Доказ за работно искуство

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Во потполност си јасен друже, туку од кај да почнам...

Не бараш работа секој месец, така? Во моментот кога остануваш без работа или одлучуваш да ја смениш постојната, значи да се пријавуваш на огласи, да составуваш резимеа, CV-a и слично, по мене, твоја обврска е да си ги провериш препораките и контактите што ги имаш. Сепак, ти бараш работа...

Така, почнуваш со пребарување. Оние личности што мислиш да ги ставиш со име и презиме, со e-mail, најди ги... на Фејсбук, на Линкедин, на Твитер, преку пријатели, преку бивши колеги... Барај под дрво и под камен додека не ги најдеш... Кога ќе ги најдеш, лесно е после. Ќе ти дадат нов е-маил.

Инаку, сметам дека, како колеги и како шефови и подредени, додека сте во иста фирма или организација, многу е полесно за воспоставување на контакт на некоја социјална мрежа (Линкедин на пример). Тогаш може да ти напише и препорака на твојот профил, која „вечно“ останува... Во резимето стави линк од твојот Линкедин профил и то је то ...
тука е финтата, ти и пред да ја земеш препораката, они НЕ ти даваат приватна. така да залудна е таа потрага по социјални мрежи. пошто, странците секогаш даваат препорака (освен ако не си избркан), безразлика дали си со него пријател или не.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
а како треба да е составена препораката ... некој урнек или сл на добра препорака има некој?
 
C

cige

Гостин
МОже јас да кажам нешто?
Од ФПИОМ е најверодостојна потврдата за стажот на работа.
Од фирмата кадешто си работел може да се земе потврда за тоа на која позиција си работел.
Во понеделникот (20 април) бев во ФПИОМ за да поднесам барање за баба ми да ја наследи пензијата од дедо ми кој што почина. И таа вработената ми вика "дојди утре да ти дадам пензиски број за барањето", којшто потоа треба да го однесам во банката од кадешто ќе се вади пензијата. И наредниот ден , вторникот (21 април) го земав бројот и одам во банка и ми велат "оваа пензија ќе се додели од Јуни, требало потврдата да биде издадена до 20-ти во тековниот месец". Што да правам сега со таа чавката од ФПИОМ? Да и ја пукнам главата? Кој ќе ни ги надомести сега 16000 денари? Или навистина таа потврда не се вади во тековниот ден?
 
Член од
18 ноември 2008
Мислења
621
Поени од реакции
612
Ништо не се плаќа а за онлајн се сомневам дека ќе завршиш работа.:D
--- надополнето: 23 декември 2012 во 12:44 ---


Понекогаш пријавен си на една позиција а работиш друга. Пријателка работеше како сметководител а во фирмата ја примиле како благајник и не и дадоа препорака/потврда од фирмата за работно искуство а со листата од АВРМ неможеше да докаже на која позиција работела.Инаку потврдата и требаше за да извади Уверение за овластен сметководител (http://www.finance.gov.mk/smetkovoditeli).
:mad:
Може онлајн. Профил на avrm.gov.mk и си ги принташ обрасците.
 
S

silmarillion

Гостин
Со партнерите имаме некоја идеа ама уште е во brainstorm-инг фаза. Наместо курсеви вакви такви, незнам дали би имало интерес за луѓе поготово студенти или тазе дипломци да земат учество во три-месечна програма каде што ќе добијат работно искуство кое би имало тежина на CV.

Разликата од пракса или Internship кој се потешко се наоѓа во државата е во тоа што, од првиот ден ќе се добива обука и обврски како редовно вработен да е. Секој клиент ќе има пристап до CRM и ERP согласно насоките во кои ќе сака да добие искуство. Ќе има дневни задачи, состаноци, case-ови за решавање, поддршка за клиенти со готови сценарија и сл. Се со цел за кога после тоа ќе се вработи некаде на првото работно место нема да биде ко паднат од Марс.

Ако имате некоја забелешка, коментар или размислување би ви бил благодарен макар било и дека е ова тешка глупост :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom