Доверба во Македонски Пошти за добивање на пратка?

Член од
14 јули 2016
Мислења
7
Поени од реакции
0
Здраво,
Треба да добијам скапа пратка од Америка, но незнам дали да имам доверба во македонски пошти? Дали некој се нашол во ваква ситуација?
 
Последно уредено:
Член од
23 ноември 2010
Мислења
1.836
Поени од реакции
2.104
Здраво,
Треба да добијам скапа пратка, но незнам дали да имам доверба во македонски пошти? Дали некој се нашол во ваква ситуација?
Побарј си тракинг бројче од испраќачот и кога ке стигне во пошта ке знаес дека е таму
 

EDCer

No Kitty, this is my pot pie!
Член од
19 ноември 2015
Мислења
1.043
Поени од реакции
813
Друже, имам над 170-180 нарачки од алиекспрес и ибеј, до сега ретко која ми нема стигнато, сум порачувал со и без tracking number. Америка, Кина, Јапонија, Малезија, Тајланд, Тајван, Германија, Полска и може и некои други. Ако веќе е пратена, не ти сотанува ништо освен чекање, ако имаш tracking number, следи го преку некоја страна како на пр: track17. А некој твој човек ти пратил нешто од таму, или имаш нешто нарачано преку некоја страна?
П.С. Немај страв многу од поштите, гледај на царина да не те опнат, ќе платиш повеќе од 50% од колку што кошта пратката, и не прашуваат колку и дали си платил поштарина, севкупно колку си платил рачунаат. Башка еден проблем ми направија, ми стигна од Полска пратка, и беше помалку од 25е. или таму колку беше максималното за да поминам без давачки, и пак ме натераа да платам 102д. за да платам за тоа што тие провериле/испитале. Па и викам на тетката од поштата ,,добро, нели се државна установа, што има да плаќам јас за нивната работа, за што оди тоа ДДВ што го плаќам со секој купен производ во продавница/маркет?'' Ми вели тоа е законот, ако не платиш, ќе те тужат, и како што сите знаеме што рече Тошо од К15 ,,дај да си платам'' така и моето испадна.

Друго што ми направија проблем. Пратка од Германија со платена поштарина до дома, и тоа поштарината само беше 12-13е., ми ја сопираат на царина, ме опнуваат што ме опнуваат, и ми побараа 900д. за поштарина од царината до поштата. И му викам нели ми е платена поштарината до дома, што има пак да плаќам, и пак истата приказна, еден куп листови, документи, сметки, и таа пратката од 55е. ме фати 100е.
 
Последно уредено:
Член од
14 јули 2016
Мислења
7
Поени од реакции
0
Друже, имам над 170-180 нарачки од алиекспрес и ибеј, до сега ретко која ми нема стигнато, сум порачувал со и без tracking number. Америка, Кина, Јапонија, Малезија, Тајланд, Тајван, Германија, Полска и може и некои други. Ако веќе е пратена, не ти сотанува ништо освен чекање, ако имаш tracking number, следи го преку некоја страна како на пр: track17. А некој твој човек ти пратил нешто од таму, или имаш нешто нарачано преку некоја страна?
Не е уште пратена, а пратката е од мој чоек. Пратката е лаптоп незнајме дали е сигурно да биде преку македонски пошти или пак да користиме ТNТ или DHL.
 

EDCer

No Kitty, this is my pot pie!
Член од
19 ноември 2015
Мислења
1.043
Поени од реакции
813
Не е уште пратена, а пратката е од мој чоек. Пратката е лаптоп незнајме дали е сигурно да биде преку македонски пошти или пак да користиме ТNТ или DHL.
Батали ТNТ и DHL, ќе ти земат 100-200е. за до дома. Подобро преку обична пошта или нивната USPS, мислам дека околу 12-13е. ќе биде. само нека стави tracking number и нека напише дека е подарок, или дека не работи/за делови, или некоја таква финта, демек кошта помалку од 10е. Што и да е, само нека не става никаква официјална цена/сметка (фискална и сл.) по можност и нека го извади од кутијата, нека изгледа старо и неупотребливо, колку и да изгледа ново.

(Види погоре, имам нешто допишано)
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Не е уште пратена, а пратката е од мој чоек. Пратката е лаптоп незнајме дали е сигурно да биде преку македонски пошти или пак да користиме ТNТ или DHL.
ТНТ а особено ДХЛ ќе те изгорат овде од давачки макар и како подарок да ти го пратат. Давачки кон ДХЛ 1500денари+Царина+ДДВ на све.
Ти го праќат со стандардна пошта и ти клават Бројче за следење и си чекаш да стигнит. Ако ти заглавит на царина шо шансите се големи ќе те царинат и ќе си платиш и ДДВ.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.229
Поени од реакции
78.827
Имам на двапати пишувано овде за одисејата на препорачана пратка од американска амбасада, на Кале, до кај мене дома во Скопје.


Никако преку пошта.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Немаш гајле, слободно порачувај ама избери тракинг.
 
Член од
25 септември 2016
Мислења
827
Поени од реакции
1.031
Дечки можи не е соодветно овде прашањево, ама еве кога веќе се одговара тука да прашам и јас.

Колку кошта да испратиш пошта до USA/Canada па и Европа? Мислам на оваа стандард што е, до 700 грама максимум...?
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Дечки можи не е соодветно овде прашањево, ама еве кога веќе се одговара тука да прашам и јас.

Колку кошта да испратиш пошта до USA/Canada па и Европа? Мислам на оваа стандард што е, до 700 грама максимум...?
Го активираја калкулаторот после кизнајт колку време на веб страна од Македонска Пошта. Дупни таму ќе си провериш колку пари ќе те фатит.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Дечки можи не е соодветно овде прашањево, ама еве кога веќе се одговара тука да прашам и јас.

Колку кошта да испратиш пошта до USA/Canada па и Европа? Мислам на оваа стандард што е, до 700 грама максимум...?
500 горе доле.
 
Член од
14 јули 2016
Мислења
7
Поени од реакции
0
Eпа вака лаптопо кошта околу 1300 долари е сеа ако ме фатат колку ќе платам царина?А за да не ме фатат преферирате како да биди пуштен во торба и во кутија или?
 
Член од
25 септември 2016
Мислења
827
Поени од реакции
1.031
Eпа вака лаптопо кошта околу 1300 долари е сеа ако ме фатат колку ќе платам царина?А за да не ме фатат преферирате како да биди пуштен во торба и во кутија или?
Јас имав проблем со порачан телефон од ибеј, можам тотално да ти го кажам моето искуство.
Телефонот чинеше некои 800 долари (samsung s7 edge). Го порачав но заборавив тотално на царина и данок а тоа се 28% од цената на производит и требаше да платам околу 224 долари плус односно ќе ме чинеше околу 1024 долари. Но за среќа го вратив телефонот назад и избегнав секое срање што ќе ми се десеше но изгубив шипинг околу 100тина долари.

Ако ти го прати како поклон со назнака поклон, нема никој право да ти го одданочи само царина ќе платиш за внес тука најверојатно а тоа се 10% од сумата на производот или 130 долари, а ако ти го одданоча ќе треба да доплатиш уште 18% од цената на производот или точно 28% со други зборови 364 долари т.е 20955 денари (кај нас во македонија се е возможно...). За најдобра информација мислам дека треба да се јавиш во царина.
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.863
Поени од реакции
6.370
Мене од Алиекспрес еден новчаник порачан во Август, со тракинг бројчето вели дека е стигнато до последна дестинација МК .. и тоа од дамна... од пошта ми велат нема ништо.. и така 3-4 месеца поминаа.. продавачот као ми прати одново нов производ... е сега можно ли е на некој од Пошта да му се допаднало па да го здиплил ??? Како дам у докажам дека мене ми пишува дека стигнала пратката во поштата според некој си кинески сајт.... ???
 

Kajgana Shop

На врв Bottom