Messanger
Аскер
- Член од
- 15 октомври 2011
- Мислења
- 380
- Поени од реакции
- 344
Пред неполн месец неколку студенти од УГД дојдовме до идеја да снимиме краток документарен филм за одреден настан во периодот 1940-1945 поврзан за локалната историја на Штип од тој период. Причините се едноставни, поседуваме униформи од тој период, Народен театар - Штип ни е на располагање, приватни колекционери ни се понудија со оружје, универзитетското радио понуди камера и микрафони и студентскиот парламент спонзор во сето тоа, доколку се заврши успешно ќе следи проекција во мултимедијалниот центар во Штип.
Главен ментор ни е еминентен проф. од Скопје, но се случија некои работи кои ме доведоа до тука. Од него баравме материјали за овој период, тој од Х причини не ни даде готова литература во смисла книги кои веќе го содржат настанот а нам ќе ни престои да го парафразираме и прилагодиме за сценарио, проф. можеби сака да не принуди сами да истражуваме, ни понуди готови белешки од учесниците, но во детали кои бараат месеци и месеци работа. (на сликата).
Работата дополнително ја отежнува тоа што ние воопшто не го познаваме тој период а тој постојано инсистира на истражување. Овде дојдов да побарам помош за ИЗНАОЃАЊЕ на настан кој би можел да го земеме и да го обработиме, но пред се треба да постои ГОТОВ материјал, наша цел е да го оживееме настанот а не да го доистражуваме...
Како предлог настани на маса ги извлековме Излегувањето на плачковичкиот партизански одред и провалата во партиската организација во Штип, за жал материјал има многу малку.
Границите ги поместивме и за настани од цела Македонија, но не во размери на Февруарски поход бидејќи тоа е веќе нешто големо.
Ако некој има идејал за кој настан би можел да се реконструира, повелете, ако познавате литература повелете, иако сме од Штип достапна ни е архивата, библиотеките и иниститутот во Скопје. Дадете ни идеја, така ќе имаме поголема можност да успееме. Ние сме студенти од 2 и 3 година од тие причини и не го познаваме историјатот од тој период.