Рано наутро денот ми почна со лошо...сестра ми ја одбија за Work & Travel, стресови со колава, со околинава...Седнавме на ручек, девојка ми отвори и не беше избрана, јас реков покасно ќе проверам пошто беше ептен бавно.
Малце покасно околу 6 навечер почна силна бура па влеговме во Starbucks (Во New York сме моментално на шетање), па седевме повеќе од саат и чачкање по телефонов ова она, ми текна пак, викам дај чисто да видам да се разочарам уште еднаш пред да ми заврши денот Људи...коа стиснав Submit....кога ми отвори странава само видов официјален знак од U.S. Department of State....и скокнав од столов, се држам за глава незнам кај сум...коа ме виде и она...двајцата одма надвор по дождов и трчање и урлање у сред New York по дождов, луѓево не гледат шо им е на овие бе...и така, едноставно беше прекрасно, незаборавен филинг. Искрено Ви посакувам на сите Вас да го почувствувате еден ден.
Толку со приказнава, сега другово..
Некој шо веќе е бил во процесов после избирањето и како се одвиваат работиве да ме информира малце шо како оди понатаму. Како шо шо спомнав погоре, веќе сум овде, имам валидна виза до 12 октомври мислам, па шо би било најпаметно да се прави. Благодарам