Веќе повеќе од 4-5 месеци мака мачам со запек. По голема потреба одам ретко, а кога одам е многу суво. Ги применив сите можни совети, како пиење повеќе течности, храна богата со влакна, овошке, зеленчук, поголема физичка активност, но се беше џабе. Еднаш зедов лаксатив, се испразнив едвај, и после повторно се врати запекот. Друго, во изметот имам забележано некакви светли делови, во големина на зрнца, на интернет прочитав дека се работи за мукус. Понекогаш изметот има чудна форма и е потенок од обично (ама не многу тенок како пенкало), па се плашам да не има некоја опструкција, како тумор на пример. Во 20тите сум, многу се мали шансите за рак ама сепак се плашам и не ми излегува од глава. Дури и почнаа да ми се причинуват работи, како крв во изметот на пример. На два пати имав многу големи болки во стомакот, а и често осеќам непријатно чувство во желудникот и омалаксаност. Вторник планирам да одам на лекар, ама уште сега знам што ќе ми каже...- На нервна база ти е, под стрес си, вежбај, јади здраво бла бла... Некој да не има искуство со слични проблеми.