна личност, а тоа е можно само во школо каде некој деца се подобри, а некој послаби ученици, некој се мирни некој се немирни...
Еве прочитајте за Johann Heinrich Pestalozzi
http://en.wikipedia.org/wiki/Johann_Heinrich_Pestalozzi
Домашно учење е за возрасни
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Мислам дека сте на погрешен пат... Школувањето треба да го изгради детето како комплетна личност, а тоа е можно само во школо каде некој деца се подобри, а некој послаби ученици, некој се мирни некој се немирни...
Еве прочитајте за Johann Heinrich Pestalozzi
http://en.wikipedia.org/wiki/Johann_Heinrich_Pestalozzi
Домашно учење е за возрасни
The record shows дека, градбата на комплетна личност, моментално е во ... pending.

Т.е. ко шо гледаме, баш ова образование што го знаеме е погрешен пат. Работата е утната од старт.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom