Домашно вино (црвено, бело, розе)

Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Од 1 до 6 направи ги сите работи, ќе видиш дека од јачменот скробот ќе се конвертира во шеќер.

За тест за да провериш дали конверзијата е целосна ти треба јод. Или јазик. :cool:
АУУУ дај најди некој да ги избрише упатствата од вики и ти да бидеш единствениот кој што ќе ја знае формулава, ова е чисто злато, море какво злато платина вреди рецептов , реков јас ќе ги преебеш сите пивари ама со рецептов не само во европа туку и светот ќе го освоиш во рок од 3 години .(y)
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031

За помалце од 3 години. :P
--- надополнето: 19 септември 2013 во 21:30 ---
Почна реметот! ;)
Мора да се раздвижи темава. :pos:
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Почна реметот! ;)
Каков ремет човеку,јас реков он се си знае !
Башка и процесов може да се каже дека е едно од најголемите научни откритија во био-хемијата по откритието на пеницилионт.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.776
Башка и процесов може да се каже дека е едно од најголемите научни откритија во био-хемијата по откритието на пеницилионт.
За воља на вистината, ако испадне дека методот навистина функционира... дечкото ќе стане милионер преку ноќ.
Можеби треба побрзо да оди да го патентира ова... форумов го читаат доста луѓе.

П.С. Во колку саат отвара бирото за регистрација на патенти? ;)
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
За воља на вистината, ако испадне дека методот навистина функционира... дечкото ќе стане милионер преку ноќ.
Можеби треба побрзо да оди да го патентира ова... форумов го читаат доста луѓе.

П.С. Во колку саат отвара бирото за регистрација на патенти? ;)
Не знам прашај го Војо Ушевски.
Јас уште у темата за пиво ти кажав дека се си знае, уствари сега не се замара со пиво сега со мед :pos:
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
Пред некој ден отворив вино старо 1 година(претходно чувано како комињак 3-4 месеци) и не беше скиселено, беше питко и убаво. Без никакви винобрани и постапки опишани погоре. Ова што го пишувавте ништо не разбрав :D Кај мене дома се става комињак(миење на грозјето :pos: ), и накај пролет се прави ракија, тоа што ќе остане во шишиња.

Дрн дрн јариња, морало да се пие вино старо 20 години :D

Не дека некогаш нема и ја да праам како добрпознатиов, али до тогаш, и вака е топ...
 
Поентата е дека домашно вино е благодет, и не сите имаат можност да го направат по високи стандарди.
Се е подобро од хемиите што ни ги продаваат по продавнициве.

Од друга страна, убаво е и да се знае како треба за подобар квалитет. :)
 
Не сме сите експерти за правење вино, а уште помалку дегустатори, така да некои ситни детали можат да се изостават кај виното, најважно е да не е кисело и да нема ептен лош вкус(пример оние од винариите кои ги продаваат во туби).

Кога ќе имам повеќе време тогаш би се насочил кон правење на поквалитетно, засега само ова.
п.с. Од наше лозје е виното, така да целосна обработка.
 
Член од
18 септември 2013
Мислења
4
Поени од реакции
1
Толку од темава. Нема капацитет. :cool:
Да точно, ако темата имаше наслов домашно пиво, значи глупост е да се прогласи темата за исцрпена со оф-топик препукувања.

Значи фактичката состојба со темата е дека сега за сега рецепти за правење вино има објавено само Let 3. Поентата на темава е да се споделат искуства и рецепти за правење на вино од сите што барем еднаш направиле вино за да послужи како пример како да направат вино сите почетници како мене или за останатите да го подигнат квалитетот. Значи треба да се преплави темава со информации поврзани со правење на домашно вино како што се грозја, опрема, рецепти, квасци, стерилизации, ферментации, процедури и слично. Доста информации веќе содржи темава но сложувалката има уште празнини кои се отворија после моето прашањето за плакнење на грозјето со вода и употреба на квасци за ферментација.

Vanlok , друже фала на добронамерните предлози како почетник не ми преостанува ништо друго освен со постоечките информации да направам вино со квасец и да се флашира како младо вино и да се пие зимово. НО не е поентата само јас да ставам вино туку сите што ставаат вино да го подобрат квалитетот со некои нови техники на правење како што нафрли dobro poznat со стерилизации чуда врагови, сигурно човеков прави поквалитетно вино од сите останати на форумов поготово од оние кои ставаат дршки и лисја во бочва, чекаат 1 месец да изврие тоа чорбата со дршките го затвораат бурето и мислат дека пијат вино, такви ги има многу, лично познавам такви "мајстори" кои пијат оцет ама буквално.

dobro poznat, друже ако можеш да објасниш каква опрема користиш за процедурата дали сам си ја направил или си ја купил, колку пари, не е ок само да се нафрли некоја информација а скоро никој да не те сфати ништо, свака част на Let 3 , човекот напиша рецепт на 2 страници треба да послужи како пример за сите.

Сега за сега имаме само 1 рецепт кој е одлично објаснет и прифатлив за секој , се друго за користење на квасци за ферментација и стерилизација е недоволно или воопшто необјаснето.

Поздрав до сите.
 
Добро познатиот е мајсториште, ама како што ти познаваш „мајстори за оцет„ така и јас знам подоста луѓе што прават солидно вино на традиционален „селски„ метод. Јас лично правам, по мене, солидно вино... мислам не да си дувам во сопствената тиква, ама сосема солидно вино.

Е сега ако ти сакаш од почеток да одиш на посфистицирани методи, зошто да не... јас ти посакувам среќа, и напиши ни потоа за искуствата. (y)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
сигурно човеков прави поквалитетно вино од сите останати на форумов поготово од оние кои ставаат дршки и лисја во бочва, чекаат 1 месец да изврие тоа чорбата со дршките го затвораат бурето и мислат дека пијат вино, такви ги има многу, лично познавам такви "мајстори" кои пијат оцет ама буквално.
И ние правиме вака вино, па и лисја има и дршки секако. (сега најверојатно смедеревката ќе ја ставаме без дршки зашто е помалку) Виното нема никаква киселост, тоа не зависи од дршките и лисјата, туку од други фактори, не знам кои, но мислам дека е од грозјето и бочвата/бурето.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Да точно, ако темата имаше наслов домашно пиво, значи глупост е да се прогласи темата за исцрпена со оф-топик препукувања.

Значи фактичката состојба со темата е дека сега за сега рецепти за правење вино има објавено само Let 3. Поентата на темава е да се споделат искуства и рецепти за правење на вино од сите што барем еднаш направиле вино за да послужи како пример како да направат вино сите почетници како мене или за останатите да го подигнат квалитетот. Значи треба да се преплави темава со информации поврзани со правење на домашно вино како што се грозја, опрема, рецепти, квасци, стерилизации, ферментации, процедури и слично. Доста информации веќе содржи темава но сложувалката има уште празнини кои се отворија после моето прашањето за плакнење на грозјето со вода и употреба на квасци за ферментација.

Vanlok , друже фала на добронамерните предлози како почетник не ми преостанува ништо друго освен со постоечките информации да направам вино со квасец и да се флашира како младо вино и да се пие зимово. НО не е поентата само јас да ставам вино туку сите што ставаат вино да го подобрат квалитетот со некои нови техники на правење како што нафрли dobro poznat со стерилизации чуда врагови, сигурно човеков прави поквалитетно вино од сите останати на форумов поготово од оние кои ставаат дршки и лисја во бочва, чекаат 1 месец да изврие тоа чорбата со дршките го затвораат бурето и мислат дека пијат вино, такви ги има многу, лично познавам такви "мајстори" кои пијат оцет ама буквално.

dobro poznat, друже ако можеш да објасниш каква опрема користиш за процедурата дали сам си ја направил или си ја купил, колку пари, не е ок само да се нафрли некоја информација а скоро никој да не те сфати ништо, свака част на Let 3 , човекот напиша рецепт на 2 страници треба да послужи како пример за сите.

Сега за сега имаме само 1 рецепт кој е одлично објаснет и прифатлив за секој , се друго за користење на квасци за ферментација и стерилизација е недоволно или воопшто необјаснето.

Поздрав до сите.
Види сега “рецептот“ ти е нешто сосема индивидуално според можности и вкус , кој какво грозје има и како мисли дека треба, имаш рецепти кој што содржат дури и глицерин да се става во виното ама само затоа што е пишан не значи дека треба да се прави така.
Ако одиш по традиционален начин не можеш да очекуваш некој голем квалитет тоа да ти е јасно можеш да добиеш некој фермент кој што ќе содржи некој процент на алкохол и кој што ќе мутира цело време зависно од тоа дали е топло или ладно времето.
Јас да ти напишам и 5 страници нема да ти вреди ама баш ништо. Плус и стојам на мислењто дека секој си има некој си рецепт е сега процесот си е нешто сосема друго.
За да имаш квалитетно вино наместо традиционално вино кое што рака на срце е далеку од било каков квалитет тогаш распрашај се по комшии пријатели или едноставно примени ги начиниве кој што се наведени тука.
Апаратурата која што ја користам јас лично ја имам направено од муљачи преси сита центрифуги пумпи за преточување ферментори садови за одлежување дозери за флаширање машина за затварање пастеризатори контролори на температури за ферментација да не набројувам.
Значи рецепта за вино не можам да ти напишам а и не ни сакам да ти напишам :) прво секој си има свој вкус второ не ни сакам да ти го дадам рецептот, за почеток терај со традиционалниве методи пошто по просто од тоа не може да биде нити ќе биде само не ставај срања како што се лимонтуси винобрани или било какви други адитиви течни или од кесичка, се разбира доколку имаш некое прашање слободно прашај ќе ти одговорам но јас сега да фатам да пишувам ќе треба да окапам две недели на кајганава и само за тоа да штракам и да поебам еден лап топ само за тоа.
Зборот ми беше направи неколку буриња тиња испи ги па после почни да правиш вино ти гарантирам дека дури тогаш дефинитивно ќе знаеш да го цениш тоа што го пиеш.
За вкусови не би требало да се расправа, јас на пример сакам суви вина, а тоа значи танини. .
За танините и киселоста секогаш можеш да направиш салата од зелени јапонски јаболка со вински оцет па да мезиш :icon_lol:
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.776
За трпкост и опорост зборуваме, на што влијаат танините... не за киселост. :)

Јас го поканувам секој што е заинтересиран да го проба моето вино, имам и повеќе години стари флаши... чисто да пробаме дали се направило оцет. ;)
Инаку навистина можеме некогаш да организираме некоја средба, можеби некој викенд во парк или на Водно, на некое излетничко место. Сите може да донесат од своето вино, и одредени закуски (да не се испијаниме), и да ги споредиме и коментираме вината и резултатите и методите кои биле употребени.
Еве идеја, па сега вие момци, а што да не и девојки, коментирајте и давајте нови идеи.

Во меѓувреме, еве малку информации за правењето на алкохолни ферменти со диви квасци, каков што е и традиционалниот македонски рецепт.
http://en.wikipedia.org/wiki/Lambic

Значи методот може и дава и одлични резултати. Вкусот е нешто поинаков но не има такви кои го сакаме таков, доказ се комерцијалните брендови од кои има и во нашите продавници. Многу е важна хигиената, детално дезинфицирање на опремата и бурињата (по мене, од евтините варијанти најдобро е да се пластични но исклучиво од HDPE пластика). Има такви што малку (или ич) само ги заплакнуваат бурињата и само лупаат грозје, рецепт за оцет или расипано вино.

Еве и мал дел од комерцијалните компании во чии визби се прават ламбички ферменти (значи со диви квасци):
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Ајде кажувајте кој шо стаил, од петокот до денес се береше Нишафката и Демиркаписката Жилафка тие се последни, би требало сите да имаат стаено во бочви до сега.
Ајде домаќини фалете се.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom