Дозволи и забрани

nescafe

за освестување
Член од
27 август 2009
Мислења
604
Поени од реакции
277
Абе момче, што ти е толку интересно да се натегаме? Зар не виде дека кажав што имав, зборев со Пума и ти се убаци у муабет. Што имав ти кажав, што имаше ми кажа, ниту јас тебе ниту ти мене ќе ме убедиш да сменам СТАВ. Твојот е цементиран од твое ислкуство ама и мојот е цементиран од мое искуство.

Каде виде навреда? Сум ти рекол дека си ГЛУП, НЕ, сум рекол дека нешто ти фали НЕ, што спомнуваш навреда када ја НЕМА. Баш ако си специјалец како што викаш треба да си поминал сито и решето и да можеш да сфатиш обична дискусија од НАВРЕДА. Ако сакам да навредам ќе осетиш ама јас НИКОГАШ не вреѓам освен ако некој претходно не ме навредил мене.

За Лет 3 ти реков кого и да прашаш ќе ти објасни какви му се постовите, ете може он лично ќе ти каже.

Не ми прети со физичка сила тоа кај мене не пали, ти си трениран и јас сум трениран. Најверојатно ќе ме осакатиш и победиш као што викаш затоа што си специјалец а јас не сум ама ако мислиш дека ќе ти седам како стока на клање да ме касапиш се лажеш.

И ова сфати го чисто другарски.
Aaaa, e јебига слабо контам, ти мислеше Лет 3 членот а јас истото го сватив како нешто друго.
Ти должам извинување за ова, па извини јбг се случува.
 
Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Немој да генерализираш. Јас можам да се налутам, и тоа не да се налутам, туку лично да се изнервирам, ако веќе е договорен нешто со мене, а му ,,излезе,, некој друг план.
Ние двајца заедно немаме излезено може еден месец, ама тоа е затоа што се случуваат настани кои не ни се допаѓаат и на двајцата (пример, јас одам на опера со другарка ми, тој не сака опера, оди на журка на саем, јас не сакам журки на саем) итн.
Имаме секој ден во неделата да се гледаме, и јака м**а ако не сме излегле некое време заедно.
И апсолутно мене ништо не ми е забрането, се гледам со кого сакам и кога сакам. И тој исто. Нема такво нешто, јас можам да му кажам дека нешто не ми се допаѓа - но тој си одлучува, и не, не е опасно по врската ако не ме послуша. Напротив, се ќе си биде исто и понатаму, можно е во моментот да ми е криво што не испаднало по мое.

За градење сериозна врска, што е тоа што треба да жртвуваш?
Мување наоколу? Само тоа ми звучи работа која би се жртвувала. Јас не жртвував ништо друго.
Епа драга Прплпума, не сите дечковци/женски имаат исто однесување и исти карактер.

Некој е повеќе љубоморен, па не сака кога неговата женска излегува в кафич, седната на сепаре со 20 машки. На некој му смета то.

Некој не сака кога неговата женска носи длабоко деколте, или мини сукњичка шо и` се гледа газот. Ако дотогаш некоја носела така, и влегла во сериозна врска, и ако на дечкото му смета, не е некоја голема работа шо не можи да се смени.

На трет му смета ако нема излезено со неговата женска, оти та нејќела да оди во Папаз, сакала да оди во Игучи.

Е овие се жртвувањата на коишто мислев.

Не секогаш ќе одиш на места кај што ти сакаш, некогаш треба да жртвуваш и да одиш на место каде што него му се допаѓа, а сака да оди со тебе.

Не секогаш ќе можиш да излегваш со машки, оти можеби него не му се допаѓа фактот што ти си излезена со машки.

И извинете, заборајв дека сите имате совршени врски. На форумов се` е така.

Wot пред мене кажал повеќе од доволно.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222

Јас не сум совршена, за да имам совршена врска. Имам либерална врска, па вие можете уште 1000 страни да одрекувате, не ме познавате мене, не го познавате него, и едноставно - не знаете.

Да, има луѓе (и мажи и жени) што се љубоморни, и тоа е ГОЛЕМ проблем. Љубомората е проблем, сериозен. Личноста која е љубоморна, прво нема самодоверба, а потоа нема доверба во партнерот/партнерката. За таква личност не треба да се жртвуваш, туку треба да и помогнеш да се избори со љубомората. Тоа што ќе одиш закопчана до врат, нема ниту тебе, ниту нему да му помогне.
Зборувам за случај, зборувам за моја најдобра пријателка. Што дека таа не носи сукњички, на крајот го изневери неколку пати. Друга моја другарка, тој ја оставаше дома и и се јавуваше на домашен да провери дали си легнала, и отпосле таа излегуваше со некој, а лажеше дека е со мене.

Љубомората нема да спречи партнерот да те изневери, напротив, ќе му даде мотив.

Јас пак ќе повторам - за мојот дечко не сум се жртвувала, се што сум направила, сум направила зошто така сум сакала, никогаш не сум била принудена и никогаш се немаме скарано за таква банална работа ,,со кого беше ти мори,,.

Вие ако мислите дека е тоа нормално.... па продолжете, што да ви кажам.
 
Чупче, јас не велам дека тие шо носат кратко изневерват. Кај го реков то?

Јас само ти дадов пример за какви жртвувања мислев, и каков тип на луѓе има.

Ти терај си ја врската, ти посакувам се` најубаво, меѓутоа факт е дека врските коишто се „либерте“, особено оние исфорсираните, во којшто и едниот и другиот тепат филмој дека си дозволуваат се` и сешто, на крајот испаѓаат катастрофа.

Никој не можи да ми кажи дека една врска може убаво да функционира без да помини преку кавги, компромиси. По години, години вакво искуство, врската може да функционира подобро.

Не би коментирала понатаму, оти можи погрешно да бидам сфатена, и на крај да ми ставите етикета на љубоморна личност (како што се случи на претходна тема).
 
Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.542
Му забранувам да биде попаметен од мене...Oh wait, не ни морам да му забранувам.:sneaky:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Чупче, јас не велам дека тие шо носат кратко изневерват. Кај го реков то?

Јас само ти дадов пример за какви жртвувања мислев, и каков тип на луѓе има.

Ти терај си ја врската, ти посакувам се` најубаво, меѓутоа факт е дека врските коишто се „либерте“, особено оние исфорсираните, во којшто и едниот и другиот тепат филмој дека си дозволуваат се` и сешто, на крајот испаѓаат катастрофа.

Никој не можи да ми кажи дека една врска може убаво да функционира без да помини преку кавги, компромиси. По години, години вакво искуство, врската може да функционира подобро.

Не би коментирала понатаму, оти можи погрешно да бидам сфатена, и на крај да ми ставите етикета на љубоморна личност (како што се случи на претходна тема).
Не го рече тоа, но мажите кои воведуваат рестрикции во облекувањето на девојката, го прават тоа од страв дека ,,многу момци ќе се вртат,, и таа веројатно ќе се ,,сврти по некој од нив,,. Што мислиш, зошто го прават тоа? :)

Тој факт не знам од каде го извлече, јас имам спортивно искуство, и токму затоа реков - првиот пат кога бев во врска со овој истиов дечко, одевме 1 година и правевме се што другите околу нас правеа - титкање, ти вака, ти онака, јас вака, ти онака... итн, јасно ти е. За таа 1 година, никој не беше среќен, ниту јас, ниту тој. Затоа и раскинавме. Овие другачкиве мои, што ти ги спомнав, тие и двете се во подолги врски од мене, ама јас се би посакала освен да имам таква врска, каде што они се контролираат, а после лажираат верност... Реков, во долга врска сум, сме поминале низ сито и решето, нормално дека сме се карале, ама никогаш за тоа како јас сум се облекла, кој му се јавил нему на телефон, дали одма си отишол дома или бил до играчница.... Иначе, за сите овие години јас 2 пати имам отидено на саем, а тој еднаш со мене во театар. Тој отиде на цела шабанска естрада... guess what - јас на ниту една од тие ,,забави,,.

Најчесто со него се карам ако во 5 до 12 промени план, ако јас немам време да испланирам нешто друго... или да, ако рекол дека во 6 ќе дојде, а касни 2 саати, и по пат не се најавил дека ќе касни. Мене тоа ми пречи, кога ради неговите лоши проценки, моите планови страдаат. :)

Не си погрешно сфатена, барем не од мене.

Само јас се обидувам да објаснам дека има голема разлика меѓу постепено взаемно привикнување, и репресивно и угнетувачко однесување. :)
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Него доста за тоа. Да се доискажам во однос на темава. Гледам дека повеќето забраната ја поврзувате со излегување и ја мешате со љубомора. Ако сте доволно разумни и љубите рационално, тогаш кликерот ќе ви работи доволно добро за да го проучите човекот кој е со вас. Он е живо суштество и секако има работи кои го повредуваат и му пречат. Ако го сакате, значи дека нема намерно да го повредувате кога му ги знаете болните страни и нема да го правите она што му пречи. Е тоа е забрана. Ма колку сакате негирајте, оној совесен глас кој ви се јавува секој пат кога имате чувство дека со одредена постапка ќе нагазите црвена линија, е забрана за однесување.

И не е тоа толку страшно. Страшното е да живеете во илузија дека секој може да прави што сака. Врска не е битка за слобода. Целосна слобода имате кога сте сами. Врска е обврска. Самиот збор ви кажува. Не продавајте приказни за мали деца. Баш некни ми претрча еднорог преку улица, самовили ми играа во двор, а ангели пееја песни за мир и здравје. Да, де.
Потпишувам и немам ниедна замерка, тоа е тоа. На кого не му се свиѓа и сака тотална слобода нека седи сингл. Не ставив лајк на цел пост ради приватниот живот на Пумата во кој не сакам да се мешам.

Не го рече тоа, но мажите кои воведуваат рестрикции во облекувањето на девојката, го прават тоа од страв дека ,,многу момци ќе се вртат,, и таа веројатно ќе се ,,сврти по некој од нив,,. Што мислиш, зошто го прават тоа?
Кој ти кажа дека го правиме од СТРАВ, врска нема. Јас баш сакам девојка ми да е атрактивна и да се вртат по неа коа шетаме, ми годи на его каква женска сум фатил. Ама ако се облече со цицките испаднати и деколте до пупак и минич скоро дундето да и се гледа нема да излезам ниту ќе ја замолам да се облече туку ќе и речам НЕ МОЖЕ ВАКА! Ако ми прај фаци демек не сфаќа или не искачам веќе со неа или ќе ја оставам. Ама не од страв дека некој ќе ми ја земе туку дека типката НЕМА ОСЕТ. А чим некој нема осет за такви банални работи ќе нема осет и за покрупни ствари во живот а таква не ми треба.

Колку погрешно не сфаќате чудо едно.
 
nescafe

за освестување
Член од
27 август 2009
Мислења
604
Поени од реакции
277
Епа драга Прплпума, не сите дечковци/женски имаат исто однесување и исти карактер.

Некој е повеќе љубоморен, па не сака кога неговата женска излегува в кафич, седната на сепаре со 20 машки. На некој му смета то.

Некој не сака кога неговата женска носи длабоко деколте, или мини сукњичка шо и` се гледа газот. Ако дотогаш некоја носела така, и влегла во сериозна врска, и ако на дечкото му смета, не е некоја голема работа шо не можи да се смени.

На трет му смета ако нема излезено со неговата женска, оти та нејќела да оди во Папаз, сакала да оди во Игучи.

Е овие се жртвувањата на коишто мислев.

Не секогаш ќе одиш на места кај што ти сакаш, некогаш треба да жртвуваш и да одиш на место каде што него му се допаѓа, а сака да оди со тебе.

Не секогаш ќе можиш да излегваш со машки, оти можеби него не му се допаѓа фактот што ти си излезена со машки.

И извинете, заборајв дека сите имате совршени врски. На форумов се` е така.

Wot пред мене кажал повеќе од доволно.
Што значи за тебе зборот вистинска љубов .???

Каде што има љубов треба да има и разбирање така, зашто еве да речеме ако тебе толку многу ти се оди на некое место дечкото да не дојде со тебе само за да ти ја исполни желбата, зашто ти не би одела на некое место за кое он мисли дека е многу добро.???

И да не претерувам, не е важно кој и го гледа газот туку чива рака поминува преку него, кој го гали тоа газе.
Не е важно дали седи со дваесет машки на сепаре се додека срцето и трепери за мене а не за тие 20 со кои седи.

Немаат сите совршени врски, некои сеуште се сингл, а додуша има и такви кои немаат врска од животот, но во светов каде што се наоѓаме нема совршенство,не постои тоа тука, постои но не овде, а ако сакаш таква според тебе совршена врска треба да научиш да слушаш, треба да научиш да кимаш со главата иако не се сложуваш со сето тоа, требада научиш да ги поминуваш препреките а не да се одкажеш при првата препрека.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Кој ти кажа дека го правиме од СТРАВ, врска нема. Јас баш сакам девојка ми да е атрактивна и да се вртат по неа коа шетаме, ми годи на его каква женска сум фатил. Ама ако се облече со цицките испаднати и деколте до пупак и минич скоро дундето да и се гледа нема да излезам ниту ќе ја замолам да се облече туку ќе и речам НЕ МОЖЕ ВАКА! Ако ми прај фаци демек не сфаќа или не искачам веќе со неа или ќе ја оставам. Ама не од страв дека некој ќе ми ја земе туку дека типката НЕМА ОСЕТ. А чим некој нема осет за такви банални работи ќе нема осет и за покрупни ствари во живот а таква не ми треба.

Колку погрешно не сфаќате чудо едно.
Другар, тоа што ти го зборуваш е екстремност. Кој кажа такво нешто? И да, страв е, тоа што ти имаш голема самодоверба, не значи и дека сите мажи ја имаат. Всушност, и самиот добро знаеш, многупати сме зборувале и сме се согласиле.
 
Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Епа драга Прплпума, не сите дечковци/женски имаат исто однесување и исти карактер.

Некој е повеќе љубоморен, па не сака кога неговата женска излегува в кафич, седната на сепаре со 20 машки. На некој му смета то.

Некој не сака кога неговата женска носи длабоко деколте, или мини сукњичка шо и` се гледа газот. Ако дотогаш некоја носела така, и влегла во сериозна врска, и ако на дечкото му смета, не е некоја голема работа шо не можи да се смени.

На трет му смета ако нема излезено со неговата женска, оти та нејќела да оди во Папаз, сакала да оди во Игучи.

Е овие се жртвувањата на коишто мислев.

Не секогаш ќе одиш на места кај што ти сакаш, некогаш треба да жртвуваш и да одиш на место каде што него му се допаѓа, а сака да оди со тебе.

Не секогаш ќе можиш да излегваш со машки, оти можеби него не му се допаѓа фактот што ти си излезена со машки.

И извинете, заборајв дека сите имате совршени врски. На форумов се` е така.

Wot пред мене кажал повеќе од доволно.
И јас бев за муабетот со компромиси и жртвувања, ама за посуштински проблеми, не за вакви баналности.
Вакви глупави забрани доаѓаат од несигурноста на партнерот во себе си. А јас немам намера да негувам проекции на фустрациите на дечко ми врз мене, ниту да подржувам шовинистички ставови.

И на крај на целиов општествено оправдан посесивен муабет, запамтете дека лојалноста е многу поважна од верноста, особено од ваква површна униформирана верност.
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Другар, тоа што ти го зборуваш е екстремност. Кој кажа такво нешто? И да, страв е, тоа што ти имаш голема самодоверба, не значи и дека сите мажи ја имаат. Всушност, и самиот добро знаеш, многупати сме зборувале и сме се согласиле.
Само дискутираме значи нема лутење ;).

Зашто дечко би се бунел за облека ако не е екстремна? Тоа што го спомнав може и да се случи, кој дечко ќе се буни ако девојка му е пристојно облечена освен ако не е идиот?

И да знаеш дека стварно сакаме да имаме покрај нас згодна по која ќе се вртат, нема машко на кое тоа нема да му годи а девојката ако има навика да се врти по други мажи таа ќе се врти по нив без разлика дали они се вртат по неа (може нешто помалку ама пак ќе се врти). Така да стравот е тука многу релативен поим ;).

За крајот се слагам, ако има дечкото мала самодоверба се ќе му смета и ќе ја загуши врската а девојката ако премногу и скисне неговиот страв најверојатно ќе го остави :).

И на крај на целиов општествено оправдан посесивен муабет, запамтете дека лојалноста е многу поважна од верноста, особено од ваква површна униформирана верност.
Не мислам дека е поважна ама е исто важна и добро дека некој ја спомна. Ако не ми е девојката ЛОЈАЛНА многу бргу ќе биде историја. Истото важи и за пријатели и роднини. Кој падне на испитот на лојалност автоматски паднал и на се друго.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Само дискутираме значи нема лутење ;).

Зашто дечко би се бунел за облека ако не е екстремна? Тоа што го спомнав може и да се случи, кој дечко ќе се буни ако девојка му е пристојно облечена освен ако не е идиот?

И да знаеш дека стварно сакаме да имаме покрај нас згодна по која ќе се вртат, нема машко на кое тоа нема да му годи а девојката ако има навика да се врти по други мажи таа ќе се врти по нив без разлика дали они се вртат по неа. Така да стравот е тука многу релативен поим ;).

За крајот се слагам, ако има дечкото мала самодоверба се ќе му смета и ќе ја загуши врската а девојката ако премногу и скисне неговиот страв најверојатно ќе го остави :).
Е зошто де?! Па ти одговорив - недостаток на самодоверба. Јас примерите кои ги кажав погоре, се од мои пријателки, а таа што доби кодекс на облекување од страна на дечко и, и пред него нормално се облекуваше... уствари не, откога е со него, не носи маици на бретели, деколте не доаѓа во предвид, клучна коска покриена, нозе се гледаат од колена надолу... итн. Сега појасно ти е? Е, ајде, зошто, што мислиш?

И ова не е еден изолиран случај. На повеќе од еден налетав.
Исто така, зошто една девојка би ти забранила да гледаш во некоја рандом пејачка на ТВ? Зошто би те однела во црква да се заколнеш дека нема да мастурбираш (а со неа не така често имаш секс) зошто си замислувал други во тој момент?

Зошто? Епа види, не можеш да и забраниш да се облекува како сака. Може да не те слуша и откачи. Може да се договорите, искрено, јас мислам дека секој треба да прифаќа добронамерна критика и совет. И јас гледам девојки на факс што доаѓаат како од бордел излезени и ми е невкусно, и дефинитивно треба некој да им укаже дека облеката не им е во склад со местото на кое ја носат.
Ако се појавам кај дечко ми дома пред неговите во бела маичка без градник, па да, би очекувала да ме ,,пецне,, - зошто тоа е невкусно.

Има голема разлика меѓу невкусно и вулгарно (било маж или жена) и нормално облекување, атрактивно, привлечно.

И не, ни на крај памет не ми паѓа да му ,,забранам,, на некого да гледа пејачки на ТВ, танчерки на шипка во дискотека или да мастурбира. Мислам... WTF?!
 
Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Не мислам дека е поважна ама е исто важна и добро дека некој ја спомна. Ако не ми е девојката ЛОЈАЛНА многу бргу ќе биде историја. Истото важи и за пријатели и роднини. Кој падне на испитот на лојалност автоматски паднал и на се друго.
Добро, тоа зависи и до негде од семантика. Како и да е, верноста мора да интризична. Кога е екстринзична тешко дека ќе се случи, или и да се случи ќе поттикне други проблеми заради конфликт и фустрација, или страв од загуба, зошто љубовта ни е условена. Затоа е подобро на почетокот да има слобода, за да дојде до вистинска спонтана интимност меѓу двајцата, а не преку надворешен притисок. Верноста треба да дојде со тек на време, како што партнерите се запознаваат, па се создава потреба еден од друг, се создава посебен однос...
Лојалноста и грижата се базични, и затоа неопходни.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom