Документарниот Филм "ZEITGEIST"

Член од
10 јануари 2011
Мислења
124
Поени од реакции
3
филмот можеби си е супер. тоа благодарение на питер џозеф. знам дека кај нас постои и некое „движење“ (така они го викале) и дури брои двајца-тројца. wооow, какво достигнување... :pos:
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.215
Поени од реакции
14.173
незнам, јас знам дека имаше во прилеп во саботата на 15ти јануари, zeitgeist moving on или forward влезот беше бесплатен, е сега дали беше документарна емисија или некакво предавање незз, н ни планирав да одам
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Ова Зајтгест само за перење мозоци.
Документарциве вријат од непотврдени теории на заговор, меѓу кои и најпозната за терористичкиот напад во САД.
Колку што има вистина толку има и лага. Некои од теориите се сосема валидни ама некои се ептен без врска, ги преминуваат сите граници на логиката.
Документарец што ќе ни ја открие вистината. Жими сенката од магарето вистината.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
26.323
Поени од реакции
46.943
Ова Зајтгест само за перење мозоци.
Документарциве вријат од непотврдени теории на заговор, меѓу кои и најпозната за терористичкиот напад во САД.
Колку што има вистина толку има и лага. Некои од теориите се сосема валидни ама некои се ептен без врска, ги преминуваат сите граници на логиката.
Документарец што ќе ни ја открие вистината. Жими сенката од магарето вистината.
За првиот болд: кротко малце со коментарите, истото може да се каже и за Вести, со купишта потврдени докази во пракса.
За вториот болд: во право си, читав по некои од Зеитгеист групите. Филмот (1 и 2 дел, третиот не ми е гледан) си имаше строг фокус на некои работи. Во меѓувреме, сите кои сакаат теории на заговор ги запоседнаа Заитгеист групите и сега таму е калабалак, може да се прочита се и сешто. Тоа не беше идејата и мислам дека свесно се руши, но тоа е друга тема веќе.

Што се однесува до 9/11, уште пред Зеитгеист се изнесени тврдења во документарци, меѓу кои и оној на Мајкл Мур, за кој никој немаше г'з да преземе судска постапка. Ова пошто сигурно знаеш дека во САД клевета е тешко кривично дело. Можеби ти или некој друг мислите дека е лудо да се верува, дека САД е замешана во овој напад, за мене и за некој друг исто така е лудо да се верува, дека некои планински луѓе ја извеле целата таа операција во најмоќната држава на светов.

Патем, имаше пилот епизода од играна серија во САД, која играше на ТВ во мај 2001. Во истата се зборува за киднапирање на авиони од терористи, со знаење на владата, и напад на кулите близначки во САД. Ова не е документарец или теорија на заговор, ако баба лаже, ИМДБ не лаже. Кај и да е ќе ми текне на насловот на серијата. Епизодата ја видоа приближно 10 милиони луѓе. Ова е за оние кои тврдат дека такво сценарио никогаш не им паднало на памет...

P.S.
Оваа е епизодата, мислам на непроверено постирам:
4 март 2001
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Овој документарец кога ке имам време ке го изгледам,едноставно морам.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
10.863
Поени од реакции
4.892
Zeitgeist си е супер филм за промена и разбудување на свеста кај обичниот човек. Не знам како некој може да биде рамнодушен и ни малку да не помисли за она што се кажува во филмот и во двата дела Zeitgeist: The movie и Zeitgeist: Addendum. И оти мислите дека поимот документарен филм значи дека нештото што е изнесено треба да е апсолутно точно, па дури и поткрепено со некакви материјални докази. Документарниот филм е како дипломска работа. Некој истражува некоја област, некој настан и сл. чита книги, интернет, прави интервјуа со други луѓе, чита историја поврзана со таа област, формира свое мислење и на крај го дава резултатот-дипломската како за на факултет или во случајов документарен филм односно филм кој не е како класичниот филм кој го знаеме со актери, шминки, сцени. Во документарнио филм се дава заклучукот, мислењето на авторот, а на гледачот со своја глава да види, да си размисли дали и колку ќе верува во него.
Да се вратам на Zeitgeist...за членовите погоре кои имаат големи сомнежи во значењето на филмот и работите кои ги открива. Истото тоа што таму се расправа за ММФ, за економскотот поробување на светот ли поточно на малите земји, ВЕЌЕ ГО ЧУВСТВУВАМЕ НА НАШ ГРБ. Зарем не гледате што се случува во последните 20 години откако Македонија е “самостојна“ ? Која власт и да дојди склучува договори со ММФ и тоа се демек пари за развој, за инвестиции, ова-она....Уствари тоа се пари за лично трошење, за крепење на гласачкото тело, за огромната администрација и за по некој проект кој ќе ги замачка очите на населението. Откако тој кредит не може да се врати или се враќа многу тешко, на сцена стапува ММФ која индиректно преку некојаси петта-шеста компанија си ги зема најбитните инфраструктурни елементи на една држава. Во нашиот случај тоа беа Телеком (сега T-Home и T-Mobile кои заработуваат грдна пара на македонските граѓани), потоа Електростопанство на Македонија (сега ЕВН), на повидок е давање на концесија на најзначајниот автопат Скопје-Гевгелија на пак некоја си самостојна, странска компанија (позади која уствари стои тој ММФ) за да дрпа пари од патарини. Па колку градски водоводи се дадени на “приватници“ и самостојно си ја формираат цената за водата. Па што се случува со енергенсите?!?!? Самите гледате по тв секоја недела има некое покачување. Останува уште да се продаде Охридското Езеро, Шар Планина, Кожуф (ете арапи ќе “инвестирале“ таму), Мариово, многуте извори на чиста питка вода...и се друго што претставува природен ресурс на државата. Затоа што денес борбата во светот е за природните ресурси: вода, шуми, нафта, необработено земјиште, чисти околини за производство на храна... Си прават што сакаат, без нималку грижа за обичниот народ. А тој си работи, работи од јутра до сутра, си зема кредити од проклетите банки со големи камати, што за финансирањ на школување на децата, што за сметки, што за отплаќање на друг кредит итн. Резултатот е: БОГАТСТВОТО СЕ СОБИРА ВО МАЛ ПРОЦЕНТ НА ЛУЃЕ ОД ЦЕЛАТА ДРЖАВА НА СМЕТКА НА ОСТАТОКОТ КОЈ УШТЕ ПОВЕЌЕ ОСИРОМАШУВА И УШТЕ ПОВЕЌЕ Е ПОПОДЛОЖЕН НА МАНИПУЛАЦИЈА И КОНТРОЛА ОД МАЛАТА ГРУПА НА БОГАТАШИ.

Одвај чекам и третиов дел Zeitgeist: Moving Forward да излезе на интернет и да го спуштам.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Zeitgeist имаше неколку валидни аргументи и доста интересни теории, ама на крај ме разочара... Сите вие кои филмот ве остави "mindblown" размислете пак, документарецот збореше за масовните медиуми и како повеќете од луѓето слепо прифаќаат се што медиумите ќе им кажат, а вие истото го правите со филмов. Како прво ако ме држи сеќавањето од петто одделение Хорус не е египетски бог на сонцето, Амон Ра е. Хорус беше бог на смртта мислам и ко што се сеќавам лани кога учев за Кришна, она била 8мо дете а не родена од девица, ко Исус мада не е битно. Битно е дека режисерот измислил многу работи со цел да поврзе некои точки, дупки во неговите теории. Ко повеќе да се трудел да го направи филмот поинтригантен, него да ја пренесе вистината.

Користи непроверени извори и намерно испревртува некои работи. На пример, некојси Арон Пол бил другар со Рокфелер и Рокфелер еден ден му се јавил и му рекол ке се деси нешто големо, па ќе го нападнеме Ирак и Афганистан, бла бла бла... И режисерот го користи ова како веродостоен извор?! Абе ајде! Отворете ги очите луѓееее:pos2: Не прифаќајте се што ќе ви кажат и медиумите и тие против медиумите. Бидете open minded :)
 
F

Frankie Yale

Гостин
Бај де веј Кришна е машко, не знам зошто се занесов и го нареков она :toe:
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
124
Поени од реакции
3
абе да дадеше некој линк од каде да го најдам филмов, а? торент, rapidshare... било шо ќе ми заврши работа. го барав не можам да го најдам. :(
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
10.863
Поени од реакции
4.892
Гледам на YouTube има официјална верзија oд Zeitgeist 3: Moving forward од 2 саати и 41 мин. Се надевам наскоро ќе има и официјален квалитетен торент со превод и на македонски :vozbud:
 
Член од
22 јануари 2011
Мислења
17
Поени од реакции
0
Gledajte ja dijalektika na a1 toj e toj film moze da go najdete i na milenko .com.mk inaku za mene se e vo red so filmov osobeno ova vazi za religiite tie tamu gi spomnaa site mozni religii osven islamot taka da mene mi ostavi vpecatok na islamska propaganda plus toa so kulite ima dosta kontra argumenti koi dokazuvvaa deka zgradite gi akna al ka eda
за што the hell зборуваш? .......... дај прво убаво без предрасуди изгледај го филмот, па прочитај на официјалниот сајт, па после пишувај.
пропаганда има сегде кај што не ти викаат да се ослободиш од стегите на системот. значи ова НЕ Е пропаганда.

цитативе од филмов на македонски значи дека има превод на македонски?:vozbud:
имам гледано некој мал дел од она за астрологија уште пред да ставам интернет дома и од ко ставив заборајв да го гледам...
ако имат превод на мак кажите кај да го најдам со превод ак не на анг или гледам српски имат ќе го гледам..
yup, има превод за филмовите, има и група на fb кај што ќе може да исконтактираш со групата од МК, да ги собереш преводите и други преведени документи.
http://www.facebook.com/group.php?gid=59048464037

поздрав... and Move forward.

--- надополнето ---

абе да дадеше некој линк од каде да го најдам филмов, а? торент, rapidshare... било шо ќе ми заврши работа. го барав не можам да го најдам. :(
го има сегде, баш луѓето те замолуваат да го симнеш и да го дадеш на други, така да би требало барем да го има сегде :)
на youtube е ок, мене ме мрзеше да го барам, и како за почеток го собрав од таму, 765MB и добар квалитет.
иначе го имаше на проекции во Кинотека на Македонија и веројатно пак ќе го има. :D
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
124
Поени од реакции
3
го немаше секаде. башка, викаш те замолуваат. да, ме замолуваат да го симнам ама ми бараат и пари плус!!!-->http://www.zeitgeistmovingforward.com/dvd

друго, youtube sucks!!! тоа можам да го користам за прегледување. за гледање мало-морген. квалитет слаб, башка и тие видеа тежат и немам намера да го трошам интернетот на youtube. не е хумано. :)

си најдов торент фино лепо културно и си го симнав. отпосле го пуштил некој торентот, не како што се најавуваше после премиерата веднаш демек ќе бил достапен. на нивната страна (zeitgeistmovingforward.com) немаат торенти како што имаа практика за минатите два дела по нивните промоции...

тоа е...сите ќе се материјализираме, а жак фреско ќе го користат кутриот да прават филмови од кои тешко американциве нешто да применат. ние македонци сме милион светлосни години назад. уште се занимаваме со политика и шпански серии... :(

го има сегде, баш луѓето те замолуваат да го симнеш и да го дадеш на други, така да би требало барем да го има сегде :)
на youtube е ок, мене ме мрзеше да го барам, и како за почеток го собрав од таму, 765MB и добар квалитет.
иначе го имаше на проекции во Кинотека на Македонија и веројатно пак ќе го има. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom