Дозволено сурогат мајчинство во Македонија

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Сурогат мајчинството стана реалност во Македонија. Измените во Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување на крајот на октомври стапија на сила, а деновиве отворени се и регистри за пријавување на сурогат мајки и брачни двојки кои ќе одлучат на ваков начин да добијат дете. Министертвото за здравство ги повика да се пријават заинтересираните брачни парови и жените со над 25 години, кои имаат родено барем едно дете и се македонски државјани. Им порачаа дека три чекори ги делат од одлуката за сурогат мајчинството. Првиот е да се регистрираат во министерството.

„Вториот чекор што треба да го направат заинтересираните брачни двојки е да се обратат до Министерството за здравство за барање за увид во соодветниот регистар заради вршење на избор на гестациски носител. Изборот не го врши министерството, туку самата брачна двојка која има пристап до податоците во регистарот на жени гестациски носители“, вели Татјана Васиќ-Бозаџиева, државен советник во МЗ.

Министерствто мора да ја гарантира законитоста на постапката, но не и да се вклучува во поврзување на брачната двојка и гестацискиот носител, велат оттаму. Последниот чекор е писмена согласност заверена кај нотар, од страна на сите инволвирани во постапката по нивно претходно стручно советување за психолиошките и правните последици. Право на сурогат мајчинство имаат и брачните двојки во кои жените претходно имале најмалку три неуспешни бремености.

„Најзначајната новина којашто беше прифатена е ова да им се овозможи на брачни двојки не само онаму каде што жената нема или има оштетена матка, туку и на оние без јајници или со оштетени јајници, што подразбира донирана јајце клетка. Исто така и кај мажот кој има стерилитет“, потенцираше Васиќ-Бозаџиева.

Сурогат мајката или брачната двојка согласноста можат да ја повлечат најдоцна два дена пред почетокот на оплодувањето. Брачните двојки имаат право на овој начин да добијат две деца, а сурогат мајка може да се биде само еднаш. На жената која ќе роди и`следуваат 45 дена породилно отсутсво, а биолошката мајка има право на цело породилно отсуство.

Што мислите вие за сурогат мајчинството? Би прифатиле ли да бидете сурогат мајка? Дали би прифатиле сурогат мајка да ви носи дете кога веќе од одредени причини не би можеле да родите?
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Фала богу еден асален чекор во права насока да направат. Браво! :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Што мислите вие за сурогат мајчинството? Би прифатиле ли да бидете сурогат мајка?
Дискутабилно е. Јас како татко, читајќи го текстот, отпрвин помислувам, што да не, пари се во прашање, стан за нашите деца и така натаму. Но од друга страна постои психолошки момент, хормони и емоции не само за мајката која го носи плодот туку и за сопругот, иако не е биолошки татко. Самата бременост ги менува и двајцата родители. Тешко прашање, барем за мене
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Еее, што прават парите, таканаречената демохристијанска влада почнува да воведува либерални реформи.

На крајот испаѓаат поголеми комуњари од комуњарите и поголеми фашисти од фашистите, а можеби и тоа им е целта, ако овие поранешниве крадеа, сега овие сегашниве да крадат уште повеќе, ако овие поранешниве беа либерали, овие сегашниве да бидат уште поголеми либерали.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Овие двајца што ја покакаа темава, за дел од секунда нека се стават во кожата на некој што не може да има дете. Битни ќе им бидат парите? Не- битно ќе имаат дете безразлика на средствата што треба да ги вложат.
Имам случај во фамилија- не можат да имаат деца, направиле се што се можело до сега, но неуспешно. Единствена опција им е оваа, среќа стана легално!
Иначе- да, сигурно би била сурогат кога станува збор за некој мој близок, но не и во друг случај.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Еее, што прават парите, таканаречената демохристијанска влада почнува да воведува либерални реформи.

На крајот испаѓаат поголеми комуњари од комуњарите и поголеми фашисти од фашистите, а можеби и тоа им е целта, ако овие поранешниве крадеа, сега овие сегашниве да крадат уште повеќе, ако овие поранешниве беа либерали, овие сегашниве да бидат уште поголеми либерали.
Кои златни либерали бе? Се читаш ли ти? Воведено е ради досегапната програма за размножување на загрозениот вид наречен Македонец. Во спротивно никогаш не би дозволиле такво нешто.

Али се радувам за новинава ради тие кои биле очајни до сега да имаат свое дете е немале можност, конечно на некоја таргет група да приредат среќа во животот што ќе ги следи до крај на истиот.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Кои златни либерали бе? Се читаш ли ти? Воведено е ради досегапната програма за размножување на загрозениот вид наречен Македонец. Во спротивно никогаш не би дозволиле такво нешто.

Али се радувам за новинава ради тие кои биле очајни до сега да имаат свое дете е немале можност, конечно на некоја таргет група да приредат среќа во животот што ќе ги следи до крај на истиот.
Знам што пишувам и да, се читам себеси.

Па право да ти кажам, земајќи го во предвид фактот какви се слободи си даваат на себеси овие ѓубриња од луѓе наречени политичари, за да ги фрлаат народните пари на секакви глупости, ова е можеби најлибералната влада што сме ја имале во независна Македонија.

Заборави да додадеш дека меѓу другото, сурогат мајчинството го дозволија и за пари, а не бидејќи Македонците се загрозен вид.

Гледаш дека воведоа нов закон со кој се дозволува изнајмување привремени професори во случај на штрајк во образовните институции ?

Што мислиш, колку време ќе биде потребно додека да почнат да увезуваат Индијци или било кои други кои ќе прифатат да работат за ситни пари ?

Во Словенија, откако стана полноправна членка на ЕУ, словенечките возачи на транспортери наместо со светлата иднина, се соочуваат со суровата реалност, а суровата реалност гласи:

Полјаците ќе работат за уште пониски плати во споредба со Словенците.

Многу ги заболе меѓуножјето политичарите за тоа што му се случува на загрозениот вид наречен Македонец.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Донекаде е добро, донекаде лошо. Добро е тоа што оние кои неможеле да имаат деца, сепак ќе имаат можност да чуваат дете. Но лошото, а воедно и чудното е тоа што жената која ќе го раѓа детето за други, можеби повеќе никогаш нема да го види. Зар на таа мајка нема да и биде жал и копнеж по детето кое го родила?

:)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Mногу коплицирано и премногу комплицирано
Тоа порано многу едноставно се решавало
Од секогаш постоеле брачни двојки кои не можеле да имаат деца.
Таквите двојки, се обраќаат, обично на друго семејство, например, на семејство на сестра или брат и молат тие да им родат дете.
Од кога детето ќе се роди го усвојуваат и одгледуваат како свое
Јас се распрашував пред неколку години кај еден познат правник и тој ми рече дека според модерниве закони такво нешто не е дозволено бидејќи се можни злоупотреби
Денес Ако сакаат да усвојат дете, обавезно мора преку државата, односно само од домовите за деца без родители
Инаку јас имам другар кој е роден на тој начин
Неговата мајка, во бракот, не можела да роди и тој е роден од нејзината родена сестра
Ситуацијата беше помалку смешна. Тој имаше уште 6 природни браќа и сестри, а тој беше седми
Интересно беше, што тој беше богат, а другите браќа и сестри беа сиромашни
Има и други пример, на пример таткото нема машки деца и бара од родената ќерката, да роди а тој да усвои машко дете. Значи таа, во бракот ќе го роди машко дете а кое таткото ќе го усвои и кое ќе го наследи

Значи и во минатото имало решенија за вакви проблеми
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.137
Поени од реакции
163
Донекаде е добро, донекаде лошо. Добро е тоа што оние кои неможеле да имаат деца, сепак ќе имаат можност да чуваат дете. Но лошото, а воедно и чудното е тоа што жената која ќе го раѓа детето за други, можеби повеќе никогаш нема да го види. Зар на таа мајка нема да и биде жал и копнеж по детето кое го родила?

:)
Таа ако мисли дека ке и биде жал да роди дете за друг нема ни да се нафати да биди сурогат мајка. ;)

Кога веќе ги следеме светските трендови, зошто не и овој. Опција плус е за оние кои не можат да родат дете, барем оние кои имаат подлабок џеб
Јас лично не би се нафатила да бидам сурогат мајка, но во случај да не можам да имам дете, би се нафатила сурогат мајка ми роди детенце.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Едно само ме мачи:
Јас исправен 100 % докажано со документ од доктори, маната е на сопругата.
И решаваме да друга ни роди дете(по сегашно сурогат мајка) и државата се сложи.
Прашање: Дали оплодувањето на таа нова мајка ќе биде по нормален-природен ПАТ.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.620
Поени од реакции
14.357
Еее, што прават парите, таканаречената демохристијанска влада почнува да воведува либерални реформи.

На крајот испаѓаат поголеми комуњари од комуњарите и поголеми фашисти од фашистите, а можеби и тоа им е целта, ако овие поранешниве крадеа, сега овие сегашниве да крадат уште повеќе, ако овие поранешниве беа либерали, овие сегашниве да бидат уште поголеми либерали.
Не трескај глупости бе ало, извади си ја главата од седалниот дел и не дај Боже да се најдеш во таква ситуација, како оние двојки што мака мачат да си добијат детенце!
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.679
Поени од реакции
19.592
Mnogu blagorodna rabota, samo koj mozhe istoto da go napravi, sepak iako toa dete ne e na surogat majkata pak mozhe da se povrze da predizvika emocii, pa poslem imas psiholoshki momenti, komplikacii eden milion.
Jas na primer bi se nafatila da bidam surogat za moi bliski, dali prijateli ili rodnini, ima nekolku od niv za koi bi napravila takov chekor, smetajki se sebesi za iskusna majka na tri deca, znam shto se nosi bremenost i koi se rizicite, no da mu podaram na moi bliski chedo mislam deka od toa pogolem poklon vo zivotot nema da mozam da kupam. Ne se mnogu, ama gi ima lugjeto koi zastanale do mene koga bilo najteshko.
No, nekoi na ova gledaat na finansiska strana, mene bash od tie mie najveke strav, drugo e koga go pravis toa od srce i sakas nekomu da pomognes, a drugo e koga samo gledas finansiska korist od istoto, shto i mi e najshube, da nosam nechie dete za pari sepak ne bi mozhela.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.137
Поени од реакции
163
Едно само ме мачи:
Јас исправен 100 % докажано со документ од доктори, маната е на сопругата.
И решаваме да друга ни роди дете(по сегашно сурогат мајка) и државата се сложи.
Прашање: Дали оплодувањето на таа нова мајка ќе биде по нормален-природен ПАТ.
Ако сопругата ја избере новата мајка, да ;) А ако жена ти докажано со документ е 100% исправна, во тебе е мааната, може оплодувањето да биде по нормален пат??? :icon_lol:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom