Догматски дискусии за христјанството и останатите религии

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Не се нервирај Дани, реченицата од постот на гарфилд што ти ја потенцираше воопшто не цели кон тоа другите да ги разубеди туку праетставува начин и принцип по кај гарфилд размислува и живееи една реченица подоле вели гарфилд дека не сите требаат да размислуваат како него или можеби не ја разбра применетата метафората (а мислам дека ја разбра)
Мора де не има секакви, и неможе сите да имаме исти принципи и начини на живеење, од кај знаеш можеби твојата верба во господ можеби е поточна ама тука се поставува прашањето:
Веруваш дека постои господ, иако нема доказ дека постои, или сакаш да постои господ, или можеби знаеш дека постои господ ама го криеш од нас доказотза неговото постоење?
 

NikolaP

Команданат Флик
Член од
30 октомври 2005
Мислења
1.095
Поени од реакции
16
Дани никој не те убедува. За жал(или не), сето тоа мора човек сам да го спознае. Никој не може да се разбуди од сонот под присила. Мора самиот да чувствуваш дека нешто не е в ред.
 

Dani^^^

Femme fatale
Член од
8 април 2005
Мислења
1.831
Поени од реакции
21
NikolaP напиша:
Дани никој не те убедува. За жал(или не), сето тоа мора човек сам да го спознае. Никој не може да се разбуди од сонот под присила. Мора самиот да чувствуваш дека нешто не е в ред.
Значи пак ти стоиш на тоа дека јас живеам во заблуда а тебе ти се очите широко отворени?Не се ни обидувај да одиш таму...јас те почитувам тебе иако не веруваш во она во што ја верувам бидејќи јас се водам од тоа дека секој си има своја вистина и секој си верува во она што мисли дека е правилно.Така да не е ок да ми пишуваш коментари у стилот да се разбудам од сон зошто јас знам дека до крајот ќе верувам во мојата религија-а тоа сум го одбрала јас.Кажи си ти зошто не веруваш ама не му навредувај нешто свето на некој друг што верува.
 

NikolaP

Команданат Флик
Член од
30 октомври 2005
Мислења
1.095
Поени од реакции
16
Ама кој нешто тебе ти кажа да престанеш да веруваш.

И да, мислам дека живееш у заблуда како и многу други, ама не те поштувам помалку заради тоа или па имплицирам дека си глупа.

Веруј си у што сакаш.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
ај јас ќе прашам уште еднаш ама сега важи за сите што се порелигиозни:
Верувате дека постои господ (иако нема доказ дека постои),
или пак сакате да постои господ па затоа верувате дека постои,
или пак знаете дека постои господ но го криете доказот за негово постоење па поради тоа кажувате дека верувате во господ?
 

Dani^^^

Femme fatale
Член од
8 април 2005
Мислења
1.831
Поени од реакции
21
Bacillus gagous напиша:
ај јас ќе прашам уште еднаш ама сега важи за сите што се порелигиозни:
Верувате дека постои господ (иако нема доказ дека постои),
или пак сакате да постои господ па затоа верувате дека постои,
или пак знаете дека постои господ но го криете доказот за негово постоење па поради тоа кажувате дека верувате во господ?
Верувам во Господ и не ми треба доказ за неговото постоење т.е материјален доказ бидејќи верувам дека Господ не е материјално нешто туку е нешто на многу повисоко ниво.Сакам да верувам и верувам .
 

NikolaP

Команданат Флик
Член од
30 октомври 2005
Мислења
1.095
Поени од реакции
16
@Бацило
Ја мислам дека има виша сила, ама не знам баш у која форма е.
Ама оставам и шанса дека не сум во право. За разлика од „вистинските” верници.
На слепо, не верувам во ништо. А докази барам сегде.
У ствари не е ни многу важно дали постои, дали не.
Дали веруваш во него/неа/нив, или ги одбацуваш.
Важно е ти како човек си каков си, на крају краева.
@Дани
НЕ мора материјален, дај ни барем духовен доказ. Ама логичен. Мислам ако сакаш да даваш. Никој не те сили. И секогаш можеш да веруваш во Бог, без да и веруваш на христијанската или било која догма.
 

Dani^^^

Femme fatale
Член од
8 април 2005
Мислења
1.831
Поени од реакции
21
NikolaP напиша:
@Бацило
Ја мислам дека има виша сила, ама не знам баш у која форма е.
Ама оставам и шанса дека не сум во право. За разлика од „вистинските” верници.
На слепо, не верувам во ништо. А докази барам сегде.
У ствари не е ни многу важно дали постои, дали не.
Дали веруваш во него/неа/нив, или ги одбацуваш.
Важно е ти како човек си каков си, на крају краева.
@Дани
НЕ мора материјален, дај ни барем духовен доказ. Ама логичен. Мислам ако сакаш да даваш. Никој не те сили.
Неколку пати ми се пружил доказ дека има нешто што ме штити-како што кажав предходно.Али не би разговарала за интимни ствари тука.Може некој ден опуштено ,очи у очи со некои членови(баш тие со кои што би сакала да го праам овој муабет од темава) од тука ако се собереме,кафенце,муабет и би разговарала за тоа.Вака не.:)
 
V

Vlad II Draculea

Гостин
Dani^^^ напиша:
Неколку пати ми се пружил доказ дека има нешто што ме штити-како што кажав предходно.Али не би разговарала за интимни ствари тука.Може некој ден опуштено ,очи у очи со некои членови(баш тие со кои што би сакала да го праам овој муабет од темава) од тука ако се собереме,кафенце,муабет и би разговарала за тоа.Вака не.:)
Важи ама јас молам однапред да биди ова кафенцево на аеродров вон границите каде нема да има дозвола за носење на метални работи, острици, и било какво ладно топло врело, загреано оружје. Штикли никако :)))
Е и ај че напишам фазла, да речиме цела колуман небе мал пост.. само реакцијата че биди 10 црвени со 17 бана )
 

CopyOfDeath

Die Die My Darling!!!
Член од
30 ноември 2005
Мислења
4.186
Поени од реакции
48
Dani^^^ напиша:
Верувам во Господ и не ми треба доказ за неговото постоење т.е материјален доказ бидејќи верувам дека Господ не е материјално нешто туку е нешто на многу повисоко ниво.Сакам да верувам и верувам .
Дани едно прашање

Веруваш во Господ Бог или Во Господ Исус Христус
 

NikolaP

Команданат Флик
Член од
30 октомври 2005
Мислења
1.095
Поени од реакции
16
Dani^^^ напиша:
Неколку пати ми се пружил доказ дека има нешто што ме штити-како што кажав предходно.Али не би разговарала за интимни ствари тука.Може некој ден опуштено ,очи у очи со некои членови(баш тие со кои што би сакала да го праам овој муабет од темава) од тука ако се собереме,кафенце,муабет и би разговарала за тоа.Вака не.:)
Да, ама тоа чуство со ништо не ги потврдува христијанските догми. Највише што би можело да потврди е постоењето на некоја виша сила, ако може.
 

Dani^^^

Femme fatale
Член од
8 април 2005
Мислења
1.831
Поени од реакции
21
CopyOfDeath напиша:
Дани едно прашање

Веруваш во Господ Бог или Во Господ Исус Христус
Верувам во Бог со тоа што верувам дека Исус како што кажав е Бог во човечки облик-дел од бог.Значи како и да вртиме верувам во Бог.
 

CopyOfDeath

Die Die My Darling!!!
Член од
30 ноември 2005
Мислења
4.186
Поени од реакции
48
ok Значи веруваш во бог

Јас верувам во дедо мраз

ај идам да спијам
 

Dani^^^

Femme fatale
Член од
8 април 2005
Мислења
1.831
Поени од реакции
21
CopyOfDeath напиша:
ok Значи веруваш во бог

Јас верувам во дедо мраз

ај идам да спијам
Sv.Nikola -да и јас верувам во него.Добра ноќ
 
V

Vlad II Draculea

Гостин
Читајте сеа,(текстот е толку напросто пишуван дотука бидува е и е на литературен македонски, ве молам без поплаки :))
Вака сега, како прво сум крстен на 13 години не по моја воља, поточно после смртта на дедо ми. Атеист сум, наследено ми е ова од дедо ми, кој беше комунистички фанатик, а и јас верувам во истото. Зошто, па да речиме, сите на училиште учевме дека човекот првин започнал да верува во натприродни сили па тотеми, па божества десет, сто, еден,Ислам,..бла .. бла.. да не ги редам сите ги знаете.... и стигнало до Христијансвото.????? Како.. е па на почетокот Римјаните како силна империја, со силна армија го зеле половина свет. Во сите предели народот многу страдал.. Но ете се нашле неколку повлијателни, пософистицирани луѓе да го организираат народот, успеале да му ја вратат вербата, надежта, пошто надежта последна умира, а со народ кој е потклекнат на секој вид на измачувања тортури, даноци, лесно се манипулира. Создадена е една главна икона, светец, амблем кој ги предводи сите, како. Просто, верувај во невозможното, амблемот е синот на Возвишениот, зачнат без човечко дејство... Едноставно сарказмот секогаш бил својство на народот. така да додека отпатувала веста од село до село од град до град, станувале не 1 не 2 не 10 туку 100к(илјади) дејствија, сите овие дејствија на почетокот биле предавани усно, преку приказни легенди и севкупно е дојдено до библијата книга која ги состои основните принципи на живот.... Historia est Magistra Vitae... зошто, христијанството почнало да се издига, се групирале луѓе, огромни маси, што е најважно биле сите заедно и со тек на време секоја власт поуштила...цел... разделено е Римското царство, зошто поводот е сегде познат, а причините (според мене) стого политички, делби на земји, царства, моќ, желба за доминантност, Војска... распаднатите царства се под дејство на воени лидери, кои се потчиниле, пред бога, црквата. Моќта била преголема, а територијата и немала врска со поранешната, па започнале таканаречените крстоносни војни, кои со добар повод но сепак истата причина, политика. На 4 војни ниедна не стигнала до гробот на Исус, а после секоја војна се формирале држави, малечки кнежевства, места кои биле под власта на самите крстоносци... Да не редам до ден денеска, ми ја свативте поентата, мислам дека црквата е настаната како најдобрата политичка партија досега...
Ај да се вратам сега... дали некогаш сте прочитале за Црн или црвен или жолт во библијата... нема пошто не биле толку познати тогаш, немале таков контакт??
библијата ко мал ја читав, пошто ме натера бабами(жена му на дедо ми, која па е побожна), како книга ми беше преглупа, мал бев не ја сваќав се се темелеше врз: Кога би било би настанало, ако веруваш верувај без да познаваш.. и бла бла... ама тогаш го гледав Догма како филм... 13 Апостол, Црнец... и ред други зафрканции, кои и не се баш зафрканции...
Секогаш се зголемувала силата на Бог, бидеќи се појавила и Османлиската империја која била под водство на Исламот, спротиставена религија на Христијанството, нашиот Бог се чуствувал и поразен, но започнал да јакнее во земјите на север, пр. во Романија... ех време е... Никот мој е Влад 2 Дракулеа*, сите го знаете како Дракула, но да ве насочам, името му е Влад Тепеш, едниствениот кој ги сопил сите делови на Романија, Молдавија и Трансилванија (христијански земји), и од 44 битки против Турците добил 42 и за секоја победа изградил манастир, бил страшен фанатик кон Бога, но сепак не оставил црквата да го надвладее него како владетел, напротив тој бил владетелот и ги има донесено едни од најстрогите закони, најпознат набодувањето на копје, но сето ова црквата не го заборавила. Затоа подоцна се нашол некој англиски писател и го оцрнил името, на најголемиот Христијански Витез против Османлиската империја...
Да се вратам пак назад религијата и историјата зависат правопропорционално, црквата ја води религијата, а историјата ја пишува победникот...

Лошото е тоа што со тек на времето се разнишуваат самите корени на христијанството како религија. Науката го презема дејството, но проблемот со науката народот останува неконтролиран, се разнишуваат влијанијата, се губи моќ, власт. Доаѓаат нови умови, уште од времето на Коперни, Бруно, кои докажуваат дека црквата не е во право...да не редам ме свативте што сакам да кажам

И денеска е дојдено до демократија(или нешто што личи на).. која се темели на верување кој како сака... секој да си го определи својот пат, но сепак црквата има сеуште дел од власта, Во Америка на доларот пишува, In got we trust, Грегоријанскиот календар е променет после Октомвриска револуција иако идеалите биле на нерелигиски основи, сепак Црквата дејствувала, не толку јако, но доволно да движи одредени маси на луѓе... Се појавуваат сектите, Јеховини сведоци(неможам да ги трпам појче)...итн.. Секој верува во тоа што сака, но секој мора да биди обележан каде припаѓа. Во секој стандарден документ овде што сум го сретнал стои и место за религија.
Ова кај води води до тоа што јас ги почитувам сите историски побуди на мојот народ, секои десјства и начини на живеење, се почитувам себеси што како православен сум дел од толку бурна историја, но за мене доволно траеше владеењето над мене од туѓа страна, Мислењето е мое субјективно и сам го донесувам. А тоа се темели врз едно едноставно, додека не видам не верувам.
Можеби постои бог, можеби постои сила, можеби е биг бенг, можеби сме дел од матрицата, сината пилула, или црвената, додека не се разјасни ова со така цврсти докази на кои би им верувал, јас останувам Човек кој верува дека без самиот да си ја заврши работата никој не му ја завршува освен сам јас, жевее од енергија која ја претвора од хемиска во кинетичка, кој е настанат од две битија кои биле пред него такви какви што се, во форма слична на истите. Верувам дека сме составени од клетки, научното докажување е доттаму стасано и на доволно цврсти докази на кои можам да им верувам, се додека не се докаже нешто спротивно кое би ме натерало да го порменам своето мислње. Православен сум, ја почитувам верата како историски помин, обичај, но не и нејзината суштина.
Биди Човек за себе, не за другите.

*(Дракулеа значи син на Дракул, Татко му Влад кој Дракул го добил како член на витешка организација, што значи Змеј и Ѓавол)



Забелешка: Сите останати идиотско-кретенско-мороникави коментари ќе бидат избришани, запалени, со други зборови - јавно егзекутирани се додека не створиме добра дискусија, на културно ниво, а не пребацивања и навреди.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom