Документарна емисија - Предлог настан

Messanger

Аскер
Член од
15 октомври 2011
Мислења
380
Поени од реакции
344
Пред неполн месец неколку студенти од УГД дојдовме до идеја да снимиме краток документарен филм за одреден настан во периодот 1940-1945 поврзан за локалната историја на Штип од тој период. Причините се едноставни, поседуваме униформи од тој период, Народен театар - Штип ни е на располагање, приватни колекционери ни се понудија со оружје, универзитетското радио понуди камера и микрафони и студентскиот парламент спонзор во сето тоа, доколку се заврши успешно ќе следи проекција во мултимедијалниот центар во Штип.

Главен ментор ни е еминентен проф. од Скопје, но се случија некои работи кои ме доведоа до тука. Од него баравме материјали за овој период, тој од Х причини не ни даде готова литература во смисла книги кои веќе го содржат настанот а нам ќе ни престои да го парафразираме и прилагодиме за сценарио, проф. можеби сака да не принуди сами да истражуваме, ни понуди готови белешки од учесниците, но во детали кои бараат месеци и месеци работа. (на сликата).
10729084_10205232115429194_626573234_n.jpg

Работата дополнително ја отежнува тоа што ние воопшто не го познаваме тој период а тој постојано инсистира на истражување. Овде дојдов да побарам помош за ИЗНАОЃАЊЕ на настан кој би можел да го земеме и да го обработиме, но пред се треба да постои ГОТОВ материјал, наша цел е да го оживееме настанот а не да го доистражуваме...
Како предлог настани на маса ги извлековме Излегувањето на плачковичкиот партизански одред и провалата во партиската организација во Штип, за жал материјал има многу малку.
Границите ги поместивме и за настани од цела Македонија, но не во размери на Февруарски поход бидејќи тоа е веќе нешто големо.

Ако некој има идејал за кој настан би можел да се реконструира, повелете, ако познавате литература повелете, иако сме од Штип достапна ни е архивата, библиотеките и иниститутот во Скопје. Дадете ни идеја, така ќе имаме поголема можност да успееме. Ние сме студенти од 2 и 3 година од тие причини и не го познаваме историјатот од тој период.
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
За бомбардирањето на Отиња и Исарот е моќен настан за документарец, ама за него ќе ви треба Стивен Спилберг.
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.391
Најпознат настан од втората св војна во МК е нападот на участокот во Прилеп на 11 октомври, би требало лесно да се реконстурира настанот на сцена оти станува за дествие во еден мал објект, не бара многу луѓе, имате многу готови материјали и можи да импровизирате до некаде.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Одлична идеја.........но нели требало малку порано да тргне, нели е малку доцна,многу малку има живи партизани.
А има случки кој треба да ги разработите,(секако посебно и случки со Окупаторине-бугариштана)
- Стрелањето на младинците во Ваташа.
- Борбата на Буковиќ, каде сите партизани изгинаа.
- Лопушник - Кој го уби Рацин. ( и зошто)
- Ослободувањето на Скопје.(нападот на Матка-кажана ли е сета вистина за таму)
- АСНОМ - обезбедување и околните борби.
- Лажниот напад на Прилеп од страна на петте партизани.
- Рамзе - најмладиот партизан во колоната.
- Флора Михајлоска
- Грешниот напад на Кичево (залудно изгубени многу животи)
- Откопувањето на Еврејското злато во куќите во Штип.
------------------------------------
 

Kajgana Shop

На врв Bottom