Документарци

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.357
Поени од реакции
4.879
Наоѓањево на подфорумов за мене е исто како да си најдов 50ден. во џеб додека умирам за цигара.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
на наша тв моментално оди trom за кој зборев
мада сеа нешо друго пуштија
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.334
Поени од реакции
57.901
Два биографски документарци за Џон Ленон што ги сакам. Првиот е повеќе комбинација од анти-воен и биографски филм. Вториот е повеќе музички, за снимањето на албумот Imagine. Топло ги препорачувам.




P.S.
Не знам колку има смисла да се отвора тема за музички документарци, претпоставувам дека веќе има во Музика...
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Во последно време сум прилично уморен и успорен за се`, па и за гледање филмови (па уште документарни:P), но решив да одвојам над 2,5 часа за The Act of Killing. И не згрешив.

Човечката природа е фасцинантна. Којзнае каде ќе не одведе нашата зачудувачка (р)еволуција - на пример, веќе не одведе на месечината. Развивме високи технологии, филозофски системи, измисливме куп болести и лекови за нив.
Со крупни чекори грабаме напред. Напред, назад, лево-десно, секаде каде што има нешто за грабање. Толку напреднавме во грабежливоста од секаков тип, што нема животно кое нема да ни позавиди...
Во 1965 година, во една далечна и егзотична земја, позната како Индонезија имало државен удар потпомогнат од Западот. Дошло до прогонување и убивање на комунисти и левичари. Главно го кркале Кинезите, а во тој не баш долг период настрадале околу 1 милион луѓе. Трагично, секако, но ништо што веќе не се случило, не се случува или нема да се случи во иднина.
Она што се нуди во филмов е увид во тогашните настани доловен од учесници во убиствената кампања. Тоа се денес главно симпатични старци, очигледно добро ситуирани, познати и влијателни луѓе во својата татковина кои немаат од што да се срамат. Победници. Па затоа не кријат ништо и се расположени на разни начини да покажат што и како правеле тогаш. Наедно, филмот е и увид во сегашната состојба во Индонезија, пред се` кога станува збор за општествено-политичките состојби. Не остава простор за нагаѓање кој владее таму и на каков начин. Таму не е срам да си гангстер, напротив, луѓето отворено и гордо си признаваат.
Низ дружбата со овие на прв поглед едноставни луѓе, (љубители на филмови и во некоја порана фаза од животот продавачи на диво на билети за кино, вообичаени лица кои можете да ги сретнете секаде), имаме можност од прва рака да видиме како функционира изопачениот ум, што го мотивира, и тоа на еден мошне спонтан начин, без осуда од преплашената и/или лоботомизираната средина.
Мошне бизарен и ужасен документарец, потсетник дека реалноста е поморничава од какви било филмови и книги.
Не верувам дека има македонски превод за филмов (ни српски/хрватски кога сме кај тоа), но јазикот е толку елементарен што англискиот превод е сосем доволен, ако имате основни познавања од англиски. „Актерите“ не заобиколуваат- јасни се.
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Eye of the Storm [2013]


Документарен филм во режија на Pablo Casacuberta посветен на англиската dj легенда John Digweed.
Ок, не стааме многу филмови за музика, затоа го стаам овде филмов. Дигвид е една супер-срамежлива фаца, диносаурус во електронската музика, уште почитуван низ целиот свет. Документарецов му е посветен на неговиот живот, биографија и секвенци од турнеја низ јужна Америка, настапи на интересни места...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.334
Поени од реакции
57.901

Речено - сторено. Откако го изгледав филмот за серискиот убиец Ричард Куклински, познат како The Iceman, се зафатив да го изгледам и документарецот кој е всушност збирка од затворски интервјуа низ годините со многу малку други коментари. Но во секој случај е искуство кое треба (а не знам зошто) да се доживее од прва рака, слушајќи еден бесчуствителен лик кој зборува за стотиците убиства кои ги извршил. Навистина морничаво и на моменти шокантно, таман ќе поверуваш дека вакви ликови има само на филм, испаѓа дека ликот во филмот е поблага верзија од вистинскиот.

За оние кои не се во тек, Ричард Куклински е платен убиец со троцифрен број жртви, кој долги години водел и паралелен семеен живот додека заработувал од својата професија. Неодамна излезе филм кој го препорачувам а после тоа можете да го погледнете документарецот на HBO. Мислам дека тој редослед е подобар.
 
H

HoT IcE

Гостин
Може ли некој да ме упати со линк дали за даунлоад или за гледање, ама сакам да го гледам Dark Matter:Twisted But True, има 3 сезони и главен наратор е Џон Нобл од Фринџ. Има доста болни работи.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.122
Поени од реакции
8.911
Случајно наидов на податокот дека деновиве се навршува 30 години од овој неверојатен настан кој како да е дел од трилер напишан од Том Кленси. Погледнете ја оваа емисија, дел од серијалот Air Crash Investigation нема да ви пишам ништо повеќе за да не има спојлери

 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Horizon - How small is the universe

Квантна механика е темата, физика на малото....апдејт за некои сознанија од оваа област, ЦЕРН, хигс-бозон, протони, електрони....убави саат време, како што BBC знае да ги спакува од кога Discovery стана помија од телевизија со оние „bullshit hunters" и шофери на камиони по пустина....
--- надополнето: 29 септември 2013 во 22:25 ---


http://www.bbc.co.uk/programmes/b00yb59m

Ова се 2 документарци поврзани еден со друг. Автор е Jim Al-Khalili, теоретски физичар со ирачко-британско потекло......не ми одговори многу работи, пак......ама тоа не значи дека не вредат документарците. Не се наоѓаат онлајн како стрим, ама затоа по торент сајтовиве ги има....
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.893
Поени од реакции
7.569
Нешто интересно што овие месеци се прикажува на National Geographic
 

Kajgana Shop

На врв Bottom