Дознајте се` за....

A

Anck-Su-Namun

Гостин
Перфекционизам

Робови на идеалот за совршенство

Овие личности се сомнителни,преокупирани со детали,правила,ред и организација. Претерано се совесни,скрупулозни и премногу педантни.

Не можам да си простам ако не се однесувам во склад со моите стандарди. Морам да успеам во се` што ќе преземам. Морам да бидам нешто посебно. Секогаш треба да бидам среќен,да ги контролирам своите емоции и никогаш не смеам да бидам депресивен или загрижен. Луќето што се сакаат никогаш не треба да се караат - вака најчесто размислуваат перфекционистите кои се преокупирани со ред,совршенство и контрола во меѓучовечките односи. Личноста чувствува страв од грешка,од губење контрола врз сопствените постапки,страв од рушење на идеалната слика за себе,од неуспех,критика,неодобрување и отфрлање.
Перфекционизмот почнува во раната возраст и се манифестира во различни ситуации. Најчесто се забележува во доцното детство или во адолесценцијата,а потоа се рефлектира и во подоцнежната возраст. Подеднакво се јавува и кај мажите и кај жените.


Привлекување внимание од околината

-Личните квалитети како што се одговорноста, уредноста, педантноста, ефикасноста и ефективноста во исполнувањето на поставените задачи,почитта кон себе и кон своите потенцијали можат во исто време да создадат несвесна фиксација во совршеното исполнување на нештата. Кога личноста ќе увиди дека поради овие свои карактеристики добива поголемо внимание д околината,почнува да навлегува во еден маѓепсан круг каде што нештата мора да се завршат во перфектен ред за да се привлече вниманието на околината кон себе.


Потреба од љубов,афирмација и нежност

Некои личности се склони кон перфекционизам бидејќи имаат нагласена потреба од љубов, нежност, внимание, чувство на грандиозност, егоистично зголемување на егото, потреба од афирмација. Целта на сето тоа е ориентација кон себе и нагласување на сопственото “јас’’.
Причините можат да бидат од различна природа:
-асоцијални родители
-преживеани трауматски настани
-лишување од мајчинската љубов и воопшто родителската љубов
-рани разделби
-семејни конфликти
-непотполно семејство
-намалена флексибилност и приспособување кон надворешните стимулации
-некоординираност меѓу високо поставените цели и реалната процена на своите можности
-преголеми очекувања на родителите од своите деца
-амбициозни желби на родителите, а кои децата треба да ги реализираат

Личноста тежнее кон постигнување висока стабилност во многу области на однесувањето и на психичкото функционирање.


Претерано совесни и морално исправни

Перфекционизмот има и добри страни
Позитивни страни
Перфекционистите се внимателни, темелни, трудољубиви, морално исправни, рационални во секојдневниот живот, вредни, исполнителни, прават промислени постапки, трезвено размислуваат, смирени се и без агресивни реакции.
Негативни страни
Перфекционистите се сомнителни, преокупирани со детали, правила, ред и организација.
Претерано се совесни, скрупулозни и имаат непријатна окупираност со продуктивност, со намалени или занемарени интерперсонални контакти и односи.Претерано се педантни и неспособни да се ослободат од безвредни предмети иако тие за нив немаат никакво сентиментално значење. Скржави се кон себе и кон другите, емоционално и интелектуално се дистанцирани. Понекогаш дејствуваат ладно, не се флексибилни, склони се кон ригидна и кон повторувачка контрола врз себе и врз своите постапки. Често, но не секогаш и работно се неефикасни поради неможноста да напредуваат во задачата се` додека дел од неа не е префектно сработен. Најчесто се без креативност и имагинација.


Висока самоконтрола

Тоа се високоприспособливи личности со изразена потреба да остават позитивен впечаток на околината. Навикнати се строго да се придржуваат до социјалните норми и принципи без никакви отстапки. Поради постојаниот страв од грешка несвесно можат да направат погрешна интерпретација на надворешните дразби, што директно се одразува врз само довербата. Несигурни се, нестабилни, напнати, песимистички настроени.
Перфекционизмот влијае врз спонтаноста, врз можноста за психофизичка релаксација и за уживање во исполнувањето на личните задоволства.
Ја нарушува динамиката на животните случувања, можноста за преземање ризик во некои постапки и флексибилност во социјалните контакти. Личноста развива висок степен на самоконтрола и контрола на околината. Бнимателен е во се`, промислен во секоја постапка, робува над секоја соја дејност и активност.


Висок притисок и исцрпеност

Притисокот што перфекционистите го трпат може да предизвика многу физички заболувања како што се:зголемен крвен притисок, чир на желудник, замор, напнатост, нервоза, општа слабост и исцрпеност, несоница, агитација.


Сколни кон депресија

Перфекционизмот е поврзан со опсесивно-компулсивното дејствување на личноста. Перфекционистите често страдаат од депресија, која е последица на незадоволството, несигурноста во себе и во своите постапки.


Психотераписка поддршка

Перфекционизмот како невротска состојба може да се лекува со комбинација од медикаментозна терапија и психотераписка поддршка, која ќе и` помогне на личноста да ги разбере сопствените постапки и да ги корегира.
Во текот на психотерапискиот процес личноста учи дека треба да си даде дозвола на себе да си ги задоволи личните потреби, да научи да чувствува задоволство од себе и од своите остварени цели, да има поголема слобода во однесувањето, поголема грижа за себе, да ужива во ситните нешта и да живее со полни гради.
 
A

Anck-Su-Namun

Гостин
Дали сте перфекционист?

Означете во кој степен се сложувате со секоја од наведените реченици:
5 - целосно се сложувам
4 - донекаде се сложувам
3 - не знам
2 - донекаде не се сложувам
1 - воопшто не се сложувам


1. Важно ми е сите да ме сакаат и да ме прифаќаат.
2. Се` што правам морам да го направам совршено.
3. Попрво не би се ни обидел отколку да направам грешка.
4. Страшно е во некоја ситуација да испаднеш глупав или да се посрамотиш.
5. Идеален однос е возможен, само ако ја пронајдам совршената личност.
6. Не можам да поднесам некој да ме критикува.
7. Ако не успеам во нешто се чувствувам многу лошо.
8. Повеќе очекувам од себе одошто другите од мене.
9. Ќе се откажам од задачата ако мислам дека нема да успеам.
10. Работите што треба да ги направам често ги одложувам до последен момент.
11. Повеќе сум насочен кон можниот неуспех отколку на потенцијалниот успех.
12. Многу посветувам време на деталите.
13. Кога ќе направам грешка се обидувам да ја прикријам.
14. Тешко ми е да признаам дека нешто не знам.
15. Загрижен сум што ќе мислат другите за мене ако згрешам.
16. Избегнувам некои ситуации бидејќи се плашам дека ќе испаднам глупав.
17. Избегнувам одредени работи бидејќи се плашам од неуспех.
18. Преземам повеќе обврски, па не можам да ги извршам како што треба.
19. Често во глава ми се “вртат’’ ситуации во кои сум направил или рекол нешто лошо.
20. Многу се грижам за фризурата, шминката, облеката.

Избројте ги бодовите, може да имте од 21 до 105 бода.


















Резултати:


88-105 бода
Перфекционизмот е главна движечка сила во вашиот живот. Што повеќе бодови имате, посклони сте кон перфекционизам. Веројатно дека тоа ве прави помалку ефикасни отколку што би можеле да бидете.

38-87 бода
Имате нормални очекувања од себе и не си поставувате неразумни цели кои е невозможно да ги остварите. Не ви е сеедно што другите мислат за вас и не ви е сеедно дали ќе бидете успешни или не. Но, овие грижи не се најважната работа во вашиот живот.

21-37 бода
Воопшто не сте склони кон перфекционизам. Не се грижите за тоа што другите мислат за вас и не се плашите од неуспех. Но, веројатно не сте доволно внимателни и не си поставувате цели кои може да ве доведат до успехот.
 
A

Anck-Su-Namun

Гостин
Стресот-најголем бизнис непријател

ТЕСТ:Колку сте подложни на стрес?

1. Се почесто см раздразлив, нервозен и напнат.
2. Ми се случуваат нагли промени на расположението.
3. Во последно време или претерувам со јадењето или го губам апетитот.
4. Често сум загрижен дека нема да успеам да ги исполнувам сите мои работни обврски.
5. Често работам неколку работи истовремено.
6. Имам чувство дека не знам и не можам да се опуштам.
7. Често на работа одам преморен.
8. Понекогаш мислам дека сум избрал погрешна професија.
9. Некогаш ми се неопходни таблети за смирување за да го “пребродам“ денот.
10. Понекогаш сум депресивен.



Ако на повеќе од 5 прашања одговоривте со ДА вашата подложност на стрес е висока.



Иако терминот стрес е од странско потекло, лесно го разбираме поради адекватноста на неговото етимолошко значење во нашиот јазик:стресот е состојба во која е “тресната“ нашата психа, а преку неа и телото. Сите сме го почувствувале непосредното дејство на стресот, кога организмот реагира мобилизирајќи ги сите свои одбранбени ресурси, засилувајќи ја работата на жлездите жто произведуваат адреналин - хормон на стресот. Познати симптоми на зголемениот адреналин се забрзаното дишење и работа на срцето, напнати мускули. Така организмот се подготвува да се заштити од заканите што му ги упатува стресот и доколку ваквите ситуации се ретки, успева во тоа. Но, при зачестини психички удари, организмот плаќа одложено со рапиден пад на имунитетот поради големиот и постојан стрес на кој е изложен.
Најподложна професија на стрес е професијата менаџер, мозокот на секоја компанија. Модерниот бизнисмен нема работно време. Тој најчесто работи и во моментите што ексклузивно му припаѓаат на неговиот приватен живот. Задачите на деловните луѓе се од таква природа што не трпат одлагање. Сочени со оваа одговорност, тие опасноси го ризикуваат здравјето. Големата желба за успех го тера модерниот бизнисмен да прифати неисдржлива динамика, потценувајќи го моменталното дејство на стресот. Но, медицината јасно го има дијагностицирано одложеното дејство на стресот, кое може да се манифестира и после неколку месеци во вид на повеќе психосоматски нарушувања на здравјето. Чирот на желудник, астмата, инфарктот, мозочниот удар, па и фаталниот исход, се чести последици од долготрајната изложеност на психички удари. Порано научниците тврделе дека физички посилните луѓе полесно ги амортизираат ефектите на стресот, но современата медицина одрекува секаква врска меѓу фисичката сила и стресните состојби. Познат е податокот дека стресот на менаџерите ги чини светските компании милијарда долари годишно.

Како да го препознаеме и победиме стресот?

Симптомите на стресот се: хроничен замор, болка во мускулите, несоница, нервоза, лесна раздразливост, депресија, страв, слаба концентрација и намалена продуктивност во работата. За да му се спротивставиме треба да го смениме начинот на живеење и да ги превренуваме животните приоритети, што особено важи за бизнисмените. Секој треба да живее и да работи во согласност со своите способности, без да ги преценува. А хармоничното семејство, во чие секојдневие даваме активен придонес, секако дека ги ублажува ефектите од професионалниот стрес.
Современата медицина нуди ефикасно средство против стресот: дражеите и капсулите “Персен“. “Персен“ е лек што и` припаѓа на традиционалната медицина. Неговото растително потекло односно екстрактите од растенијата валеријана(Valeriana officinalis), маточина(Melissa officinalis) и питомо нане(Mentha piperita), ја намалуваат психичката напнатост, вознемиреноста и раздразливоста. Благодарение на ваквото потекло, “Персен“ не предизвикува толеранција и зависност, неговата употреба не е временски огреничена, а и не предизвикува дремка. Без да се намалат неговите наброени предности, а за да се зголеми неговото дејство, производителот “Лек“ од Љубљана го препорачува во варијантата “Персен форте“.
Не дозволувајте да трпи вашиот бизнис-отстранете го стресот, неговиот најопасен непријател! “Персен“ и “Персен форте“ - најефикасни средства за здрав менаџмент.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
И колешката ми се активирала гледам:)

Бравос Ана:)
 
Член од
12 февруари 2008
Мислења
338
Поени од реакции
16
ајде фармацевти се заигравтее :aplauz:
 
A

Anck-Su-Namun

Гостин
Масажи и техники против грчеви

Имате грчеви, болни менструации, вишок килограми. Еве неколку совети што ќе ви помогнат да излезете на крај со својот проблем.



Против надуеност

За кого - за личности што страдаат од хронична мрзливост на цревата, проследени со дуење и со запек.

Како - масирајте се со показалецот така што ќе правите мали кругови околу папокот во насока на стрелките на часовникот. Постапно зголемувајте го обемот на кругот и додавајте по еден прст. На крај масирајте со целата дланка во пределот од дијафрагмата до срамната коска.

Колку долго - од пет до осум минути дневно се` додека траат тегобите. Еднаш-двапати дневно по оброкот или навечер.

Совет:
Масажата ќе биде поефикасна ако употребувате бадемово масло.




Опуштете се

За кого - за сите анксиозни личности што ги боли стомак штом ќе наидат на некоја тешкотија, без разлика дали станува збор за испит или за јавен настап.

Како - протријте ги дланките за да се загреете, а потоа потпрете ги на стомак и држете ги на него 10 секунди. Со палецот и со показалецот фатете ја кожата на болните места. Подигнете ја кожата, а потоа спуштете ја. Ова повторете го 10 пати. Ако болките радикално се шират по цел стомак, ставете ја дланката на папокот и вдишете така што стомакот бавно ќе се дува. Додека го издишувате воздухот благо стискајте го папокот со дланката ( не со тупаница ).

Колку долго - пет минути штом ќе почувствувате дека станувате напнати.

Совет:
Користете масло од лаванда кое опушта и мириса пријатно.




Без болни менструации

За кого - за жените кои менструацијата ги “приковува“ за кревет.

Како - ставете ја дланката над црниот дроб од страната долу десно. Додека издишувате со врвовите од прстите правете кружни движења во насока на стрелките на часовникот. Додека вдишувате престанете со масажата.

Колку долго - од еднаш до трипати дневно во растојанија од по три минути се` додека болката не попушти или превентивно два-три дена пред менструацијата.

Совет:
Употребете масло од нане кое има антиинфламаторно и аналгетско дејство.




За рамен стомак

За кого - за оние што сакаат да се ослободат од стомакот.

Како - ставете ги дланките од двете страни на стомакот, фатете ја кожата со прстите и поткренете ја за да ја забрзате циркулацијата. Повлечете ја и свртете ја, а потоа пуштете ја. Направете го тоа неколку пати така што ќе го опфатите целиот стомак тргнувајќе од страните кон папокот.

Колку долго - околу 8-10 минути дневно, трипати неделно во тек на три месеци. Бидете трпеливи и резултатот ќе ве изненади. За ефектот да биде уште подобар во текот на тој период ограничете го внесувањето на масти и шеќери и правете стомачни.
 

еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
Јас имам едно прашање, мислам сакам да дознаам повеќе за тоа, дали е штетно да се кршат таблетките кои ги земаме, на пример таблетка од аспирин, кафетин и слично, по половина?
 
A

Anck-Su-Namun

Гостин
Јас имам едно прашање, мислам сакам да дознаам повеќе за тоа, дали е штетно да се кршат таблетките кои ги земаме, на пример таблетка од аспирин, кафетин и слично, по половина?
Мислам дека да, така се намалува дејството на лековите.
 

еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
Мислам дека да, така се намалува дејството на лековите.
А можеш ли да ми дадеш поконкретно хемиско објаснување, или не постои? Мислам, дали има нешто штетно во тоа?
 
A

Anck-Su-Namun

Гостин
Па за жал не можам да ти дадам поконкретно објаснување, бидејќи го имав прочитано некаде поодамна. Ако најдам нешто ќе пратам :smir:
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
А можеш ли да ми дадеш поконкретно хемиско објаснување, или не постои? Мислам, дали има нешто штетно во тоа?
Најчести грешки при користењето лекови не кршете ги таблетите.

Мало невнимание, како чувањето на лековите отворени или не, употребата на лековите во вистинско време, се чести грешки за кои понекогаш не сме свесни. И не само тоа: сў почестиот обичај ,,традиционалните" лекови да ги комбинираме со природните во најразлични облици, многу повеќе ја комплицира ,,домашната аптека". Еве ги најчестите грешки и како да ги избегнете.



Кршење на таблетите

Од две причини, најчесто ги кршиме таблетите: за да си го олесниме голтањето или да ја добиеме потребната доза што ја нема во продажба. Но, таблетите најчесто се обложени со слој кој ја нема само естетската функција, туку го штити лекот од желудочните сокови, за активните супстанции да стигнат во цревата каде што се акумулираат.

Зошто е погрешно тоа? Да се крши таблетата секогаш е опасно: не е лесно да се добијат подеднакви делови, што значи и подеднаква доза. Покрај тоа, со кршењето секогаш се губи малку прав, односно активните состојки кои можат да бидат многу важни.

Совет: По правило, единствени таблети кои можат да се кршат се оние кои имаат црта на средина, со што се овозможува полесно кршење.

Значи може да се заклучи дека, доколку имаат црта на средината можат да се кржат, во спротивно не.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Чување на отворени таблети

Чувањето на лековите надвор од нивните специјални пакувања може да биде опасно.

Зошто е погрешно тоа? Таблетата со себе секогаш мора да го има и упатството за употреба, во кое е наведено точното име на лекот, составот, дозирањето, контариндикациите, рокот на употреба и други важни податоци. Друга причина зошто треба да се избегнува користење на отворени лекови е губењето на активните состојки на кои влијаат светлината, влагата, правот и бактериите кои дејствуваат врз нив.

Совет: Поради практичност и недостаток на простор, како што го правиме во козметичката торбичка пред одење на патување, тоа можеме да го сториме и со лековите, но треба да внимаваме да не ги оштетиме пакувањата, а со лекот секогаш да биде наведено името и потребните информации.
 
Член од
13 април 2007
Мислења
25
Поени од реакции
0
А можеш ли да ми дадеш поконкретно хемиско објаснување, или не постои? Мислам, дали има нешто штетно во тоа?
jas imam citano deka tabletite ne treba da se krsat bidejki obvivkata sto ja sodrzat,otkako ke se ispie,se razlaga od zeludocniot sok posle odredeno vreme...t.e.ako ja narusime obvivkata tabletkata ja nema istata efikasnost....abe ima nekakva hemiska reakcija i ne treba da se krsat:nenene: :nenene:
 
Член од
4 декември 2007
Мислења
515
Поени од реакции
22
Не најдов тема за заболувања на ушите... Па би сакал од тие поинформираните луѓе, некој да ми објасни за заболувањата на ушињата, за зуењето во ушињата, причини, последици...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom