Домашно развивање на слики

  • Креатор на темата Elipsis
  • Време на започнување
E

Elipsis

Гостин
Dali nekoj znae kako se razvivaat sliki doma kako na filmojne vo temna prostorija koi hemikalii trebaat i stvari i kako se prae dali e poevtino od razvivanje po studia i dali moze da se najde u makedonija. Pa znae nekoj?
 
V

Viktoranius

Гостин
Епа треба да се има посебно место за тоа ....а тоа дали е поефтино од студиа мислам декаа НЕ е ...бидејки ти требат разни препарати како што рече и самиот хемикалии...имам гледано дека сликите ги чистат во една течност..то ти е то :toe:
 
PowerBoY14

Јас Сум Тој и Тој Роден Тогаш и Тогаш
Член од
13 април 2007
Мислења
256
Поени од реакции
4
Ти треба првин една кугла во која се намотува филмот... потоа во таа специјална кугла има определено место каде се тураат хемикалиите... то ест.. првин тураш тука обична вода... па на куглата има специјално место за вртење на куглата (таква е куглата напраена). Со вртењето ја нанесуваш (во овај случај водата) хемикалиата на целиов филм. После водата иди на ред растворувачот.. Растворувачот ја прави сликата во нејзината форма спремна за развивање на фотокопир... Исто како и кај водата, ја вртиш куглата ... После разредувачот.. следува фиксир(мислам дека ќе најдиш во Скопје Фиксир во овие студиава).. фиксирот ја фиксира фотографијата.. Тоа значи од кога растворувачот ќе ја раствори фиксирот ја фиксира за да неможи сликите да се размачкаат..
Од кога ќе го туриш фиксирот во куглата пак ја вртиш..
(Не заборавај да ги истураш течностите пред да ставиш друга течност (ја истураш водата па клаваш разредувач))
и потоа пак вода..
сето тоа се прави во Темна Комора (или Темна Соба)
Потоа... Ја отвораш куглата.. го одмотуваш филмот...
и го ставаш на фотокопир (и тој се купува не е многу скап.. незнам можеби сега можи и на обичен фотокопир да се направи (овие што ги користиме како печатач, скенер, копир, незнам пробај!)
На копирот едноставно само ќе ги зголемиш фотографиите (притоа филмот ќе дојди во негатив)
И на крај
Ако е зима ги ставаш фотографиите пред пречка да се исушат, ако е лето ги оставаш надвор..
Ако ги правиш за некој друг (то ест професионално) ги ставаш во посебна сушара(незнам дали ќе најдиш таква во Македонијава).. и се сушат сликите..
И Јухуууу направив слика..
Инаку во студиава сега... Само постарите знаат како се прави фотографија на горе објаснетиов начин... А сега ... нормалноо
си купуваш Машина го ставаш филмот таа ги прави сите овие работи и само ти излегуваат фотографии готови..
А за Дигиталните во студиата прават се исто само не ставаат филм туку првин ги префрлаат на компјутерот од машината и машината ја завршува целата работа...
Да не те премислив?:helou::vozbud::pos2:
 
Ако те разбера два збора добар е :pos2:
 
Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Јас одбирам дигитално да си сликам и да ги вадам сликите во фотостудио:) сепак 6 денари е фотка:):):)поисплатливо е
 
PowerBoY14

Јас Сум Тој и Тој Роден Тогаш и Тогаш
Член од
13 април 2007
Мислења
256
Поени од реакции
4
Па никој не е будала сеа дома да вади слики на онај начинон горе што го напишав :)
Само него го интересираше :)
Јас имам лабараторија дома за слики... и пред да започнам со дигиталниве чуда.. си го користев тој начин
имав и сушара купено дури.. (пред да купам во микроталасна ги сушев:) )
Ама сеа та опрема сета ја тргнав од лабараторија не ми треба веќе нека седи долу во визба :) ќе се најди некогаш :)
Сеа сакам да пробам... да вадам слики на овај начин ...
Сликам со дигиталниот... Ги префрлам на компјутер ...
и ќе ги вадам сликите на обичен колор печатач само ќе користам хартија со дебелина на фотографската хартија ... Имам уште едно буренце со Сјај (прееска заборавив да напишам од ко че се исушат сликите се премачкуваат со еден сјај(незнам дал се наоѓа во Македонија) за да светат знаеш онака како кога ќе земиш нова фотографија од студио)па после таа слика испечатената да ја премачкам со сјај и да излези како фотографија од студио
Точкест, шо мислиш?
Можно е?
Ќе пробам...
Ах ако излези убавооо...
КеФ
 
E

Elipsis

Гостин
Mnogu komplicirano izglea moze da go probam ako se najda stvarite lesno inace ova mi trebase ako e poeftino da gi razvivam sve slikete ne samo tia so sa dobri thnx inace
 
MkForces

тантара пантара
Член од
25 јануари 2007
Мислења
600
Поени од реакции
19
Имам уште едно буренце со Сјај (прееска заборавив да напишам од ко че се исушат сликите се премачкуваат со еден сјај(незнам дал се наоѓа во Македонија) за да светат знаеш онака како кога ќе земиш нова фотографија од студио)па после таа слика испечатената да ја премачкам со сјај и да излези како фотографија од студио
Зато има посебна хартија за печатачи ( glossy ) , што не треба мачкање со сјај и такви работи, печатиш на неа само и сликата си има сјај.
 
Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Па никој не е будала сеа дома да вади слики на онај начинон горе што го напишав :)
Само него го интересираше :)
Јас имам лабараторија дома за слики... и пред да започнам со дигиталниве чуда.. си го користев тој начин
имав и сушара купено дури.. (пред да купам во микроталасна ги сушев:) )
Ама сеа та опрема сета ја тргнав од лабараторија не ми треба веќе нека седи долу во визба :) ќе се најди некогаш :)
Сеа сакам да пробам... да вадам слики на овај начин ...
Сликам со дигиталниот... Ги префрлам на компјутер ...
и ќе ги вадам сликите на обичен колор печатач само ќе користам хартија со дебелина на фотографската хартија ... Имам уште едно буренце со Сјај (прееска заборавив да напишам од ко че се исушат сликите се премачкуваат со еден сјај(незнам дал се наоѓа во Македонија) за да светат знаеш онака како кога ќе земиш нова фотографија од студио)па после таа слика испечатената да ја премачкам со сјај и да излези како фотографија од студио
Точкест, шо мислиш?
Можно е?
Ќе пробам...
Ах ако излези убавооо...
КеФ
Ко што кажа МК ФОРСЕС има посебна ФОТОХАРТИЈА која самата си дава таков сјај:) мислам дека идеа 20/30 А4 листови во едно пакување:) пробај со тие АПЛА СЕ КО ОД ФОТО СТУДИО само треба се' да наместиш на HIGH за испадне топ фотката:) и троши повеќе боја нормално:)
 
PowerBoY14

Јас Сум Тој и Тој Роден Тогаш и Тогаш
Член од
13 април 2007
Мислења
256
Поени од реакции
4
Ко што кажа МК ФОРСЕС има посебна ФОТОХАРТИЈА која самата си дава таков сјај:) мислам дека идеа 20/30 А4 листови во едно пакување:) пробај со тие АПЛА СЕ КО ОД ФОТО СТУДИО само треба се' да наместиш на HIGH за испадне топ фотката:) и троши повеќе боја нормално:)
Да да.. исто како што има Фотохартија за вакви слики има и за обичните слики ..
То ест хартијата која се става во фотокопирот при создавање на „обични фотографии“ Исто и таа се осветлува ако дојди во допир со светлина и тие работи...
Ќе побарам таква хартија...
За Боја и Тонери неам гајле... Цела визба полна ми е со тонери и бои и други глупости ... :)
Ама Незнам дали ќе најдам во Прилепов бидеќи нема многу такви продавници специјализирани за Фотоопрема...
Океј,
TNX! :)
 
S

Sweet666

Гостин
Јас одев на курс за аналогна фотографија, и делумно ако не и скроз го знам процесот. А развивањето во темна комора е најдоброто искуство што сум го имала во животот. И дома би почнала да развивам али немам кугла како што рече некој погоре или дозна како што јас ја знам. :)

Воопшто не е тешко само треба многу трпение и воља.

Малце по груб опис даде PowerBOy14 на хемикалиите, али добро. Сега немам време, ќе пишам утре на темава поубаво =]

Потребни нешта:
- дозна
- извлекувач на филм (по можност)
- развијач и фиксир (две посебни хемикалии)
- малку сјај
- ножици
- инка
- темна просторија во која може да се сместат неколку садови со хемикалии и да се изврши развивањето.

Прво, дозната е пластичен сад во вид на цилиндар кој во себе може да собере еден или повеќе намотани филмови. Садот е комплетно затворен и има само отвор за ставање на хемикалии при развивањето. Денеска ретко ги има, само кај луѓе и во студиа кои се занимавале со развивање или пак во некои специјализирани продавници.

Развијачот и фиксирот се набавуваат во специјализирани продавници. Една таква што ја знам е Трансакта во тц. Скопјанка. Секој од нив е по 600 ден., секако со нив се развиваат повеќе филмови.

Прво на почеток исликаниот филм треба да се извлече од својата кутија. За тоа се користи извлечувач со кој се извлекува почетокот на филмот односно неколкуте пози кои секогаш се празни. Тоа може да се направи и на светло. Но доколку немаме извлекувач, во темна соба со нешто ја отвараме кутијата на филмот и го вадиме.

Почнува работата со изгасени светла. Не смее да има ниту мал проток на светлина, на пр. од прагот на вратата. Се тоа може да влијае на оштетување на филмот.

Почетокот што го извлековме од филмот го местиме на направата која ја има во дозната и подоцна треба да се стави во неа. Некои од нив имаат лагери па мотањето иде многу лесно, но кај оние кои немаат треба внимателно со двете раце полека да се мота филмот во една насока се додека не дојде до крајот. Кога ќе дојде, со ножици го сечеме од кутијата и ја фрламе кутијата. Филмот е сега намотан и може да се стави во дозната.

Уште пред развивањето треба да се прочита упатството на хемикалиите. Секоја хемикалија има различно време во кое треба филмот да биде изложен на неа. Тоа зависи и од марката и осетливоста на филмот.

Палиме светло.

Прво доаѓа развијачот. Со инка се става онолку колку што е доволно за да се покрие целата дозна. Гледаме на саат за одреденото време и мешаме со кружни движење. На секои 2 круга ја удираме дозната по маса или некоја тврда површина за да се кренат меурчињата нагоре и да не се залепат за филмот. После определеното време се вади развијачот. Не го фрламе туку го враќаме во друго шише и ставаме цртка или некое обележје за да се знае дека еден филм е веќе развиен со него. Бидејќи по секое развивање неговата моќ се намалува и времето се зголемува.

После развијачот се става фиксирот. После него филмот може да биде изложен на светлина. Постапката со фиксирот е иста, мешање во определеното време. Се вади и пак се обележува дека е развиен филм со него.

После фиксирот филмот се вади од дозната и се става во вода со малку сјај за да се измие од хемикалиите. Водата во исто време е и прекинувач. 30 секунди во вода, и определена температура на водата, најчесто оптималната е 20 степени, но зависи од филмот и осетливоста.

После се тоа филмот треба да се суши. Се закачува со штипки или пак се става во посебна сушална која многу малку од нас би ја имала така да со штипки внимателно на краевите за да не се оштети емулзијата. Цело време ако треба да го фатите филмот, само на краевите бидејќи емулзијата е многу осетлива.

После развивањето оди скенирањето.

Е сега и правење на принтови е добро, кога се има услови, но таквите машини се доста скапи да се имаат само за онака, ако не се работи тоа.

Принтовите рачно направени од филм неможат да се споредат со дигиталните.. А уште многу долго време нема да можат, бидејќи се многу подобри.

Се надевам дека 20 минутното куцање од моја страна не беше залудно. Тука сум за прашања.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Штом си тука за прашања, кажи ми некој скопски дуќан за изработка на фотографии, каде процесирањето е целосно аналогно, без скенирање на негативот па принтање фотки од скенот.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Од она кое можам тековно да го видам низ градов, се чини дека нема...Во дуќанот „Успомена„ на „Ленинова„ работеа и аналогни, но квалитетот е тешка беда. Од форумов, ми посочија изнвесен Јанкуловкси, од Музејот на град Скопје, но таа институција има ретко кога отворени врати, така не можам и него да го барам. А како е можноста за аналогно изработување фотки по околниве градови или било каде во Македонија?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom